Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Една телевизиска програма ја навела да го слави Бог

Една телевизиска програма ја навела да го слави Бог

Објавителите на Царството известуваат

Една телевизиска програма ја навела да го слави Бог

АПОСТОЛ Павле рекол дека „некои го проповедаат Христос од завист и соперништво, а други од добра волја“ (Филипјаните 1:15). Повремено, дури и оние што се обидуваат да го срушат угледот на Јеховиниот народ несакајќи ги натерале лицата со исправно настроени срца да се свртат кон вистината.

Во ноември 1998, на француската национална телевизија била емитувана документарна програма во која биле прикажани слики од Бетелот, објектите на подружницата на Јеховините сведоци во Лувије (Франција). И покрај различните реакции, програмата дала добри резултати на неочекувани начини.

Меѓу оние што ја гледале програмата била Ана-Пола, која живеела само на 60 километри од Бетелот. Ана-Пола, разведена мајка со две деца, барала работа. Така, следното утро се јавила во Бетел за да се распраша дали може да најде работа таму. „Имав впечаток дека тоа е добро место и дека работата што се извршува таму е корисна“, рекла таа. Колку била изненадена кога дознала дека сите што служат во Бетел се министри што доброволно го даваат своето време! По кратка дискусија во врска со активностите на Јеховините сведоци, се согласила да ја посети некој Сведок.

Кога ја посетила Лена, полновремен министер во локалното собрание, следел долг разговор и Ана-Пола ја зела книгата Спознание кое води до вечен живот. * До следната посета, Ана-Пола веќе ја имала прочитано целата книга, од почеток до крај, и имала многу прашања. Веднаш прифатила библиска студија. Таа рекла: „За мене тоа беше прилика да ја откријам Божјата реч. Никогаш порано не сум ја ни држела Библијата во рацете“.

Во јануари, Ана-Пола го посетила Бетелот, а следната седмица присуствувала на својот прв христијански состанок. Набрзо потоа, почнала да ја проучува Библијата со своите деца и да им сведочи на своите пријатели. „Не можев а да не им кажувам на другите за она што го учев“, вели таа. „Сакав да ги споделувам вистините од Библијата со луѓето и да ги тешам.“ По борбата да надмине неколку лични проблеми, Ана-Пола почнала редовно да присуствува на состаноците. Брзо напредувала и се крстила на 5 мај 2002.

Освен тоа, како резултат на добриот пример и ревносното проповедање на Ана-Пола, и мајка ѝ почнала да ја проучува Библијата и наскоро се крстила. „Немам зборови за да ја опишам радоста што ја чувствувам“, вели Ана-Пола. „Секој ден му благодарам на Јехова што влезе во мојот живот и за сите благослови што ми ги излева.“

[Фуснота]

^ пас. 6 Издадена од Јеховините сведоци.

[Слики на страница 8]

Горе: Ана-Пола

Долу: влезот на подружницата во Франција