Дали Бог се грижи за нас?
Дали Бог се грижи за нас?
ДАЛИ си во ситуација да се измачуваш под тежината на еден емоционален товар поради проблеми со семејството, здравјето, работата или некои други тешки одговорности? Многу луѓе се. А кој денес не е погоден од неправдата, криминалот или насилството? Навистина, токму така е како што вели Библијата: „Целото создание заедно воздивнува и заедно е во болка сѐ досега“ (Римјаните 8:22). Не е ни чудо што многу луѓе прашуваат: ,Дали Бог се грижи? Ќе ни помогне ли?‘
Мудриот цар Соломон му рекол на Бог во молитва: „Само Ти ги познаваш срцата на синовите човечки“. Соломон имал доверба дека Бог не само што нѐ знае туку и дека се грижи за нас како поединци. Тој можел да побара од Бог да ,чуе од небото‘ и да одговори на молитвите на секој богобојазлив поединец кој му ја открива на Бог „неволјата своја и тагата своја“ (2. Летописи 6:29, 30, ПСП).
Денес Јехова Бог сѐ уште се грижи за нас и нѐ кани да го повикуваме во молитва (Псалм 50:15). Тој ветува дека ќе одговори на искрените молитви што се во склад со неговата волја (Псалм 55:16, 22; Лука 11:5—13; 2. Коринќаните 4:7). Да, Јехова ја слуша „секоја молитва, секоја молба од кој и да било човек, или од сиот [негов] народ“. Затоа, ако ја положиме својата доверба во Бог, ако го молиме да ни помогне и ако му се приближиме, ќе ги искусиме неговата љубезна грижа и водство (Пословици 3:5, 6). Библискиот писател Јаков нѐ уверува: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“ (Јаков 4:8).