Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Можат ли твоите молитви да сменат нешто?

Можат ли твоите молитви да сменат нешто?

Можат ли твоите молитви да сменат нешто?

КОЈ од нас не се соочил со некоја тешка ситуација над која сме немале контрола? Библијата покажува дека апостол Павле знаел дека молитвата може да влијае врз исходот од таквите ситуации.

Кога бил неправедно затворен во Рим, Павле ги замолил своите соверници да се молат за него, додавајќи: „Ве поттикнувам да го правите тоа за да ви бидам вратен што поскоро“ (Евреите 13:18, 19). Во една друга прилика, Павле изразил увереност дека Бог ќе одговори на молитвите да биде порано пуштен од затвор (Филимон 22). Наскоро Павле бил ослободен и повторно се зафатил со своето мисионерско дело.

Но, може ли молитвата навистина да го смени исходот од твоите проблеми? Можеби. Меѓутоа, запамти дека молитвата не е само формална религиозна практика. Таа е вистинска комуникација со нашиот љубезен и моќен Татко на небото. Не треба да се притеснуваме да бидеме многу конкретни во нашите молитви, но потоа стрпливо да чекаме да видиме како ќе одговори Јехова.

Бог можеби нема директно да одговори на секоја молитва, и можеби нема секогаш да одговори на начин и во време кога ние очекуваме. На пример, Павле секогаш одново се молел во врска со неговиот „трн во телото“. Бог не го тргнал проблемот на Павле, што и да бил тој проблем, но го утешил со зајакнувачките зборови: „Доволна ти е мојата незаслужена љубезност; зашто мојата сила се усовршува во слабост“ (2. Коринќаните 12:7—9).

И ние можеме да бидеме уверени дека дури и да не отстрани некој одреден проблем, Бог може да ‚направи излез за да можеме да го поднесеме‘ (1. Коринќаните 10:13). Наскоро, Бог ќе им стави крај на сите човечки страдања. Во меѓувреме, тоа што ќе му се обратиме на „оној што ја слуша молитвата“ може да смени нешто (Псалм 65:2NW).