Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Да правиме добро во време на неволја

Да правиме добро во време на неволја

Да правиме добро во време на неволја

„ДА ИМ правиме добро на сите“, поттикнал апостол Павле, „а особено на оние кои ни се сродни по верата“ (Галатите 6:10). Јеховините сведоци низ целиот свет марливо се трудат да го применуваат ова начело во својот живот, правејќи им добро на сите, а особено на своите соверници. Ова често може да се види во време на неволја. Да разгледаме некои неодамнешни примери од три земји.

Во декември 2002, еден силен тајфун го погоди Гуам со ветрови што надминуваа брзина од 300 километри на час. Многу домови беа срушени, некои и потполно уништени. Локалните собранија веднаш организираа екипи за расчистување што ќе им помогнат на оние семејства на Сведоците кои беа најтешко погодени. Подружницата во Гуам обезбеди материјали и работна сила за да се поправат оштетените домови, а помош даде и подружницата од Хаваи. За неколку седмици, од Хаваи пристигна една екипа столари за да помогне околу поправките, а за да им помогнат ним, некои локални браќа си зедоа одмор од работа. Духот на радосна соработка беше сведоштво за сите во заедницата.

Во едно предградие на градот Мандалеј (Мјанмар), недалеку од Салата на Царството избил пожар. Во близина имало една куќа што ѝ припаѓала на една неактивна сестра и нејзиното семејство. Ветрот дувал во правец на нејзината куќа, па затоа таа истрчала до Салата за да побара помош. Во тоа време, Салата се реновирала, поради што таму имало многу браќа. Биле изненадени кога ја виделе сестрата зашто не знаеле дека живее во околината. Браќата брзо помогнале работите на семејството да се пренесат на сигурно. Кога сопругот, кој не е Сведок, чул за пожарот, отрчал дома каде што ги видел браќата како се грижат за неговото семејство. Освен што бил воодушевен и благодарен, исто така му олеснало зашто крадците честопати ги искористуваат таквите ситуации. Овој израз на љубезност од страна на браќата ги мотивирал сестрата и нејзиниот син повторно да се поврзат со христијанското собрание, и сега редовно присуствуваат на сите состаноци.

Во текот на минатата службена година, мнозина во Мозамбик се соочија со глад поради сушата и лошата жетва. Локалната канцеларија на подружницата на Јеховините сведоци брзо реагираше обезбедувајќи храна за оние на кои таа им беше потребна. Храната се делеше во Салите на Царството, понекогаш после собраниските состаноци. Една сестра која е самохрана мајка рекла: „Дојдов на состанок депримирана, не знаејќи што ќе им дадам на децата да јадат кога ќе се вратиме дома“. Помошта што со љубов ја обезбедија браќата брзо ја живнала. „Тоа беше како воскресение за мене!“ рекла таа.

Сведоците, исто така, ‚прават добро‘ во духовна смисла со тоа што ја споделуваат библиската порака на утеха и надеж. Тие веруваат, како што верувал и еден мудар човек од дамнина: ‚Кој ја слуша [Божјата мудрост], останува безгрижен и живее спокојно без страв од зло‘ (Пословици 1:33).

[Слики на страница 31]

1, 2. Делење на храна на оние на кои им е потребна во Мозамбик

3, 4. Тајфунот во Гуам уништи многу домови

[Извори на слики]

Дете, лево: Andrea Booher/FEMA News Photo; жена, горе: AP Photo/Pacific Daily News, Masako Watanabe