„Потполно извршувај ја својата служба“
„Потполно извршувај ја својата служба“
„Исполнувај ја својата служба до крај“ (2. ТИМОТЕЈ 4:5, ДХК).
1, 2. Иако сите христијани се евангелизатори, што бара Писмото од старешините?
ДАЛИ си објавител на Царството? Ако да, биди му благодарен на Јехова Бог за таа прекрасна предност. Дали си старешина во собранието? Тоа е додатна предност од Јехова. Но, никогаш не смееме да заборавиме дека ниту световното образование ниту говорничките способности не се тие што нѐ оспособуваат за службата или за положбата на надгледник во собранието. Јехова е тој што соодветно нѐ оспособува за службата, а тоа што некои од мажите исполнуваат конкретни библиски мерила е причина зошто им е дадена предност да служат како надгледници (2. Коринќаните 3:5, 6; 1. Тимотеј 3:1—7).
2 Сите предадени христијани го вршат делото на евангелизатори, но особено надгледниците, односно старешините, треба да дадат добар пример во службата. Бог и Христос, како и другите Сведоци на Јехова, ги забележуваат старешините што „работат напорно во говорењето и поучувањето“ (1. Тимотеј 5:17; Ефешаните 5:23; Евреите 6:10—12). Во сите околности, старешината мора да поучува за работи што се духовно здрави, бидејќи апостол Павле му рекол на надгледникот Тимотеј: „Ќе дојде период кога нема да го поднесуваат здравото учење, туку според своите сопствени желби ќе си насоберат учители да им ги скокоткаат ушите; па ќе ги одвраќаат своите уши од вистината, а ќе се свртат кон лажни прикаски. Ти, пак, биди трезвен во сѐ, трпи зло, врши го делото на евангелизатор, потполно извршувај ја својата служба“ (2. Тимотеј 4:3—5).
3. Што треба да се направи за духовноста на собранието да не биде загрозена од лажни учења?
3 За да се погрижи духовноста на собранието да не биде загрозена од лажни учења, оној што е надгледник мора да го послуша советот на Павле: „Биди трезвен во сѐ . . . исполнувај ја својата служба до крај“ (2. Тимотеј 4:5, ДХК). Да, еден старешина треба ,потполно да ја изврши својата служба‘. Мора да ја изврши целосно, темелно, до крај. Старешината што потполно ја извршува својата служба посветува соодветно внимание на сите одговорности што ги има и ништо не остава запоставено или само наполу завршено. Таквиот човек е верен дури и во малите работи (Лука 12:48; 16:10).
4. Што може да ни помогне потполно да ја извршиме нашата служба?
4 За потполно да ја извршиме нашата служба не е секогаш потребно повеќе време туку е потребно добро да го искористиме времето што го имаме. Сите христијани ќе можат да извршат сѐ што е поврзано со нивната служба ако имаат едно постојано темпо. За да поминува повеќе време во службата на теренот, старешината треба да биде добро организиран за да може да го урамнотежи својот распоред и да процени што да му довери на некој друг и како да го направи тоа (Евреите 13:17). Се разбира, еден угледен старешина го дава и својот дел, исто како Неемија, кој и самиот учествувал во повторната изградба на ѕидовите на Ерусалим (Неемија 5:16). На сличен начин, сите Јеховини слуги треба редовно да учествуваат во делото на проповедање на Царството (1. Коринќаните 9:16—18).
5. Каков став треба да имаме кон службата?
5 Колку само радосен налог имаме како објавители на воспоставеното небесно Царство! Секако дека ја цениме нашата предност да имаме удел во проповедањето на добрата вест по целата населена земја пред Матеј 24:14). Иако сме несовршени, можеме да се охрабриме од зборовите на Павле: „Ова благо го имаме во земјени садови, за силата која ја надминува нормалната да биде од Бог, а не од нас“ (2. Коринќаните 4:7). Да, можеме да извршиме прифатлива служба — но само со силата и мудроста што ги дава Бог (1. Коринќаните 1:26—31).
да дојде крајот (Да ја одразуваме Божјата слава
6. Каква разлика имало помеѓу природниот Израел и духовниот Израел?
