Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Колку е важна оддадената љубезност?

Колку е важна оддадената љубезност?

Колку е важна оддадената љубезност?

„ПОЖЕЛНОТО нешто кај земскиот човек е неговата оддадена љубезност“ вели Библијата (Пословици 19:22NW). Точно, делата на љубезност мотивирани од љубов навистина се пожелни. Меѓутоа, во Библијата зборот „оддадена љубезност“ се однесува на љубезност што може да биде темелена на некој веќе постоечки однос, како што е однос темелен на претходен чин на љубезност од страна на некој друг. Според тоа, таа ја вклучува мислата на лојалност.

Јудејскиот цар Јоас пропуштил да ја развие оваа пожелна особина. Тој им должел голема благодарност на својата вујна и на вујко му Јодај. Кога Јоас немал ни година, неговата злобна баба самата се прогласила за царица и ги убила сите браќа на Јоас што биле наследници на престолот. Меѓутоа, не успеала да го убие малиот Јоас зашто вујна му и вујко му добро го скриле. Тие исто така го поучувале за Божјиот закон. Кога Јоас имал седум години, вујко му го искористил својот авторитет како првосвештеник за да ја погуби злобната царица и да го постави Јоас на престолот (2. Летописи 22:10—23:15).

Младиот Јоас добро владеел како цар сѐ до смртта на вујко му, но тогаш се свртел кон обожавање идоли. Бог го испратил Захарија, кој му бил син на Јодај, да го предупреди Јоас за неговото отпадништво. Јоас наредил Захарија да биде каменуван. Колку шокантен чин на нелојалност кон семејството на кое му должел толку многу! (2. Летописи 24:17—21).

Библијата вели: „Царот Јоас не си спомна за љубовта [оддадената љубезност, NW] што му ја покажа таткото [на Захарија] Јодај, туку му го уби синот“. Кога умирал Захарија рекол: „Господ нека гледа и нека одмазди“. Во склад со зборовите на Захарија, Јоас многу се разболел и бил убиен од своите сопствени слуги (2. Летописи 24:17—25).

Наместо да завршат како цар Јоас, сите оние што го следат овој совет ќе имаат прекрасна иднина: „Нека не те оставаат добрината [оддадена љубезност, NW] и верноста . . . Ќе придобиеш милост . . . пред Божјите и човечките очи“ (Пословици 3:3, 4).