Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали има само една ‚вистинска црква‘?

Дали има само една ‚вистинска црква‘?

Дали има само една ‚вистинска црква‘?

„КАКО што има само еден Христос, така има и едно тело на Христос, една невеста на Христос: ‚една католичка и апостолска црква‘“ (Dominus Iesus — Доминус Јесус).

Вака еден католички кардинал, Јозеф Рацингер, го изнел учењето на својата црква дека постои само една вистинска црква. Таа црква, рекол тој, е „една црква на Христос, а тоа е католичката црква“.

„Не се цркви во права смисла“

Иако папата Јован Павле II упорно тврдел дека документот Доминус Јесус не содржи „никаква ароганција или непочитување кон другите религии“, водачите на протестантската црква силно реагирале на тој документ. На пример, на генералното заседание на презвитеријанската црква во Белфаст (Северна Ирска) во јуни 2001, еден министер рекол дека документот е дело на „една моќна фракција на римокатоличката црква . . . преплашена од духот на толеранција воведен на Ватикан II“.

Робин Имс, надбискуп на црквата на Ирска, рекол дека тој би бил „крајно разочаран“ ако документот претставува „враќање на она пред Ватикан II“. Коментирајќи за тврдењето на Ватикан дека црквите што отфрлаат извесни католички доктрини „не се цркви во права смисла“, Имс рекол: „Тоа за мене би можело да биде навреда“.

Што го предизвикало Доминус Јесус? Изгледа дека римокатоличката папска влада била вознемирена од она што се нарекува религиозен релативизам. Според The Irish Times, „појавата на плуралистичката теологија — да се каже дека во основа една религија е добра како и секоја друга . . . сѐ повеќе го вознемирувала кардинал Рацингер“. Се чини дека ова гледиште ги поттикнало неговите коментари во врска со една вистинска црква.

Дали е важно на која црква припаѓаш?

Се разбира, за некои „религиозниот релативизам“ или „плуралистичката теологија“ е поразумен и попривлечен од кој и да било предлог дека може да има само една вистинска црква. За нив, религијата треба да биде само работа на личен избор. ‚На крајот на краиштата‘, велат тие, ‚не е ни толку важно на која црква припаѓаш‘.

Ова може да изгледа како потолерантно гледиште — иако една последица од тоа е поделба на религијата на безброј различни деноминации. ‚Ваквата разноликост во религијата‘, велат многумина, ‚не е ништо друго освен здрав израз на индивидуална слобода‘. Меѓутоа, според писателот Стивен Брус, ваквата „религиозна толеранција“ всушност не е ништо друго освен „религиозна рамнодушност“ (A House Divided: Protestantism, Schism, and Secularization — Поделена куќа: Протенстантизам, раскол и секуларизација).

Тогаш, кое е исправното гледиште? Дали има само една вистинска црква? Дали таа вистинска црква е римокатоличката црква? Дали другите цркви се подеднакво прифатливи за Бог? Бидејќи овие прашања го вклучуваат нашиот однос со Творецот, секако дека е важно да го дознаеме неговото гледиште за оваа работа. Како можеме да го направиме тоа? Така што ќе погледнеме во Божјата инспирирана реч, Библијата (Дела 17:11; 2. Тимотеј 3:16, 17). Да разгледаме што има таа да каже на оваа тема за една вистинска црква.

[Извор на слика на страница 2]

НАСЛОВНА СТРАНИЦА: Mark Gibson/Index Stock Photography