„Ништо не би променила!“
Животна приказна
„Ништо не би променила!“
РАСКАЖАЛА ГЛЕДИС АЛЕН
Понекогаш ме прашуваат: „Кога би можела повторно да го живееш животот, што би променила“? Искрено можам да речам: „Ништо не би променила!“ Дозволете ми да објаснам зошто мислам така.
ЛЕТОТО 1929, кога имав две години, на татко ми, Метју Ален, му се случи нешто прекрасно. Тој ја набави џебната брошура Millions Now Living Will Never Die! (Милиони кои сега живеат нема никогаш да умрат), издадена од Меѓународните библиски студенти, како што тогаш беа познати Јеховините сведоци. Откако страсно прочита само неколку страници, татко ми извика: „Ова е најдоброто нешто што сум го прочитал!“
Набрзо потоа, татко ми набави и други публикации од Библиските студенти. Не губеше време да го сподели наученото со сите соседи. Меѓутоа, во нашата рурална заедница немаше собрание на Јеховините сведоци. Увидувајќи ја потребата од редовно христијанско друштво, во 1935 татко ми го пресели семејството во Оринџвил, Онтарио, Канада, зашто таму имаше собрание.
Во тоа време, децата не беа секогаш охрабрувани да присуствуваат на собраниските состаноци; тие обично остануваа надвор од местото за состаноци и си играа додека возрасните не завршеа. Ова не му одговараше на татко ми. Тој размислуваше: „Ако состаноците се добри за мене, добри се и за моите деца“. Па така, иако бевме новозинтересирани, татко ми ни рече на брат ми Боб, сестрите Ела и Руби и мене да им се придружиме на возрасните на состаноците, и така и направивме. Наскоро, и децата на другите Сведоци почнаа да седат на состаноците. Присуството на состаноците и
коментирањето станаа важен дел од нашиот живот.Татко ми ја сакаше Библијата и имаше прекрасен начин драматично да ги прикажува библиските приказни. Преку нив, тој врежа во нашите млади срца животоважни лекции на кои сѐ уште се сеќавам со голема наклоност. Една на која се сеќавам е дека Јехова ги благословува оние што му се послушни.
Татко ми, исто така, нѐ научи да ја користиме Библијата за да ја браниме нашата вера. Правевме игра од тоа. Татко ми ќе речеше: „Верувам дека кога ќе умрам ќе одам на небото. Сега докажете ми дека нема да одам“. Руби и јас ќе истражувавме во конкорданцата со цел да најдеме стихови што би можеле да ги употребиме за да го побиеме тоа учење. Откако ќе ги прочитавме стиховите што сме ги нашле, татко ми ќе речеше: „Интересно, ама сѐ уште не сум уверен“. Па така, пак ќе се вратевме да копаме по конкорданцата. Ова честопати траеше со часови сѐ додека татко ми не беше задоволен од одговорите што ќе му ги дадевме. Како резултат на тоа, Руби и јас станавме добро оспособени да ги објасниме нашите верувања и да ја браниме нашата вера.
Да се надмине стравот од човек
И покрај добрата обука што ја добив дома и на собраниските состаноци, морам да признаам дека некои аспекти од тоа да се биде христијанин ми беа предизвик. Како и многу млади луѓе, ми беше непријатно да бидам поинаква од другите, особено од соучениците. Еден мој ран испит на верата ги вклучуваше, како што ги нарекувавме, информативните маршеви.
Целта беше група браќа и сестри полека да одат низ главните улици на градот носејќи знаци со слогани на нив. Во нашиот град од околу 3.000 жители сите меѓусебно се знаеја. За време на еден информативен марш, одев на крајот од редот носејќи знак на кој пишуваше „Религијата е стапица и измама“. Некои од моите соученици ме здогледаа и веднаш застанаа во редот зад мене пеејќи „Бог да го чува кралот“. Како се справив со ситуацијата? Горливо се молев за сила да продолжам да одам. Кога најпосле маршот заврши, побрзав до Салата на Царството да го вратам знакот и да си одам дома. Меѓутоа, тој што беше одговорен ми рече дека треба да почне уште еден марш и дека им требало уште еден човек да носи знак. Па така, пак отидов, молејќи се погорливо од кога и да е. Меѓутоа, на моите соученици дотогаш веќе им се беше здодеало и си беа отишле дома. Моите молитви за сила станаа молитви на благодарност (Пословици 3:5).
