Вистинска помош за сиромашните
Вистинска помош за сиромашните
КОГА бил на земјата, Исус Христос, Божјиот Син, покажал искрен интерес да им помогне на сиромашните. Во врска со службата на Исус, еден очевидец забележал: „Слепите повторно гледаат и куците одат, лепрозните се исчистуваат и глувите слушаат, и мртвите се подигаат и на сиромашните им се објавува добрата вест“ (Матеј 11:5). Меѓутоа, што е со многуте милиони сиромашни луѓе денес? Има ли некоја добра вест што е достапна за нив? Да, има една порака на надеж!
Иако сиромашните луѓе честопати се игнорирани и заборавени од светот воопшто, Божјата реч, Библијата, ветува: „Бедниот нема да биде заборавен засекогаш; ниту ќе биде изгубена засекогаш надежта на оние во неволја“ (Псалм 9:18). Овие утешни зборови ќе се исполнат кога Божјето Царство, една вистинска небесна влада, ќе ги замени сите човечки влади (Даниел 2:44). Како Цар на таа небесна влада, Исус „ќе им се смилува на немоќниот и бедниот, и ќе му го спаси животот на страдалецот: Ќе ги ослободи од неправдата и насилствата, зашто нивната крв е скапоцена во неговите очи“ (Псалм 72:13, 14).
Какви ќе бидат условите за живот кога Христос ќе владее над земјата? Оние што ќе живеат под Христовата влада ќе ги уживаат плодовите на својот труд. Библијата во Михеј 4:3, 4 вели: „Секој ќе седи мирно под виновата лоза, и под својата смоква, и никој не ќе го плаши. Тоа го рече устата на Господ над Војските“. Божјето Царство ќе ги реши дури и проблемите со болеста и смртта (Исаија 25:8). Колку само поинаков свет ќе биде тоа! Можеме да веруваме во овие библиски ветувања зашто тие се инспирирани лично од Бог.
Освен што дава порака на надеж, Библијата ни помага да излеземе на крај со секојдневните предизвици, како, на пример, како да се надмине недостигот од самопочит што може да биде предизвикан од тоа што некој е сиромашен. Еден сиромашен христијанин знае од своето проучување на Библијата дека и тој е исто толку скапоцен во Божји очи колку и еден богат христијанин. Библиската книга Јов забележува дека Бог „не е пристрасен кон кнезовите, и еднаков Му е бедниот и богатиот, зашто тие се дело на Неговите раце“ (Јов 34:19). Бог сите ги сака подеднакво (Дела 10:34, 35).