6 Осврнувајќи се на помазаните христијани, Павле вели дека Бог „соодветно нѐ оспособил да бидеме министри на еден нов сојуз“. Апостолот прави разлика помеѓу новиот сојуз што бил склучен со духовниот Израел преку Исус Христос и стариот сојуз на Законот што бил склучен со природниот Израел преку Мојсеј. Павле додава дека, кога Мојсеј слегол од планината Синај со плочите на кои биле напишани Десетте заповеди, од неговото лице блескала толкава светлина што Израелците не можеле да гледаат директно во него. Но, со текот на времето се случило нешто многу посериозно затоа што ,нивните умствени сили затапеле‘ и нивните срца биле покриени со превез. Меѓутоа, кога некој ќе се сврти кон Јехова со оддаденост од сѐ срце, превезот се трга. Павле понатаму се осврнува на службата што им е дадена на оние што се во новиот сојуз и вели: „Сите ние . . . со откриени лица ја одразуваме како огледала Јеховината слава“ (2. Коринќаните 3:6—8, 14—18; Излез 34:29—35). И Исусовите „други овци“ денес имаат предност да ја одразуваат Јеховината слава (Јован 10:16).
7. Како можат луѓето да ја одразуваат Божјата слава?
7 Како можат грешните луѓе да ја одразуваат Божјата слава ако ниеден човек не може да го види Божјето лице и да остане жив? (Излез 33:20). Па, освен тоа што самиот Јехова е славен, тој има и славна намера да го оправда својот суверенитет преку своето Царство. Вистините поврзани со Царството сочинуваат дел од „величествените Божји работи“ што почнале да ги објавуваат оние врз кои бил излеан светиот дух на Пентекост 33 н.е. (Дела 2:11). Под водство на духот, тие можеле потполно да ја извршат службата што им била доверена (Дела 1:8).
8. Што бил решен да прави Павле во поглед на службата?
8 Павле бил решен да не дозволи ништо да го спречи потполно да ја изврши својата служба. Тој напишал: „Затоа, бидејќи ја имаме оваа служба според милосрдието што ни е укажано, не се откажуваме; туку се одрековме од скриените работи од кои човек треба да се срами, и не одиме во лукавство ниту ја расипуваме речта Божја, туку со тоа што ја објавуваме вистината, ѝ се препорачуваме на секоја човечка совест пред очите на Бог“ (2. Коринќаните 4:1, 2). Преку она што Павле го нарекува „оваа служба“ се објавува вистината и насекаде се шири духовна светлина.
9, 10. Како е можно да се одразува Јеховината слава?
9 Во врска со Изворот на физичката и на духовната светлина, Павле пишува: „Бог е тој кој рекол: ,Нека засветли светлината од темнината‘, и тој засветли врз нашите 2. Коринќаните 4:6; Битие 1:2—5). Бидејќи ни била дадена непроценливата предност да бидеме Божји министри, да се чуваме чисти за да можеме како огледала да ја одразуваме Јеховината слава.
срца за да ги осветли со славното спознание за Бог преку лицето на Христос“ (10 Оние што се во духовна темнина не можат да ја видат Јеховината слава ниту, пак, можат да видат како ја одразува Исус Христос, Поголемиот Мојсеј. Но, како Јеховини слуги, до нас допира славната светлина од Писмото и ние им ја одразуваме на другите. За да избегнат уништување оние што сега се во духовна темнина, потребна им е светлина од Бог. Затоа, со голема радост и ревност ние сме послушни на Божјата заповед да пуштаме да свети нашата светлина среде темнината, на Јеховина слава.
Нека свети твојата светлина на домашни библиски студии
11. Што рекол Исус за тоа дека треба да пуштаме да свети нашата светлина, и кој е еден начин да го правиме тоа во нашата служба?
11 Исус им рекол на своите следбеници: „Вие сте светлината на светот. Не може да се скрие град кој се наоѓа на планина. Ниту светилка се пали и се става под мерна кошница, туку на свеќник, па им свети на сите во куќата. Така нека свети вашата светлина пред луѓето за да ги видат вашите добри дела и да му дадат слава на вашиот Татко кој е на небесата“ (Матеј 5:14—16). Поради нашето добро однесување, другите можат да почнат да му оддаваат слава на Бог (1. Петрово 2:12). И различните аспекти на нашето дело на евангелизирање ни даваат многу прилики да пуштаме нашата светлина да свети. Една од главните цели што ги имаме е да ја одразуваме духовната светлина од Божјата реч така што ќе водиме делотворни домашни библиски студии. Ова е еден многу важен начин на кој можеме потполно да ја извршиме нашата служба. Кои предлози можат да ни помогнат да водиме библиски студии што ќе ги допрат срцата на оние што ја бараат вистината?
12. Како е поврзана молитвата со делото на водење домашни библиски студии?
