Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Не впрегнувајте се во нееднаков јарем“

„Не впрегнувајте се во нееднаков јарем“

„Не впрегнувајте се во нееднаков јарем“

КАКО што можете да видите на сликата, изгледа дека на камилата и волот што ораат заедно не им е многу пријатно. Јаремот што ги поврзува — наменет за две животни со слична или иста големина и сила — прави и двете животни да страдаат. Загрижен за доброто на таквите запрежни животни, Бог им рекол на Израелците: „Не впрегнувај во плуг заедно вол и осле“ (Второзаконие 22:10). Истото начело важи и за вол и камила.

Нормално, еден земјоделец не би им наметнал таква мака на своите животни. Но, ако немал два вола, можел да впрегне заедно две животни што ги имал. Изгледа, токму тоа одлучил да го направи и земјоделецот од 19 век, прикажан на сликата овде. Поради разликата во големината и тежината, послабото животно би морало да се бори за да го задржи темпото, а посилното би имало поголем товар за носење.

Апостол Павле ја употребил илустрацијата за нееднаков јарем за да ни даде една важна лекција. „Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверници“, напишал тој. „Зашто, што имаат заедничко праведноста и беззаконието? Или какво заедништво има светлината со темнината?“ (2. Коринќаните 6:14). Како може еден христијанин да се впрегне во нееднаков јарем?

Еден начин е ако избере брачен другар што не ги дели неговите или нејзините верувања. Таквата врска ќе се покаже како непријатна и за двете страни, двојката нема да се согласува околу основни работи.

Кога го основал бракот, Јехова ѝ ја дал на жената улогата на „помошник“ или „дополнение“ (Битие 2:18). На сличен начин, преку пророкот Малахија, Бог се осврнал на жената како на „другарка“ (Малахија 2:14NW). Нашиот Творец сака брачните двојки заедно да влечат во ист духовен правец, и подеднакво да ги делат товарите и да ги жнеат благословите.

Со тоа што ќе стапи во брак „само во Господ“, еден христијанин покажува почит кон советот од нашиот небесен Татко (1. Коринќаните 7:39). Ова го положува темелот за еден обединет брак, кој може да му донесе слава и чест на Бог кога двајцата сопружници му служат како ‚вистински другари под истиот јарем‘ во посебна смисла (Филипјаните 4:3).

[Извор на слика на страница 32]

Камила и вол: од книгата La Tierra Santa, том 1, 1830