Полновремените слуги беа секогаш добредојдени во нашиот дом. Тие беа среќна група и беше задоволство да ги пречекуваме. Од кога памтам, нашите родители секогаш ни зборуваа за полновремената служба како за најдобра можна кариера.
Оѕвивајќи се на нивното охрабрување, во 1945, започнав со мојата кариера на полновремена служба. Подоцна ѝ е придружив на сестра ми Ела која пионереше во Лондон, Онтарио. Таму се запознав со една гранка на службата што мислев дека никогаш не ќе можам да ја вршам. Браќата одеа од маса до маса во локалните барови нудејќи им на муштериите примероци од Стражарска кула и Утеха (сега Разбудете се!). За среќа, тоа се правеше в сабота попладне,
па имав цела седмица да се молам за храброст да одам! Не, работата не беше лесна за мене, но беше наградувачка.Од друга страна, пак, научив како да врачувам посебни изданија на Утеха во кои се говореше за прогонството на нашите браќа во нацистичките концентрациони логори, особено при контактите со важни канадски бизнисмени, вклучувајќи и претседатели на големи корпорации. Со текот на годините, открив дека Јехова секогаш нѐ поддржува сѐ додека се потпираме на него за сила. Како што татко ми имаше обичај да каже, Јехова ги благословува оние што му се послушни.
Се оѕвивам на повикот да служам во Квебек
На 4 јули 1940, делото на Јеховините сведоци во Канада беше забрането. Подоцна забраната беше укината, но сѐ уште бевме прогонувани во римокатоличката провинција Квебек. Со користење на трактатот Силната омраза на Квебек кон Бог, Христос и слободата е срамота за цела Канада што содржеше доста силни зборови, беше спроведена една посебна кампања за да се сврти внимание кон малтретирањето на нашите браќа таму. Натан Х. Нор, член на Водечкото тело на Јеховините сведоци, се сретна во Монтреал со стотици пионери за да објасни што е вклучено во тоа што требаше да го правиме. Брат Нор ни кажа дека ако се согласиме да учествуваме во кампањата, можеме да очекуваме да бидеме уапсени и ставени в затвор. Колку вистинити се покажаа неговите зборови! Во тој период, бев уапсена 15 пати. Кога ќе излезевме во служба на подрачјето, гледавме да си носиме четка за заби и чешел со нас во случај да мораме да ја поминеме ноќта в затвор.
Во почетокот, за да привлечеме што е можно помалку внимание, поголемиот дел од делото го вршевме навечер. Обично носев резерва трактати во една чанта што ја обесував на вратот под палтото. Чантата полна со трактати беше доста голема, и ме правеше да изгледам како трудна. Тоа ми беше од корист кога ќе се качев на некој преполн трамвај за да одам до подрачјето. Повеќе учтиви господа ќе станеа и ќе ѝ го понудеа своето место на „трудната“ госпоѓа.
Како што минуваше времето, почнавме да учествуваме во делото на дистрибуирање и дење. Ќе оставевме трактати на три или четири врати и потоа ќе отидевме на друго подрачје. Обично, тоа добро функционираше. Меѓутоа, ако некој парохиски свештеник дознаеше дека бевме во таа област, можевме да очекуваме проблеми. Во една прилика, еден свештеник подбуцна толпа од 50—60 возрасни и деца да фрлаат по нас домати и јајца. Најдовме засолниште во домот на една христијанска сестра, каде што ја поминавме ноќта спиејќи на подот.
Имаше голема потреба од пионери кои ќе им проповедаат на луѓето во Квебек што зборуваа француски, па така во декември 1958, сестра ми Руби и јас почнавме да учиме француски. По тоа бевме доделувани на голем број француски говорни подрачја во таа провинција. Секоја доделба носеше со себе неповторливо искуство. Во едно место, две години одевме од врата до врата осум часови на ден без никој да ни отвори! Луѓето само ќе дојдеа до вратата и ќе ги спуштеа ролетните. Но, не се откажавме. Денес во тој град има две напредни собранија.
