Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали Бог е одговорен за нашите проблеми?

Дали Бог е одговорен за нашите проблеми?

Дали Бог е одговорен за нашите проблеми?

КОГА нејзината возрасна ќерка претрпела тешка повреда на мозокот, Мерион * го направила она што би го направиле повеќето од нас. Му се помолила на Бог за помош. „Не се сеќавам кога другпат сум се чувствувала толку изгубено и осамено“, вели Мерион. Подоцна, состојбата на ќерка ѝ се влошила и Мерион почнала да се сомнева во Бог. „Зошто се случува ова?“, се прашувала. Не можела да сфати како може еден грижлив Бог полн со љубов да ја напушти.

Искуството на Мерион во никој случај не е единствено. Безброј луѓе низ целиот свет се чувствувале напуштени од Бог во време на неволја. „Сѐ уште се борам со прашања ‚зошто БОЖЕ‘ “, вели Лиса по убиството на нејзиниот внук. „Не ја изгубив потполно верата во Бог, но таа дефинитивно се смени.“ Слично на тоа, откако доживеала една бесмислена несреќа во која било вклучено нејзиното мало синче, една жена рекла: „Бог не ми даде никаква утеха поради она што се случи. Не ми покажа никаков знак на грижа ниту сочувство.“ Таа додала: „Никогаш нема да му простам на Бог“.

Други развиваат чувства на огорченост кон Бог кога ќе го погледнат светот околу себе. Гледаат општества притиснати од сиромаштија и глад, очајни воени бегалци, огромен број деца што останале сираци како последица на СИДА и милиони луѓе измачувани од други болести. Соочени со овие и слични трагедии, мнозина го обвинуваат Бог затоа што се чини дека е незаинтересиран.

Меѓутоа, вистината е дека Бог не е виновен за проблемите што го мачат човештвото. Всушност, постојат оправдани причини да веруваме дека Бог наскоро ќе ги поправи сите штети што се нанесени врз човечкото семејство. Те молиме, сврти на наредната статија за да видиш дека Бог навистина се грижи за нас.

[Фуснота]

^ пас. 2 Имињата се сменети.