Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали уживаш во „законот на Јехова“?

Дали уживаш во „законот на Јехова“?

Дали уживаш во „законот на Јехова“?

„Среќен е човекот кој . . . ужива во законот на Јехова“ (ПСАЛМ 1:1, 2, NW).

1. Зошто сме среќни како Јеховини слуги?

 ЈЕХОВА нѐ поддржува и нѐ благословува како негови лојални слуги. Точно, се соочуваме со многу испити. Меѓутоа, ние сепак сме и навистина среќни. Тоа не е за изненадување, бидејќи му служиме на „среќниот Бог“, а неговиот свет дух создава радост во нашите срца (1. Тимотеј 1:11; Галатите 5:22). Радоста е состојба на вистинска среќа што се јавува кога очекуваме или кога ќе добиеме нешто добро. А нашиот небесен Татко сигурно ни дава добри дарови (Јаков 1:17). Не е никакво чудо што сме среќни!

2. Кои псалми ќе ги разгледаме?

2 Среќата особено се нагласува во книгата Псалми. На пример, тоа е случај со Псалми 1 и 2. Според раните следбеници на Исус Христос, вториот псалм го напишал израелскиот цар Давид (Дела 4:25, 26). Непознатиот составувач на првиот псалм ја почнува својата инспирирана песна со зборовите: „Среќен е човекот кој не оди по советот на злите“ (Псалм 1:1NW). Во оваа и во следната статија, ќе видиме како Псалми 1 и 2 ни даваат причина за радост.

Тајната на среќата

3. Според Псалм 1:1, кои се некои причини зошто побожниот човек е среќен?

3 Псалм 1 покажува зошто побожниот човек е среќен. Изнесувајќи некои причини зошто тој чувствува таква среќа, псалмистот во песна вели: „Среќен е човекот кој не оди по советот на злите, не стои на патот на грешниците и не седи во друштвото на потсмевачите“ (Псалм 1:1NW).

4. Каков примерен живот воделе Захарија и Елисавета?

4 За да бидеме навистина среќни, мораме да се подложиме на Јеховините праведни барања. Захарија и Елисавета, кои ја имале радосната предност да станат родители на Јован Крстител, ‚биле праведни пред Бог затоа што оделе беспрекорно според сите Јеховини заповеди и законски барања‘ (Лука 1:5, 6). И ние можеме да бидеме среќни ако постапуваме така и ако категорично одбиеме ‚да одиме по советот на злите‘ или да се водиме по нивната злобна препорака.

5. Што може да ни помогне да не одиме по „патот на грешниците“?

5 Ако го отфрлиме размислувањето на злобните, нема да ‚стоиме на патот на грешниците‘. Всушност, и дословно нема да бидеме таму каде што честопати се наоѓаат тие — на места каде што има неморална забава или што се на лош глас. Што ако сме на искушение да им се придружиме на грешниците во нивното небиблиско постапување? Тогаш, да го молиме Бог да ни помогне да постапуваме во склад со зборовите на апостол Павле: „Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверници. Зашто, што имаат заедничко праведноста и беззаконието? Или какво заедништво има светлината со темнината?“ (2. Коринќаните 6:14). Ако се потпираме на Бог и ако сме „со чисто срце“, нема да го прифатиме ставот и начинот на живот на грешниците и ќе имаме чисти мотиви и желби, како и „нелицемерна вера“ (Матеј 5:8; 1. Тимотеј 1:5).

6. Зошто треба да се чуваме од потсмевачите?

6 За да му угодиме на Јехова, во никој случај не смееме ‚да седиме во друштвото на потсмевачите‘. Некои се потсмеваат и на самата побожност, но во овие ‚последни денови‘, поранешните христијани што станале отпадници честопати се потсмеваат со посебен презир. Апостол Петар ги опоменал своите соверници: „Љубени . . . најпрво знајте го ова, дека во последните денови ќе дојдат потсмевачи со своето потсмевање, кои ќе постапуваат според своите сопствени желби и ќе говорат: ‚Каде е таа негова ветена присутност? Оти, од денот кога нашите прататковци заспаа во смрт, сѐ си стои токму како од почетокот на создавањето‘ “ (2. Петрово 3:1—4). Ако никогаш не ‚седиме во друштвото на потсмевачите‘, ќе ја избегнеме катастрофата што сигурно ќе ги снајде (Пословици 1:22—27).