12 Молитвата до Јехова во врска со оваа работа ја покажува нашата силна желба да водиме библиски студии. Исто така, таа покажува дека сфаќаме колку е важно да им помогнеме на другите да стекнат спознание за Бог (Езекиел 33:7—9). Јехова сигурно ќе одговори на нашите молитви и ќе ги благослови нашите совесни напори во службата (1. Јованово 5:14, 15). Но, ние не се молиме само за тоа да најдеме некого со кого ќе водиме домашна библиска студија. Откако сме воспоставиле студија, молитвите и медитирањето за конкретните потреби на библискиот студент ќе ни помогнат делотворно да ја водиме секоја студија (Римјаните 12:12).
13. Што може да ни помогне да водиме делотворни домашни библиски студии?
13 За да водиме делотворни домашни библиски студии, мораме добро да се подготвуваме за секоја студија. Ако мислиме дека не сме баш способни да водиме студии, може да биде многу корисно да набљудуваме на кој начин надгледникот на Собраниска студија на книга го обработува материјалот за секоја седмица. Понекогаш можеме да ги придружуваме објавителите на Царството што се успешни во водењето домашни библиски студии. Се разбира, особено вреди да размислуваме за ставот и за методите на поучување на Исус Христос.
14. Како можеме да го достигнеме срцето на некој библиски студент?
14 Исус се радувал кога ја извршувал волјата на својот небесен Татко и кога им зборувал на другите за Бог (Псалм 40:8). Тој бил со благ нарав и успеал да ги достигне срцата на оние што го слушале (Матеј 11:28—30). Затоа, да настојуваме да ги достигнеме срцата на нашите библиски студенти. За да успееме во тоа, треба да се подготвуваме пред секоја библиска студија, имајќи ги на ум конкретните потреби на студентот. На пример, ако тој потекнува од некоја култура во која не бил поучуван за Библијата, можеби ќе треба да го увериме во точноста на Библијата. Во таков случај, јасно е дека ќе треба да му прочитаме многу библиски стихови и да ги објасниме.
Помогни им на студентите да ги разберат илустрациите
15, 16. а) Како би можеле да му помогнеме на некој студент кој не разбира некоја илустрација што се користи во Библијата? б) Што можеме да направиме ако во некоја од нашите публикации се користи илустрација што некој библиски студент не може лесно да ја разбере?
15 Можеби на некој библиски студент не му е баш јасна некоја илустрација што се користи во Писмото. На пример, можеби не разбира на што мислел Исус кога зборувал за ставање светилка на свеќник (Марко 4:21, 22). Исус зборувал за древна газиена ламба со фитил. Таквата ламба се ставала на посебна потпирка и така можела да осветли одреден простор во куќата. За да ја објасниш илустрацијата што ја кажал Исус можеби ќе треба да истражуваш на темите „Светилка“ и „Свеќник“ во публикации како што е Увид во Писмото (Insight on the Scriptures). * Но, колку само се чувствуваме исполнети кога ќе појдеме на библиската студија со објаснување што студентот може да го разбере и му се допаѓа!
16 Во некоја публикација што служи како помош за проучување на Библијата можеби се користи илустрација што некои студенти тешко можат да ја разберат. Одвој време да ја објасниш или употреби друга илустрација што ја изнесува истата мисла. Можеби во некоја публикација е истакнато дека во бракот е важно да се има добар партнер и да се вложуваат усогласени напори од двете страни. За да се илустрира ова, можеме да спомнеме некој човек што се ниша на трапез, го пушта трапезот и се препушта да го фати другиот акробат. Како алтернатива, потребата од добар партнер и усогласени напори веројатно би можеле да ја илустрираме со начинот на кој соработуваат работниците додека си додаваат кутии кога растоваруваат некој брод.
17. Што можеме да научиме од Исус во врска со илустрациите?
17 Можеби ќе треба однапред да се подготвиш за да можеш да употребиш некоја друга илустрација како замена. Сепак, на тој начин го покажуваме нашиот личен интерес за библискиот студент. Исус користел едноставни илустрации за да објасни тешки теми. Во неговата Проповед на гората има вакви примери, а Библијата покажува дека неговото поучување имало добро влијание врз неговите слушатели (Матеј 5:1—7:29). Исус стрпливо објаснувал затоа што бил вистински заинтересиран за другите (Матеј 16:5—12).
18. Што се препорачува во врска со библиските стихови што се наведени во нашите публикации?
18 Нашата заинтересираност за другите ќе нѐ мотивира да ,резонираме на темел на Писмото‘ (Дела 17:2, 3). За ова е потребно да проучуваме под молитва и мудро да ги користиме публикациите што ни ги става на располагање „верниот настојник“ (Лука 12:42—44). На пример, во книгата Спознание кое води до вечен живот се цитирани многу библиски стихови. * Затоа што просторот е ограничен, некои се само наведени. Во текот на библиската студија, важно е да прочитаме и да објасниме барем некои од тие наведени стихови. Впрочем, нашето поучување се темели на Божјата реч, а таа има голема моќ (Евреите 4:12). Осврнувај се на Библијата во текот на секоја студија и слободно користи ги библиските стихови што се наведени во пасусите. Помогни му на студентот да увиди што вели Библијата во врска со некоја тема или постапка. Настојувај да му покажеш каква корист ќе има ако му биде послушен на Бог (Исаија 48:17, 18).
