Дали се фокусираш на наградата?
Дали се фокусираш на наградата?
БОЛЕСТА полека се шири. Во почетокот го намалува периферниот вид. Ако не се лекува може да се прошири и кон центарот на видот. На крајот, може да доведе до потполно губење на видот. Која е таа болест? Глауком — главната причина за слепило.
Исто како што можеме полека и подмолно да го изгубиме дословниот вид така можеме да изгубиме и еден уште поважен вид — нашиот духовен вид. Затоа, многу е важно да ги држиме духовните работи јасно фокусирани во центарот на нашето видно поле.
Држи ја наградата во фокусот
Во „она што не се гледа“ за нашите дословни очи спаѓа прекрасната награда на вечен живот што Јехова им ја нуди на оние што му се лојални (2. Коринќаните 4:18). Се разбира, главната причина зошто христијаните му служат на Бог е нивната љубов кон него (Матеј 22:37). Сепак, Јехова сака желно да ја очекуваме нашата награда. Тој сака да гледаме на него како на дарежлив Татко кој „ги наградува оние кои сесрдно го бараат“ (Евреите 11:6). Според тоа, оние што навистина го познаваат и го сакаат Бог ги ценат благословите што тој ги ветил и копнеат по нивното исполнување (Римјаните 8:19, 24, 25).
Многу читатели на ова списание и на придружното списание Разбудете се! уживаат во илустрациите што ја прикажуваат идната рајска Земја. Се разбира, не знаеме како точно ќе изгледа рајската Земја, а објавените слики едноставно се претстава на уметникот што се темели на библиски стихови како што е Исаија 11:6—9. Сепак, една христијанка рекла: „Кога во Стражарска кула и Разбудете се! ги гледам сликите од идниот Рај, детално ги испитувам, како што некој испитува туристички проспект. Се трудам да се замислам таму зашто тоа е местото каде што навистина се надевам дека ќе бидам кога ќе дојде времето што Бог го одредил за тоа“.
Апостол Павле се чувствувал слично во врска со неговиот „горен позив“. Тој не сметал како веќе да го добил тој позив, зашто морал да се покаже верен до крајот. Но, продолжил да ,посега по оние работи што се напред‘ (Филипјаните 3:13, 14). На сличен начин, Исус претрпел смрт на маченички столб ,поради радоста што била поставена пред него‘ (Евреите 12:2).
Дали некогаш си се посомневал дека ќе влезеш во новиот свет? Се разбира, добро е да не сме премногу самоуверени, зашто дали ќе ја добиеме наградата на живот зависи од тоа дали ќе останеме верни до крај (Матеј 24:13). Меѓутоа, ако даваме сѐ од себе за да ги исполниме Божјите барања, ја имаме секоја причина да бидеме сигурни дека ќе ја добиеме наградата. Не заборавај дека Јехова „не сака никој да биде уништен, туку сака сите да дојдат до покајание“ (2. Петрово 3:9). Ако имаме доверба во Јехова, тој ќе ни помогне да ја постигнеме нашата цел. Навистина, спротивно е на неговата природа да бара причини за да ги дисквалификува оние што се трудат да му угодат (Псалм 103:8—11; 130:3, 4; Езекиел 18:32).
Тоа што знаеме што чувствува Јехова за неговиот народ ни дава надеж — особина што е исто толку важна колку и верата (1. Коринќаните 13:13). Грчкиот збор преведен со „надеж“ во Библијата ја пренесува идејата на желно „очекување на нешто добро“. Имајќи ја таквата надеж на ум, апостол Павле напишал: „Сакаме секој од вас да ја покажува истата трудољубивост за да бидете потполно сигурни во надежта сѐ до крајот, за да не станете мрзливи, туку да бидете имитатори на оние кои преку вера и стрпливост ги наследуваат ветувањата“ (Евреите 6:11, 12). Забележи дека ако продолжиме верно да му служиме на Јехова, можеме да бидеме сигурни дека нашата надеж ќе се исполни. За разлика од многу световни надежи, оваа надеж „не води до разочарување“ (Римјаните 5:5). Па, како можеме да ја задржиме нашата надеж жива и остро во фокусот?
Како да го изостриме нашиот духовен вид
Нашите физички очи не можат да се фокусираат на две работи во исто време. Ова е случај и со нашиот духовен вид. Тоа што ќе се фокусираме на работи од сегашниов систем секако дека, на некој начин, ќе го тргне Божјиот ветен нов свет од фокусот во нашиот ум. Со текот на времето, оваа нејасна периферна слика може да ја изгуби својата привлечност и едноставно да исчезне од вид. Каква трагедија би било тоа! (Лука 21:34). Затоа, колку е важно да задржиме ,едноставно око‘ — око што останува фокусирано на Божјето Царство и на наградата вечен живот! (Матеј 6:22).
Да се задржи едноставно око не е секогаш лесно. Секојдневните проблеми бараат да им обрнеме внимание, а на нашиот пат може да се појават пречки — дури и искушенија. Како можеме, под вакви околности, да останеме фокусирани на Царството и на Божјиот ветен нов свет без да ги занемариме другите неопходни активности? Да разгледаме три начини.
Проучувај ја Божјата реч секојдневно. Редовното читање на Библијата и проучувањето на публикациите што се темелат на Библијата ни помага да го задржиме умот сконцентриран на духовни работи. Точно, можеби со години ја проучуваме Божјата реч, но мораме да продолжиме да ја проучуваме, исто како што треба да продолжиме да јадеме физичка храна за да останеме во живот. Не престануваме да јадеме само затоа што во минатото сме изеле илјадници оброци. Затоа, сеедно колку сме запознати со Библијата, ни треба постојано, редовно внесување на духовна храна за да ја задржиме надежта жива, а верата и љубовта силни (Псалм 1:1—3).