Поддржани од Јехова на секој начин
Почнавме да служиме како специјални пионери во 1965. На една доделба како специјални пионери го сфативме потполно значењето на Павловите зборови запишани во 1. Тимотеј 6:8: „Кога имаме храна и покрив, да бидеме задоволни со тоа“. За да се грижиме за нашите трошоци, моравме да се придржуваме за строго ограничен буџет. Така, ќе оставевме настрана пари за греење, за кирија, за струја и за храна. Кога ќе се погрижевме за тие работи, до крајот на месецот имавме 25 центи да ги потрошиме како сакаме.
Со ограничени средства, можевме да си дозволиме да имаме греење само неколку Псалм 37:25: „Млад бев и остарев, но не видов напуштен праведник или неговите деца да просат леб“!
часа навечер. Во нашата спална соба никогаш не беше над 15 степени, а честопати беше и многу поладно. Потоа, еден ден кај нас дојде синот на една од библиските студенти на Руби. Сигурно отишол дома и ѝ кажал на мајка му дека се смрзнуваме до смрт, зашто оттогаш таа ни праќаше по десет долари секој месец за нафта за да можеме да го оставаме греењето постојано вклучено. На ниеден начин не се чувствувавме лишени од нешто. Не бевме богати, но секогаш го имавме она што ни беше потребно. Сметавме дека сѐ што беше повеќе од тоа беше благослов. Колку се вистинити зборовите одИ покрај противењето со кое се соочивме, го имав задоволството да видам како голем број луѓе со кои што водев библиски студии стекнаа спознание за вистината. Некои ја прифатија полновремената служба како кариера, што ми донесе особена радост.
Успешно се соочуваме со нови предизвици
Во 1970, наша нова доделба беше Корнвол, Онтарио. Околу една година откако пристигнавме во Корнвол, се разболе мајка ми. Татко ми почина во 1957, и моите две сестри и јас се менувавме во грижата за мајка ми сѐ додека не почина, во 1972. Нашите партнери во специјалната служба, Ела Лисица и Ен Коваленко имаа стабилизирачко влијание и ни дадоа поддршка полна со љубов во тој период. Кога бевме отсутни, тие се грижеа за нашите библиски студии и за други одговорности. Колку се вистинити зборовите од Пословици 18:24: „Има пријател кој е поприврзан и од брат“!
Животот секако е полн со предизвици. Со Јеховината љубезна рака на поддршка, можев да се соочам со нив. Сѐ уште радосно продолжувам со живот на полновремена служба. Боб, кој умре во 1993, помина повеќе од 20 години во делото на пионерење, кои вклучуваа и 10 скапоцени години пионерење заедно со неговата сопруга, Дол. Мојата постара сестра Ела, која почина во октомври 1998, пионереше повеќе од 30 години и секогаш задржа пионерски дух. Во 1991 кај мојата друга сестра, Руби, беше дијагностициран рак. Сепак, ја користеше својата ограничена сила за да ја проповеда добрата вест. Исто така, ја задржа смислата за хумор сѐ до утрото кога почина, на 26 септември
1999. Иако веќе ги немам моите сестри, сепак имам духовно семејство од браќа и сестри што ми помагаат да ја задржам смислата за хумор.Кога ќе погледнам наназад на мојот живот, што би променила? Никогаш не се омажив, но бев благословена со родители полни со љубов, со брат и со сестри што ја ставија вистината на прво место во својот живот. Со нетрпение очекувам да ги видам сите наскоро при воскресението. Уште сега можам да почувствувам како татко ми ме гушка и да ги видам солзите на мајка ми додека си паѓаме в прегратка. Ела, Руби и Боб ќе потскокнуваат од радост.
Во меѓувреме, имам намера да продолжам да ги користам здравјето и силата што ми останаа за да му укажувам слава и чест на Јехова. Полновремената пионерска служба е прекрасен, наградувачки живот. Исто како што псалмистот рекол за оние што одат по Јеховините патишта: „Блажен [Среќен, NW] ќе си, и ќе ти биде добро“ (Псалм 128:1, 2).
[Слики на страница 26]
Татко ми ја сакаше Библијата. Тој нѐ научи да ја користиме за да ја браниме нашата вера
[Слика на страница 28]
Одлево надесно: Руби, јас, Боб, Ела, мајка ми и татко ми
[Слика на страница 28]
Преден ред; одлево надесно: јас, Руби и Ела на обласен конгрес 1998