Поставувај прашања што поттикнуваат на размислување
19, 20. а) Зошто треба да користиме прашања во врска со гледиштето кога водиме домашна библиска студија? б) Што може да се направи ако е потребно и понатаму да се разгледува некоја тема?
19 Исус ги поттикнувал луѓето на размислување со тоа што вешто користел прашања (Матеј 17:24—27). Ако поставуваме прашања со кои може да се открие како студентот гледа на некоја работа, без да го доведуваме во незгодна положба, неговите одговори можат да откријат што мисли тој за извесна тема. Можеби ќе утврдиме дека сѐ уште има некои небиблиски гледишта. На пример, можеби верува во тројство. Во 3. поглавје, книгата Спознание истакнува дека зборот „тројство“ го нема во Библијата. Во книгата се цитирани и наведени библиски стихови што покажуваат дека Јехова и Исус се различни личности и дека светиот дух е Божјата активна сила, а не личност. Можеби ќе биде доволно само да се прочитаат и да се подискутира за овие библиски стихови. Но, што ако е потребно нешто повеќе? Можеби откако ќе проучувате следниот пат, ќе можете да одвоите малку време за корисна дискусија на оваа тема што е обработена во некоја друга публикација на Јеховините сведоци, како што е брошурата Дали треба да се верува во Тројство? Потоа можеме да продолжиме со проучувањето на книгата Спознание.
20 Да претпоставиме дека си изненаден, па дури и разочаран од одговорот на некое прашање во врска со тоа како гледа студентот на некоја работа. Ако се работи за пушењето или за некоја друга осетлива тема, би можеле да предложиме да продолжиме со студијата и да поразговараме за тоа подоцна. Ако знаеме дека студентот сѐ уште пуши, ќе можеме да најдеме некои објавени информации што можат да му помогнат духовно да напредува. Додека настојуваме да го достигнеме срцето на студентот, можеме да го молиме Јехова да му помогне духовно да расте.
21. Што може да се случи ако ги приспособиме методите на поучување на конкретните потреби на некој библиски студент?
21 Со добра подготовка и со Јеховина помош, несомнено ќе можеме да ги приспособиме нашите методи на поучување да одговараат на конкретните потреби на библискиот студент. Како што минува времето, можеби ќе му помогнеме да стекне длабока љубов кон Бог. Исто така, можеби ќе успееме да изградиме почит и благодарност кон Јеховината организација. И колкаво само задоволство е кога библиските студенти признаваат дека ,Бог навистина е меѓу нас‘ (1. Коринќаните 14:24, 25). Затоа, да водиме делотворни библиски студии и да правиме сѐ што можеме за да им помогнеме на другите да станат ученици на Исус.
Богатство што треба да се цени
22, 23. Што е потребно за да ја извршиме потполно нашата служба?
22 За потполно да ја извршиме нашата служба, мораме да се потпираме на силата што ја дава Бог. Зборувајќи за службата, Павле им напишал на другите помазани христијани: „Ова благо го имаме во земјени садови, за силата која ја надминува нормалната да биде од Бог, а не од нас“ (2. Коринќаните 4:7).
23 Без оглед на тоа дали сме помазаници или „други овци“, ние сме како кршливи земјени садови (Јован 10:16). Сепак, Јехова може да ни ја даде силата што е потребна да ги исполниме своите задачи без оглед на притисоците со кои се соочуваме (Јован 16:13; Филипјаните 4:13). Затоа, да имаме безусловна доверба во Јехова, да ја цениме и потполно да ја извршиме нашата служба, која за нас претставува богатство.
[Фусноти]
^ пас. 15 Издадена од Јеховините сведоци.
^ пас. 18 Издадена од Јеховините сведоци.
Како би одговорил?
• Што можат да направат старешините за потполно да ја извршат својата служба?
• Како можеме да ја подобриме делотворноста на нашите домашни библиски студии?
• Што би направил ти ако некој библиски студент не разбира некоја илустрација или му се потребни додатни информации на некоја тема?
[Прашања]
[Слика на страница 16]
Христијанските старешини поучуваат во собранието и помагаат да се обучат соверниците за да ја извршуваат службата
[Слика на страница 18]
Водењето делотворни домашни библиски студии е еден начин на кој свети нашата светлина