Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Уживаше ли додека ги читаше неодамнешните изданија на Стражарска кула? Тогаш, види дали ќе можеш да одговориш на следниве прашања:

Каква корист можеме да извлечеме од тоа што ќе учиме за семејството на Сафан?

Сафан бил писар и секретар на јудејскиот цар Јосиј. Како влијателен човек во царството, Сафан ја поддржал кампањата на царот за обнова на вистинското обожавање. Двајца од синовите на Сафан му останале лојални на пророкот Еремија. А друг син и двајца внуци исто така го користеле своето влијание во корист на вистинското обожавање. На сличен начин, и ние треба да ги користиме своите средства и влијание за да го поддржиме вистинското обожавање (15.12., страници 19—22).

Како Ирене Хокстенбах совладала голем хендикеп и можела да му служи на Јехова?

Кога имала седум години, го изгубила слухот. И покрај тоа што била глува, научила да комуницира со другите и сега патува со својот сопруг (патувачки надгледник) додека тој служи во собранијата во Холандија (1.1., страници 23—26).

Кои две нови помагала за проучување беа објавени на обласниот конгрес „Ревносни објавители на Царството“?

Христијаните низ целиот свет се радуваа што ја добија книгата Обожавај го единствениот вистински Бог, која е наменета да се проучува со новите откако завршиле со проучување на книгата Спознание кое води до вечен живот; другата нова книга е Приближи му се на Јехова, која се сосредоточува на Јеховините особини и постапки. Таа исто така покажува како можеме да го имитираме во покажувањето на неговите особини (15.1., страници 23, 24).

Кое е значењето на Пословици 12:5: „Мислите на праведните се справедливи“?

Дури и мислите на добрите луѓе се морално здрави и насочени кон она што е фер и праведно. Затоа што праведните се мотивирани од љубов кон Бог и кон ближните, нивните намери се добри (15.1., страница 30).

Што може да му помогне на некого да негува урамнотежено гледиште за работата?

Корисно е да бидеме воспитани од детството да ја цениме работата. Библијата нѐ поттикнува да имаме добра работна етика, избегнувајќи мрзливост (Пословици 20:4). Таа исто така ги охрабрува христијаните да не станат преокупирани со работа. Треба да признаеме дека службата на Бог заслужува истакнато место во нашиот живот (1. Коринќаните 7:29—31). Освен тоа, вистинските христијани се уверени дека Бог нема да ги напушти (1.2., страници 4—6).

Каде во Библијата првпат е спомнат олтарот?

Тоа е во Битие 8:20, каде што се укажува на олтарот, или жртвеникот, што Ное го изградил кога по Потопот излегол од арката. Меѓутоа, веројатно и Каин и Авел користеле олтари за да ги принесат своите жртви (Битие 4:3, 4; 15.2., 28. страница) .

Како можат некои христијани добро да ги искористат промените на околностите?

Некои прифатиле — или направиле — промени во своето вработување што им овозможиле повеќе време за службата. Други ги зголемиле своето време и предности во службата за Бог кога се намалиле нивните семејни одговорности, како кога нивните деца пораснале и стапиле во брак (1.3., страници 19—22).

Како примерите на Јона и на апостол Петар ни помагаат да гледаме на другите онака како што гледа Јехова?

И Јона и Петар имале добро познати маани во размислувањето и во начинот на кој одговориле на испитите на вера и послушност. Сепак, Јехова јасно видел добри особини кај нив и продолжил да ги користи во неговата служба. Кога другите ќе нѐ навредат или ќе нѐ разочараат, можеме да се сосредоточиме на нивните добри особини што можеби нѐ привлекувале порано и на доброто што Бог го гледа кај нив (15.3., страници 16—19).

Зошто библиските преводи се разликуваат во нумерирањето на книгата Псалми?

Има разлика во нумерирањето помеѓу книгата на оригинален хебрејски јазик и нејзиниот превод на грчки во Септуагинтата. Поновите преводи може да се разликуваат, зависно од тоа дали се темелат на хебрејскиот текст или на Септуагинтата (1.4., 31. страница).