7. Зошто треба да ги земеме при срце зборовите од Псалм 1:1?

7 Доколку не ги земеме при срце уводните зборови од Псалм 1, би можеле да ја изгубиме духовноста што сме ја стекнале со проучување на Писмото. Всушност, така би можеле да почнеме да одиме од лошо на полошо. Ако го слушаме советот на злобните, ќе почнеме духовно да паѓаме. Потоа можеби редовно ќе почнеме да се дружиме со нив. Со текот на времето, би можеле да станеме дури и неверни потсмевачи што и самите отпаднале. Очигледно, пријателството со злобните може да потстрекне безбожни ставови кај нас и може да го уништи нашиот однос со Јехова Бог (1. Коринќаните 15:33; Јаков 4:4). Никогаш да не дозволиме да ни се случи такво нешто!

8. Што ќе ни помогне да ги задржиме духовните работи цврсто во мислите?

8 Молитвата ќе ни помогне да ги задржиме духовните работи цврсто во мислите и да не одиме во друштвото на злобните. „Не бидете загрижени за ништо“, напишал Павле, „туку во сѐ преку молитва и преколнување заедно со благодарност, вашите молби нека бидат објавени пред Бог; и мирот Божји кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува вашите срца и мисловни сили преку Христос Исус“. Овој апостол охрабрил да мислиме на она што е вистинито, она што заслужува сериозно внимание, што е праведно, чесно, вредно за сакање, за кое добро се зборува, за она што е доблест и што е вредно за пофалба (Филипјаните 4:6—8). Да постапуваме во склад со советот што го дал Павле и никогаш да не паднеме на ниво на злобните.

9. Иако ги отфрламе злобните постапки, како се обидуваме да им помогнеме на сите видови луѓе?

9 Иако ги отфрламе злобните постапки, ние сепак тактично им сведочиме на другите, исто како што апостол Павле му зборувал на римскиот управител Феликс „за праведноста, за самосовладувањето и за судот што ќе дојде“ (Дела 24:24, 25; Колошаните 4:6). Им ја проповедаме добрата вест за Царството на сите видови луѓе и љубезно постапуваме со нив. Уверени сме дека оние што се „исправно наклонети кон вечниот живот“ ќе станат верници и ќе уживаат во Божјиот закон (Дела 13:48).

Ужива во Јеховиниот закон

10. Што ќе ни помогне неизбришливо да го врежеме во умот и срцето она што го читаме за време на нашата лична студија?

10 Во врска со среќниот човек, псалмистот понатаму вели: „Ужива во законот на Јехова и со пригушен глас го чита неговиот закон дење и ноќе“ (Псалм 1:2NW). Како Божји слуги, ние ‚уживаме во законот на Јехова‘. Кога е можно, за време на нашата лична студија и кога медитираме, можеме да читаме „со пригушен глас“, изговарајќи ги зборовите. Ако правиме така кога читаме кој и да е дел од Писмото, тоа ќе ни помогне неизбришливо да го врежеме прочитаното во нашиот ум и во нашето срце.

11. Зошто треба да ја читаме Библијата „дење и ноќе“?

11 „Верниот и разборит роб“ нѐ охрабрува секојдневно да ја читаме Библијата (Матеј 24:45). Поради тоа што имаме силна желба подобро да се запознаеме со Јеховината порака за човештвото, ќе биде добро да ја читаме Библијата „дење и ноќе“ — да, дури и кога од некоја причина не можеме да спиеме. Петар нѐ поттикнува: „Како новороденчиња, развијте копнеж по неизвалканото млеко кое ѝ припаѓа на речта за преку него да пораснете до спасение“ (1. Петрово 2:1, 2). Дали уживаш да ја читаш Библијата секој ден и дали медитираш ноќе за Божјата реч и за неговите намери? Псалмистот уживал во тоа (Псалм 63:6).

12. Што ќе правиме ако уживаме во Јеховиниот закон?

12 Нашата вечна среќа зависи од тоа дали уживаме во Божјиот закон. Тој е совршен и праведен, и ако го држиме ќе имаме голема награда (Псалм 19:7—11). Ученикот Јаков напишал: „Оној кој се загледува во совршениот закон кој ѝ припаѓа на слободата и истрајува во него, тој човек, затоа што станал извршител на делото, а не заборавлив слушател, ќе биде среќен што го врши“ (Јаков 1:25). Ако навистина уживаме во Јеховиниот закон, нема да ни помине ниту еден ден без да размислуваме за духовни работи. Навистина, ќе бидеме мотивирани ‚да истражуваме во длабоките работи Божји‘ и да ги задржиме интересите на Царството на прво место во животот (1. Коринќаните 2:10—13; Матеј 6:33).

