Барај го доброто кај сите
Барај го доброто кај сите
„Сети се на мене по добро, Боже мој“ (НЕЕМИЈА 13:31, NW).
1. На кој начин Јехова постапува со добрина кон сите?
ПО МНОГУ облачни и тмурни денови, сонцето внесува пријатна промена. Расположението се подига и луѓето се чувствуваат убаво. Исто така, по долги периоди на жешко сонце и суво време, краток дожд — макар и пороен — донесува освежување и олеснување. Нашиот Творец полн со љубов, Јехова, ѝ ја дал на Земјината атмосфера климата како прекрасен дар. Исус посочил на Божјата дарежливост кога ја дал следнава поука: „Продолжете да ги љубите своите непријатели и да се молите за оние што ве прогонуваат; за да се покажете како синови на својот Татко кој е на небесата, бидејќи тој дава неговото сонце да изгрева над злите и над добрите и да паѓа дожд над праведните и над неправедните“ (Матеј 5:43—45). Да, Јехова постапува со добрина кон сите. Неговите слуги треба да настојуваат да го имитираат барајќи го доброто кај другите.
2. а) Врз основа на што Јехова постапува со добрина? б) Што забележува Јехова во однос на тоа како реагираме на неговата добрина?
2 Врз основа на што Јехова постапува со добрина? Уште откако Адам западнал во грев, Јехова не престанал да го бара доброто кај луѓето (Псалм 130:3, 4). Тој има намера повторно да му даде на послушното човештво живот во Рај (Ефешаните 1:9, 10). Поради неговата незаслужена љубезност, го имаме изгледот да бидеме избавени од гревот и несовршенството преку ветеното Семе (Битие 3:15; Римјаните 5:12, 15). Прифаќањето на подготовката за откуп го отвора патот за еден ден повторно да се вратиме во совршенство. Сега Јехова нѐ набљудува сите нас за да види, меѓу другото, како реагираме на неговата великодушност (1. Јованово 3:16). Тој забележува сѐ што правиме за да го покажеме нашето ценење за неговата добрина. „Бог не е неправеден да го заборави вашето дело и љубовта што ја покажавте кон неговото име“, напишал апостол Павле (Евреите 6:10).
3. Кое прашање заслужува да го разгледаме?
3 Значи, како можеме да го имитираме Јехова барајќи го доброто кај другите? Да ги разгледаме одговорите на ова прашање на четири подрачја од животот: 1) христијанската служба, 2) семејството, 3) собранието и 4) нашите односи со другите.
Во проповедањето и правењето ученици
4. Како учеството во христијанската служба е еден начин на кој покажуваме дека го бараме доброто кај другите?
4 „Нивата е светот“, објаснил Исус кога одговорил на прашањата на своите ученици во врска со параболата за житото и плевелот. Како Христови ученици денес, ние ја сфаќаме оваа вистина кога учествуваме во службата (Матеј 13:36—38; 28:19, 20). Со нашата служба на теренот даваме јавна изјава за нашата вера. Самото тоа што Јеховините сведоци денес се добро познати по својата служба од куќа до куќа и на улица, сведочи за тоа колку трудољубиво ги бараме сите оние што се достојни за пораката за Царството. Всушност, Исус дал упатство: „Во кој град или село ќе влезете, побарајте кој во него е достоен“ (Матеј 10:11; Дела 17:17; 20:20).
5, 6. Зошто истрајно правиме постојани повторни посети во домовите на луѓето?
5 Кога ненајавено ги посетуваме луѓето, гледаме како реагираат на нашата порака. Понекогаш ќе најдеме некој член на семејството што ќе нѐ сослуша, додека некој друг однатре довикнува: „Не сме заинтересирани“, и посетата завршува. Колку само ни е жал што противењето или недоволниот интерес од страна на една личност влијае врз тоа како ќе реагира другиот! Затоа, што можеме да сториме за да истраеме кога го бараме доброто кај сите?
6 Нашата следна посета на истиот дом кога проповедаме во тоа подрачје може да ни даде прилика да разговараме директно со лицето што ја прекинало претходната посета. Тоа што ќе размислиме за она што се случило тогаш, може да ни помогне да се подготвиме. Можеби противникот го направил тоа од добар мотив, сметајќи дека треба да го спречи приемливиот да Јован 6:44; 1. Тимотеј 2:4).
