Треба ли да им се молиме на ангелите за помош?
Треба ли да им се молиме на ангелите за помош?
ДАЛИ е исправно да се молиме на ангели кога имаме некоја мака? Многу луѓе мислат дека е. Всушност, New Catholic Encyclopedia вели: „Човек се моли . . . на ангелите . . . но само во смисла дека тие можат да посредуваат меѓу Бог и нас“. Треба ли да ги молиме ангелите да посредуваат за нас?
Божјата реч ги дава имињата само на два Божји верни ангела, Михаел и Гавриел (Даниел 8:16; 12:1; Лука 1:26; Јуда 9). Бидејќи овие имиња се спомнати во Библијата, гледаме дека секој ангел си е посебна духовна личност со свое име, а не само некоја безлична енергија или сила. Сепак, други ангели одбиле да го откријат своето име. На пример, кога Јаков го замолил ангелот што го посетил да му го каже своето име, тој одбил (Битие 32:29; Судии 13:17, 18). Во Библијата не е даден никаков список со имиња на ангели, со што е спречено луѓето да им посветуваат претерано внимание.
Една од должностите на ангелите е да им пренесуваат на луѓето пораки од Бог. Всушност, оригиналниот хебрејски и грчки збор преведен со „ангел“ буквално значи „гласник“. Меѓутоа, ангелите не служат како посредници кои ги пренесуваат молитвите на луѓето до престолот на Севишиот. Бог одлучил молитвите да бидат упатени до него во името на неговиот Син, Исус Христос, кој рекол: „За што и да побарате од Таткото во мое име, тоа и да ви го даде“ (Јован 15:16; 1. Тимотеј 2:5).
Јехова Бог никогаш не е презафатен за да нѐ сослуша ако му пристапиме на исправен начин. Библијата ни го дава ова уверување: „Господ [Јехова, NW] е близу до сите кои Го повикуваат, до сите што Го призиваат искрено“ (Псалм 145:18).