Тој ќе стане како дрво

13-15. Во кој поглед можеме да бидеме како дрво засадено крај обилен извор на вода?

13 Додека понатаму го опишува праведниот човек, псалмистот вели: „Тој е како дрво засадено покрај водни потоци, што донесува плод во свое време; неговите лисја никогаш не венат; сѐ што прави, во сѐ успева“ (Псалм 1:3). Исто како и сите други несовршени луѓе, и ние што му служиме на Јехова имаме проблеми во животот (Јов 14:1). Можеби трпиме прогонство и различни други испити поврзани со нашата вера (Матеј 5:10—12). Меѓутоа, со Божја помош можеме успешно да ги поднесеме тие испити, исто како што едно здраво дрво одолева на доста силни ветрови.

14 Дрвото што е засадено крај непресушен извор на вода не се суши кога времето е топло или кога има суша. Ако сме богобојазливи, нашата сила ќе доаѓа од еден непресушен Извор — Јехова Бог. Павле барал помош од Бог и можел да рече: „За сѐ имам сила со помош на оној [Јехова] кој ми дава моќ“ (Филипјаните 4:13). Кога Јеховиниот свет дух нѐ води и духовно нѐ крепи, не овенуваме и не стануваме неплодни или духовно мртви. Ние сме плодни во Божјата служба и ги покажуваме плодовите на неговиот дух (Еремија 17:7, 8; Галатите 5:22, 23).

15 Користејќи го хебрејскиот збор преведен со „како“, псалмистот употребува компарација, односно споредба. Тој споредува две работи што се различни, но имаат некоја заедничка карактеристика. Луѓето и дрвјата се разликуваат, но изгледа дека бујноста на дрвото што е засадено крај обилен извор на вода го потсетила псалмистот на духовниот напредок на оние што ‚уживаат во законот на Јехова‘. Ако уживаме во Божјиот закон, нашите денови можат да станат како деновите на дрво. Всушност, можеме да живееме вечно (Јован 17:3).

16. Зошто и во кој поглед ‚успеваме во сѐ што правиме‘?

16 Додека живееме праведно, Јехова ни помага да го издржиме притисокот што ни го создаваат испитите и тешкотиите. Радосни сме и плодни во Божјата служба (Матеј 13:23; Лука 8:15). ‚Во сѐ што правиме, успеваме‘ затоа што главна цел ни е да ја извршуваме Јеховината волја. Бидејќи неговите намери секогаш успеваат и ние уживаме во неговите заповеди, напредуваме духовно (Битие 39:23; Исус Навин 1:7, 8; Исаија 55:11). Ова е случај дури и кога се соочуваме со тешки моменти (Псалм 112:1—3; 3. Јованово 2).

Се чини дека злобните напредуваат

17, 18. а) Со што ги споредува псалмистот злите луѓе? б) Дури и ако злите напредуваат материјално, зошто немаат трајна сигурност?

17 Колку само е поинаква судбината на злобните од судбината на праведните! Можеби изгледа дека привремено злобните напредуваат материјално, но тие не напредуваат духовно. Ова се гледа од натамошните зборови на псалмистот: „Нечесните не се такви, тие се како плева што ветрот ја разнесува. Затоа нечесните нема да се одржат на суд, ниту грешниците во собранието на праведните“ (Псалм 1:4, 5). Забележи дека псалмистот вели „нечесните не се такви“. Тој сака да каже дека тие не се како побожните луѓе, кои штотуку беа споредени со плодни, долговечни дрвја.