ја чуе пораката за Царството. Можеби неговите гледишта биле обликувани од погрешни информации во врска со нашите намери. Но, тоа не нѐ спречува да истраеме во проповедањето на добрата вест за Царството во тој дом, тактично обидувајќи се да ги исправиме погрешните мислења. Заинтересирани сме да им помогнеме на сите да стекнат точно спознание за Бог. Потоа можеби Јехова ќе го привлече тоа лице кон себе (7. Што може да ни помогне да бидеме позитивни кога им пристапуваме на луѓето?
7 Во упатствата до своите ученици, Исус го зел предвид и противењето од семејството. Зарем тој не рекол: „Дојдов да раздвојам човек од неговиот татко, и ќерка од нејзината мајка, и невеста од нејзината свекрва“? Исус додал: „Непријатели на човекот ќе му бидат неговите сопствени домашни“ (Матеј 10:35, 36). Сепак, околностите и ставовите се менуваат. Ненадејна болест, загуба на некој близок, катастрофи, емоционални кризи и безброј други фактори влијаат врз тоа како луѓето ќе реагираат на нашето проповедање. Ако имаме негативно гледиште — дека луѓето на кои им проповедаме ќе останат неприемливи — дали навистина го бараме доброто кај нив? Зошто радосно не појдеме пак во нивните домови во некоја друга прилика? Можеби ќе наидеме на поинаква реакција. Понекогаш, не само она што го кажуваме туку и начинот на кој го кажуваме тоа е она што води до промена во реакцијата. Горливата молитва до Јехова пред да почнеме да проповедаме сигурно ќе ни помогне да бидеме позитивни и на сите да им ја презентираме пораката за Царството на привлечен начин (Колошаните 4:6; 1. Солуњаните 5:17).
8. Што може да произлезе кога христијаните го бараат доброто кај своите роднини што не се верници?
8 Во некои собранија, многу членови од едно исто семејство му служат на Јехова. Честопати, она што побудило восхит и почит кај помладите била истрајноста на некој постар роднина чии добри односи со членовите на семејството и во бракот го отвориле патот за промена на срцето кај помладите. Тоа што обрнуваат внимание на советот на Петар им помогнало на многу христијански сопруги да го придобијат својот сопруг „без збор“ (1. Петрово 3:1, 2).
Во семејството
9, 10. На кој начини Јаков и Јосиф го барале доброто кај членовите на своето семејство?
9 Тесните врски што ги поврзуваат членовите на едно семејство претставуваат уште едно подрачје на кое можеме да го бараме доброто кај другите. Да разгледаме една поука од тоа како постапувал Јаков со своите синови. Во Битие, поглавје 37, стихови 3 и 4, Библијата укажува дека Јаков посебно го сакал Јосиф. Браќата на Јосиф реагирале со љубомора дотаму што сковале завера да го убијат својот брат. Сепак, забележи какви ставови имале Јаков и Јосиф подоцна во животот. Обајцата го барале доброто кај членовите на своето семејство.
10 Кога Јосиф служел како главен управител над храната во Египет, каде што владеел глад, тој ги примил своите браќа. Иако не им открил веднаш кој е, тој ги водел настаните на начин со кој ќе можел да биде сигурен дека ќе бидат добро згрижени и дека ќе им се даде храна што ќе можат да му ја однесат на својот остарен татко. Да, и покрај тоа што бил жртва на нивната омраза, Јосиф дејствувал во Битие 41:53—42:8; 45:23). Исто така, на смртната постела, Јаков изрекол пророчки благослови за сите свои синови. Иако поради нивните неисправни постапки им биле скратени некои предности, никој не бил исклучен од правото да добие наследство во земјата (Битие 49:3—28). Колку само прекрасен израз на истрајна љубов покажал Јаков во таа прилика!
нивна најголема корист (11, 12. а) Кој пророчки пример истакнува колку е важно да го бараме доброто кај членовите на семејството? б) Која поука ја извлекуваме од примерот на таткото во Исусовата илустрација за расипничкиот син?
