Еден многу интересен бродски дневник
Еден многу интересен бродски дневник
ОД 1928 до 1956, истражувачот Ричард Е. Бирд бил на пет експедиции на Антарктикот. Затоа што водел личен дневник и точни бродски дневници, тој и неговите екипи можеле да ги одредат движењата на ветрот, да подготват мапи и да добијат значителен број информации за континентот Антарктик.
Експедициите на Бирд ја покажуваат вредноста на водењето бродски дневник. Во еден бродски дневник, извештајот е составен од детали за некое патување. Овие информации подоцна можат да се искористат за да се испита што се случило или за да се анализираат информациите што ќе бидат од корист за некои наредни патувања.
Писмото дава многу интересен извештај за Потопот во времето на Ное. Глобалниот Потоп траел повеќе од една година. Во подготовката за Потопот, Ное, неговата жена, нивните три сина и нивните жени поминале 50 или 60 години градејќи арка — огромен брод со зафатнина од околу 40.000 кубни метри. Со која цел? Да се спасат некои луѓе и животни од Потопот (Битие 7:1—3).
Всушност, библиската книга Битие го содржи она што може да се нарече бродски дневник на Ное за тоа што се случувало од почетокот на Потопот па сѐ додека тој и неговото семејство не излегле од арката. Дали тој содржи нешто што е од значење за нас денес?