Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Донесување одлуки — неизбежен предизвик

Донесување одлуки — неизбежен предизвик

Донесување одлуки — неизбежен предизвик

„НИШТО не е потешко, а според тоа и поскапоцено, од тоа да можеш да одлучуваш“, рекол еднаш Наполеон Бонапарта, император на Франција од 19 век. Можеби ќе се сложиш и со двата аспекта на донесувањето одлуки, бидејќи обично луѓето го ценат тоа што имаат контрола над својот живот. Во исто време, мораат да научат дека понекогаш воопшто не е лесно да се донесуваат одлуки.

Сеедно дали е лесно или тешко, донесувањето одлуки е неизбежно. Соочени сме со таа задача секој ден. Кога ќе станеме наутро, мораме да одлучиме што ќе облечеме, што ќе појадуваме и како ќе се справиме со многу други работи во текот на денот. Повеќето од овие одлуки имаат мало значење. Ретко и помислуваме двапати на нив, а уште поретко остануваме без сон поради мислата дали тие одлуки биле мудри или не.

Од друга страна, пак, некои одлуки се далекосежни. Многу млади луѓе во денешниов свет мораат да одлучат по какви цели ќе се стремат. Можеби мораат да одлучат какво и колкаво образование им е потребно. Порано или подоцна, повеќето од нив ќе одлучат дали да стапат во брак или да останат самци. Оние што ќе се решат за брак мораат да одлучат: ‚Дали сум доволно возрасен и зрел за брак? Каков партнер сакам, или што е уште поважно, каков партнер ми треба?‘ Мал број одлуки влијаат врз нас толку длабоко како изборот на брачен другар.

Во работите што се од најголемо значење, многу е битно да донесеме мудри одлуки, зашто нашата среќа во голема мера зависи од тоа. Некои луѓе можеби сметаат дека се доволно способни да донесуваат такви одлуки и можеби, кога ќе им биде понудена помош, ја отфрлаат. Дали е тоа мудро? Да видиме.

[Извор на слика на страница 3]

Наполеон: од книгата The Pictorial History of the World