11 Јеховината долготрпеливост во постапките со неверната нација Израел дава натамошен увид во тоа како тој го бара доброто кај својот народ. Користејќи ги семејните околности на пророкот Осија, Јехова ја илустрирал својата истрајна љубов. Гомера, жената на Осија, постојано правела прељуба. И покрај тоа, Јехова му дал упатство на Осија: „Оди пак, љуби ја жената која љуби друг и прави прељуба, како што Господ ги љуби Израелевите деца, додека тие се свртуваат кон други богови и копнеат по колачиња од грозје“ (Осија 3:1). Зошто му дал такви упатства? Јехова знаел дека поединци од нацијата што застранила од неговите патишта ќе реагираат на неговата трпеливост. Осија изјавил: „Потоа, Израелевите синови ќе се вратат; ќе Го бараат Господа, својот Бог, и Давида, својот цар; со страв ќе им пристапуваат на Господа и на Неговите добрини на крајот на деновите“ (Осија 3:5). Секако дека ова е убав пример за кој треба да размислуваме кога сме соочени со проблеми во семејството. Тоа што ќе продолжиш да го бараш доброто кај другите членови на семејството, во најмала рака, ќе даде убав пример на трпеливост.
12 Исусовата парабола за расипничкиот син дава уште поголем увид во тоа како можеме да го бараме доброто кај членовите на нашето семејство. Помладиот син се вратил дома откако престанал да води распуштен живот. Таткото милостиво постапил со него. Како реагирал на поплаките на постариот син што никогаш не го напуштил семејството? Обраќајќи му се на својот постар син, таткото изјавил: „Дете, ти секогаш си со мене, и сѐ што е мое, твое е“. Ова не било огорчено префрлање туку едноставно потврда на татковата љубов. „Но просто моравме да се веселиме и радуваме“, Лука 15:11—32).
продолжил тој, „бидејќи овој твој брат беше мртов и оживе, беше загубен и се најде.“ Слично, и ние можеме да продолжиме да го бараме доброто кај другите (Во христијанското собрание
13, 14. Кој е еден начин да се извршува царскиот закон на љубовта во рамките на христијанското собрание?
13 Како христијани, имаме за цел да го извршуваме царскиот закон на љубовта (Јаков 2:1—9). Точно, можеби ги прифаќаме членовите на нашето собрание чија материјална состојба се разликува од нашата. Но, дали меѓу нас има „класни разлики“ што се темелат на расни, културни, па дури и верски заднини? Ако да, како можеме да го земеме при срце советот на Јаков?
14 Тоа што им изразуваме добредојде на сите што присуствуваат на христијанските состаноци дава доказ за нашата великодушност. Кога преземаме иницијатива да поразговараме со новите што доаѓаат во Салата на Царството, секаква трема и неудобност што ја имале во почетокот може да исчезне. Всушност, некои што првпат присуствуваат на христијански состанок коментираат: „Сите беа многу пријателски расположени. Ми се чинеше дека сите веќе ме познаваат. Се чувствував како дома“.
15. Како може да им се помогне на младите во собранието да покажуваат интерес за постарите?
15 Во некои собранија, на крајот на состанокот, можеби неколку млади имаат обичај да се соберат надвор од Салата на Царството, одбегнувајќи го друштвото на постарите. Како би можело да се направи нешто позитивно за да се надмине ваквиот тренд? Се разбира, прв чекор е родителите да ги воспитаат своите деца дома, подготвувајќи ги за состаноците (Пословици 22:6). Може да им се даде задача да ги подготват сите публикации за да можат сите да понесат сѐ што им е потребно за состаноците. Исто така, родителите најдобро можат да ги охрабрат своите деца да споделат неколку мисли со постарите и болните во Салата на Царството. Тоа што ќе имаат нешто смисловно да им кажат на таквите, може да им даде на децата чувство на задоволство.
16, 17. Како можат возрасните да го бараат доброто кај помладите во собранието?
16 Постарите браќа и сестри треба да покажат интерес за младите во собранието (Филипјаните 2:4). Тие би можеле да преземат иницијатива да разговараат со младите на охрабрувачки начин. Обично, за време на состанокот се разработуваат некои интересни мисли. Постарите би можеле да ги прашаат младите дали уживале во состанокот и дали има некои мисли што особено ги ценат и што би можеле да ги применат. Како составен дел од собранието, на младите треба да им се оддаде признание за нивната внимателност и треба да бидат пофалени за коментарите што ги даваат за време на состанокот или за секакво учество што го имале во програмата. Начинот на кој младите се однесуваат и зборуваат со постарите во собранието и начинот на кој се грижат за едноставни задачи дома, ќе покаже дека веројатно ќе можат добро да се грижат и за поголеми одговорности подоцна во животот (Лука 16:10).
