Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Избери вечен живот

Избери вечен живот

Избери вечен живот

ЛУЃЕТО никогаш порано немале толку голем избор. На пример, облеката што ја носиме, храната што ја јадеме, а тоа каде работиме и живееме честопати се работи на избор. Во многу делови од светот, исто така вообичаено е да се избира брачен другар. Меѓутоа, Библијата изнесува еден избор што ги надминува сите други избори — избор што е достапен за целото човештво.

Библијата вели: „Кој е цврст во справедливоста, оди во живот, а кој трчи по злото, за смрт му е“ (Пословици 11:19). И Исус Христос изјавил: „Ова значи вечен живот, да примаат спознание за тебе, единствениот вистинит Бог, и за оној кого си го испратил, Исус Христос“ (Јован 17:3).

Да, нашиот Творец ни ја пружил шансата да избереме правец што може да води до вечен живот! Што мораме да правиме за да добиеме вечен живот?

Според Библијата, „животот стои врз патеката на правдата“ (Пословици 12:28). И ние можеме да бидеме меѓу праведните што се на патеката кон вечен живот. Како? Така што ќе се погрижиме нашиот живот да биде во склад со Божјата волја и неговите заповеди (Матеј 7:13, 14). Затоа да го направиме исправниот избор и да го добиеме Божјиот дар вечен живот (Римјаните 6:23).