18 Дури и ако злобните напредуваат материјално, тие немаат трајна сигурност (Псалм 37:16; 73:3, 12). Тие се како неразумниот богаташ од една илустрација што ја кажал Исус кога бил замолен да посредува во еден спор околу наследството. Исус им рекол на оние што биле присутни: „Држете ги очите отворени и чувајте се од секаков вид лакомост бидејќи, дури и кога некој има изобилство, неговиот живот не произлегува од она што го поседува“. Исус ја илустрирал оваа мисла велејќи дека земјата на некој богат човек дала толку богат род што тој планирал да ги урне своите амбари и да изгради поголеми за да ги собере сите свои добра. Потоа човекот планирал да јаде, да пие и да ужива. Но, Бог рекол: „Безумнику, оваа ноќ ќе ја побараат твојата душа од тебе. Кој тогаш ќе ги има добрата што си ги собрал?“ За да нагласи што сакал да каже, Исус додал: „Така бидува со оној човек кој си собира благо, а не е богат пред Бога“ (Лука 12:13—21).

19, 20. а) Опиши како се вршело и веело во старо време. б) Зошто злобните се споредени со плева?

19 Злобните не се ‚богати пред Бога‘. Затоа, тие не се посигурни и постабилни од плевата, тенката лушпа на зрната жито. Во старо време, откако ќе се ожнеело житото, се носело на гумно, рамно место што обично се наоѓало на повисоко. Животните ги влечеле вршалките што имале остар камен или железен забец на долната страна со кој се дробеле стебленцата и излегувале зрната од лушпата. Потоа се користела лопата за веење за да се собере сѐ и да се фрли во воздух за да го извее ветрот (Исаија 30:24). Зрната паѓале на гумното, додека ветрот ја носел сламата настрана и ја одвејувал плевата (Рута 3:2). Откако житото ќе се просеело низ сито за да се отстранат камчињата и слично, тоа било спремно за складирање или за мелење (Лука 22:31). Но, плева веќе немало.

20 Исто како што зрната жито паѓале на земја и останувале а плевата била одвеана, така и праведните ќе останат а злобните ќе бидат отстранети. Сепак, сигурно сме среќни што наскоро таквите злосторници ќе ги снема засекогаш. Кога тие ќе бидат отстранети, врз луѓето што уживаат во Јеховиниот закон ќе биде излеан голем благослов. Всушност, послушното човештво на крајот ќе го добие Божјиот дар на вечен живот (Матеј 25:34—46; Римјаните 6:23).

Благословениот ‚пат на праведните‘

21. Во која смисла Јехова „го знае патот на праведните“?

21 Првиот псалм завршува со овие зборови: „Господ го знае патот на праведните; а патот на нечесните ќе пропадне“ (Псалм 1:6). Во која смисла Бог „го знае патот на праведните“? Па, ако постапуваме праведно, можеме да бидеме сигурни дека нашиот небесен Татко забележува дека водиме побожен живот и нѐ смета за свои одобрени слуги. Затоа, ние можеме и треба да ги фрлиме сите свои тегобни грижи на него уверени дека тој навистина се грижи за нас (Езекиел 34:11; 1. Петрово 5:6, 7).

22, 23. Што ќе се случи со злобните, а што со праведните?

22 „Патот на праведните“ ќе остане засекогаш, а оние што се непоправливо злобни ќе загинат затоа што Јехова донел неповолен суд за нив. А заедно со нив ќе заврши и нивниот ‚пат‘, односно начин на живот. Можеме да бидеме уверени дека ќе се исполнат зборовите на Давид: „Уште малку и ќе го снема безбожникот, ќе го бараш неговото место, а него веќе ќе го нема. Кротките ќе ја наследат земјата, тие ќе уживаат во изобилен мир. Праведните ќе ја наследат земјата и ќе живеат довека на неа“ (Псалм 37:10, 11, 29).

23 Колку само ќе бидеме среќни ако ни биде дадена предноста да живееме на рајска земја кога злобните повеќе нема да постојат! Тогаш кротките и праведните ќе живеат во вистински мир затоа што секогаш ќе уживаат во „законот на Јехова“. Но, пред да дојде тоа време, на сила мора да стапи „Јеховината одредба“ (Псалм 2:7аNW). Следната статија ќе ни помогне да видиме за каква одредба станува збор и што ќе значи таа за нас и за целото човештво.

Како би одговорил?

• Зошто побожниот човек е среќен?

• По што се гледа дека уживаме во Јеховиниот закон?

• Како може некој човек да биде како добро наводнето дрво?

• Во кој поглед патот на праведните се разликува од патот на злобните?

[Прашања]

[Слика на страница 11]

Молитвата ќе ни помогне да не се дружиме со злобните

[Слика на страница 12]

Зошто праведниот човек е како дрво?