Медитирај за Божјата реч со благодарност. Зошто медитирањето е Псалм 78:11—17). Што бил нивниот проблем?
неопходно? Од две причини. Прво, медитирањето ни овозможува да го преработиме она што го читаме и да стекнеме длабока благодарност за тоа. Второ, медитирањето нѐ спречува да го заборавиме Јехова, неговите прекрасни дела и надежта што ја поставил пред нас. Да илустрираме: Израелците што со Мојсеј излегле од Египет со свои очи виделе изрази на Јеховината застрашувачка моќ. Исто така, ја почувствувале неговата љубезна заштита додека ги водел кон нивното наследство. Сепак, само што стапнале во пустелијата на пат кон Ветената земја, веднаш почнале да се жалат со што јасно покажале дека сериозно им недостига вера (Луѓето го преместиле својот фокус од Јехова и прекрасната надеж што ја поставил пред нив на своите моментални удобности и телесни задоволства. И покрај извонредните знаци и чуда што лично ги виделе, многу Израелци почнале безверно да се жалат. „Речиси [Брзо, NW] ги заборавија [Јеховините] дела“, стои во Псалм 106:13. Цената што таа генерација ја платила поради таквата непростлива немарност била тоа што не влегла во Ветената земја.
Затоа, кога ја читаш Библијата или помагалата за проучување на Библијата, одвој си време да медитираш за она што го читаш. Таквото размислување е многу важно за твоето духовно здравје и раст. На пример, кога го читаш Псалм 106, што погоре беше делумно цитиран, медитирај за Јеховините особини. Забележи колку стрплив и милостив бил со Израелците. Види како направил сѐ што можел за да им помогне да стигнат до Ветената земја. Забележи и како тие постојано се бунтувале против него. Замисли си колку му било тешко и колку го болело Јехова кога бездушно неблагодарни луѓе ги довеле неговата милост и стрпливост до крајна граница. Понатаму, кога медитираме за 30. и 31. стих, во кои е опишан цврстиот, смел став на Финес кон правдата, уверени сме дека Јехова не ги заборава оние што му се лојални и изобилно ги наградува.
Применувај ги библиските начела во својот живот. Кога ги почитуваме библиските начела, самите гледаме на кој начин дејствува советот од Јехова. Пословици 3:5, 6 вели: „Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум. Мисли на Него на сите свои патишта и Тој ќе ги исправи твоите патеки“. Размислувај за тоа како неморалните постапки на многу луѓе им донеле за возврат ментални, емоционални и физички проблеми. Со тоа што се впуштале во моментални задоволства, таквите луѓе жнеат години — па дури и цел еден живот — на болка. Како остра спротивност на тоа, оние што одат по ,тесниот пат‘ како однапред да го вкусуваат животот во новиот систем, и тоа ги охрабрува да продолжат на патот кон живот (Матеј 7:13, 14; Псалм 34:8).
Применувањето на библиските начела може да биде тешка задача. Понекогаш, може да изгледа дека некое небиблиско решение нуди моментално олеснување во некоја тешка ситуација. На пример, во време на финансиски тешкотии, може да биде примамливо да се стават интересите Проповедник 8:12). Можеби некој христијанин повремено ќе мора да работи прекувремено, но никогаш не би станал како Исав кој ги презрел светите работи и ги отфрлил како неважни (Битие 25:34; Евреите 12:16).
на Царството на второ место. Меѓутоа, оние што постапуваат со вера и го задржуваат својот духовен фокус се уверени дека на крајот „ќе бидат среќни оние кои се бојат од Бога“ (Исус јасно објаснил кои се нашите одговорности како христијани. Треба ,да го бараме најнапред царството и Божјата праведност‘ (Матеј 6:33). Ако го правиме тоа, Јехова ќе ја покаже својата татковска љубов кон нас со тоа што ни гарантира дека ќе го имаме она што ни треба во материјален поглед. Се разбира, тој не сака да се оптовариме со тегобни грижи за работи за кои што тој вели дека се негова грижа. Таквите претерани тегобни грижи можат да бидат како духовен глауком — кога не се лекува, почнува полека да ни го намалува видното поле така што ги гледаме само материјалните грижи и на крај духовно ослепуваме. Ако останеме во таква состојба, Јеховиниот ден ќе нѐ затече „како замка“. Каква трагедија би било тоа! (Лука 21:34—36).
Остани фокусиран како Исус Навин
Да ја задржиме нашата славна надеж за Царството јасно во фокусот и да ги ставиме другите одговорности на нивното исправно место. Со тоа што ќе бидеме истрајни во нашата рутина на проучување, медитирање и применување на библиските начела, можеме да бидеме сигурни во нашата надеж како што бил и Исус Навин. Откако ги внел Израелците во Ветената земја, рекол: „Знајте и признајте со сето свое срце и со сета своја душа: ниедно од овие ветувања, кои ви ги даде Господ, вашиот Бог, нема да остане неисполнето“ (Исус Навин 23:14).
Нека надежта за Царството ти даде сила и нека ти ги разубави деновите така што ќе се одразува во твоите мисли, чувства, одлуки и постапки (Пословици 15:15; Римјаните 12:12).
[Слика на страница 21]
Дали некогаш си се посомневал дека ќе влезеш во новиот свет?
[Слика на страница 22]
Медитирањето е многу важен дел од проучувањето на Библијата
[Слики на страница 23]
Остани фокусиран на интересите на Царството