Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Да им правиме или да не им правиме на другите?

Да им правиме или да не им правиме на другите?

Да им правиме или да не им правиме на другите?

„ОНА што не сакаш другите да ти го прават тебе, не прави им го ни ти ним.“ Ова етичко мото му се припишува на познатиот кинески учител и филозоф Конфучие. Денес, околу 2.500 години подоцна, мнозина сѐ уште веруваат дека човек ја исполнува својата морална должност само со тоа што не им прави никакво зло на другите.

Мора да се признае, ова правило на однесување на Конфучие си има своја вредност. Библијата, од друга страна, открива еден друг аспект на човечкото однесување и меѓусебните односи. Освен она што може да се нарече грев на престап, т.е. да им се прават лоши работи на другите, Библијата зборува и за грев на пропуст. Христијанскиот ученик Јаков напишал: „Ако некој знае како да го прави она што е исправно, а сепак не го прави, тоа му е грев“ (Јаков 4:17). Наместо едноставно да ги подучи христијаните да не им прават лошо на другите, Исус Христос им го дал овој совет: „Сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, истото правете им го и вие; всушност, тоа значат Законот и Пророците“ (Матеј 7:12).

Првобитната намера на Бог била сите луѓе да се однесуваат еден со друг онака како што тие би сакале да се однесуваат другите со нив. Тој го дал најдобриот пример во покажувањето грижа за доброто на другите со тоа како ги создал луѓето: „Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско“ (Битие 1:27). Ова значи дека Бог со љубов им дал на луѓето совест, која, кога е исправно школувана, ќе ги води да постапуваат со другите на начин на кој и самите би сакале со нив да се постапува.

Мнозина денес безнадежно и беспомошно страдаат од рацете на безобѕирни и егоистични луѓе. Очигледно, потребно е повеќе отколку само да не се прави она што е лошо и штетно за другите, напротив, треба да се прави она што е добро и корисно за нив. Поради ова, Јеховините сведоци доброволно преземаат позитивна акција да им помогнат на другите да ја дознаат прекрасната надеж што се наоѓа во Божјата реч. Кога ги посетуваат своите ближни со добрата вест од Библијата, го прават тоа со дух на љубов, правејќи им го на другите она што би сакале и другите да им го прават ним.