Медал на признание за една Сала на Царството
Објавителите на Царството известуваат
Медал на признание за една Сала на Царството
МИНИСТЕРСТВОТО за животна средина на Финска ја одреди 2000 година за „Година на уредување пејзажи“. Еден од организаторите изјави дека „целта на оваа годишна тема е да нѐ потсети сите нас на влијанието што зелената околина го има врз нашиот секојдневен живот и врз нашата благосостојба“.
На 12 јануари 2001, во канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци во Финска пристигна писмо од Финската асоцијација на индустријата за уредување пејзажи. Писмото објасни дека Салата на Царството на Јеховините сведоци во Тикурила е наградена со еден од медалите за темата на годината — уредување пејзажи — поради извонредниот дизајн на нејзината околина и поради нејзината добро уредена градина. Писмото додаде дека „општиот изглед на околината, и лете и зиме, е пријатен, естетски убав и од висок квалитет“.
Медалот им беше даден на Јеховините сведоци во хотелот Розендал во Тампере, Финска, на еден настан на кој присуствуваа 400 професионалци и бизнисмени. Финската асоцијација на индустријата за уредување пејзажи, исто така, даде и извештај за медиумите, кој гласи: „Во разни делови од земјата, Салите на Царството на Јеховините сведоци, речиси без исклучок, се убаво планирани. Грижата за околината речиси ниеден минувач не го остава рамнодушен. Салата на Царството во Тикурила е еден пример за величествена градина во целина. Зградата и пространото земјиште заедно зрачат со спокој и рамнотежа“.
Во Финска има 233 Сали на Царството, од кои многу се опколени со прекрасни градини. Меѓутоа, она што навистина ги прави овие места прекрасни е тоа што тие се центри на вистинско обожавање и библиско образование. За повеќе од шест милиони Јеховини сведоци ширум светот, Салата на Царството — добро уредена или скромна — е многу сакано место. Затоа се желни добро и со љубов да се грижат за неа. Вратите на Салите на Царството се отворени за сите во вашата заедница!