2. Тимотеј 2:22). Таквите задачи можат да послужат како ‚проверка дали се подобни‘ браќа што посегнуваат да служат како слуги помошници (1. Тимотеј 3:10). Нивното спремно учество на состаноците и ревноста во службата, како и грижливиот став кон сите во собранието, им овозможува на старешините да го согледаат нивниот потенцијал кога размислуваат да им дадат додатни задачи.
17 Со тоа што прифаќаат одговорности, некои млади напредуваат дотаму што нивните духовни особини им овозможуваат да добијат посериозни задачи. Тоа што ќе бидат зафатени со нешто може исто така да потисне да се однесуваат немудро (Да се бара доброто кај сите
18. Која стапица во поглед на судењето треба да се избегнува, и зошто?
18 „Не чини да се биде пристрасен на суд“, се изјавува во Пословици 24:23. Небесната мудрост наложува старешините да избегнуваат пристрасност кога судат во собранието. Јаков изјавил: „Мудроста одозгора пред сѐ е чесна, потоа мирољубива, разумна, спремна да послуша, полна со милост и добри плодови, не прави пристрасни разлики и не е лицемерна“ (Јаков 3:17). Очигледно, додека го бараат доброто кај другите, старешините треба да се погрижат нивниот суд да не биде замаглен од личните врски или емоции. „Бог стои во соборот на боговите“, напишал псалмистот Асаф. „Одржува суд среде боговите [или, „оние што се како богови“, осврнувајќи се на човечките судии]. ‚До кога ќе судите неправедно, ќе им одите на рака на безбожниците?‘ “ (Псалм 82:1, 2). Според тоа, христијанските старешини избегнуваат и најмала трага на фаворитизам кога станува збор за работи во кои е вклучен некој нивни пријател или роднина. На тој начин го зачувуваат единството на собранието и му допуштаат на Јеховиниот дух слободно да тече (1. Солуњаните 5:23).
19. На кои начини можеме да го бараме доброто кај другите?
19 Кога го бараме доброто кај нашите браќа и сестри, ние го одразуваме ставот на Павле кога му се обратил на собранието во Солун. Тој рекол: „Освен тоа, што се однесува до вас, имаме доверба во Господ дека го вршите и дека ќе продолжите да го вршите она што ви го наредуваме“ (2. Солуњаните 3:4). Ќе бидеме посклони да преминеме преку мааните на другите ако го бараме доброто кај нив. Ќе бараме подрачја на кои можеме да ги пофалуваме нашите браќа, и сигурно ќе избегнуваме дух на критизирање. „Она што се бара . . . од настојниците“, напишал Павле, „е човек да се најде верен“ (1. Коринќаните 4:2). Поради верноста не само на оние на кои им е доверена улогата на настојници во собранијата туку на сите наши христијански браќа и сестри, тие ни стануваат мили. Така стануваме поблиски со нив, зајакнувајќи ги врските на христијанско пријателство. Го усвојуваме гледиштето што го имал и Павле кон браќата од негово време. Тие ни се „соработници за Божјето царство“ и „зајакнувачка помош“ (Колошаните 4:11). Така го покажуваме Јеховиниот став.
20. Кои благослови ќе ги добијат оние што го бараат доброто кај сите?
20 Секако дека и ние ја повторуваме молитвата на Неемија: „Сети се на мене по добро, Боже мој“ (Неемија 13:31, NW). Колку само сме радосни што Јехова го бара доброто кај луѓето! (1. Цареви 14:13). И ние да го правиме истото во нашите постапки со другите. Тоа ни дава изглед да бидеме искупени и да имаме вечен живот во новиот свет што сега е толку близу (Псалм 130:3—8).
Како би одговорил
• Врз основа на што Јехова постапува со добрина кон сите?
• Како можеме да го бараме доброто кај другите
• во нашата служба?
• во нашето семејство?
• во нашето собрание?
• во сите наши односи?
[Прашања]
[Слика на страница 18]
И покрај тоа што браќата претходно го мразеле Јосиф, тој го барал доброто кај нив
[Слика на страница 19]
Противењето не нѐ спречува да се обидуваме да им помогнеме на сите
[Слика на страница 20]
И покрај нивното минато, никој од синовите на Јаков не бил исклучен од неговиот благослов
[Слика на страница 21]
Изрази им добредојде на сите на христијанските состаноци