Прашања од читателите
Прашања од читателите
Што е навестено со подготовката за јубилејна година, спомната во 25. поглавје од Левит?
Мојсеевиот закон пропишувал: „На седмата година и земјата нека ја ужива саботната починка“. Во врска со таа година, на Израелците им било заповедано: „Не засевај ги твоите ниви, ниту режи го твоето лозје. Што ќе порасне само од себе на твојата нива, не жнеј го; ниту го бери грозјето од нережана лозница. Тоа нека ѝ биде на земјата година на почивање“ (Левит 25:4, 5). Според тоа, секоја седма година требало да биде сабатна година за земјата. А секоја 50-та година, по годината на седмата сабатна година, требала да биде Јубилеј. Што требало да се случи таа година?
Преку пророкот Мојсеј, Јехова му рекол на Израел: „Таа педесетта година прогласете ја за света! Прогласете низ земјата ослободување на сите нејзини жители. Тоа нека ви биде прославна, проштавачка, година: секој нека се врати во својата татковина; секој нека се врати во својот род! Таа педесет-годишница нека ви биде јубилејна година: не сејте, не жнијте што ќе порасте само од себеси, ниту берете од нережана лоза“ (Левит 25:10, 11). Јубилејот значел две години сабат едно подруго за земјата. Но, за нејзините жители, тој донесувал слобода. Сите Евреи што биле продадени во ропство требало да бидат ослободени. Наследениот имот што некој можеби бил принуден да го продаде требало да му се врати на неговото семејство. Јубилејот требало да биде година на обнова и ослободување за древниот Израел. Што навестува тој за христијаните?
Побуната на првиот човек, Адам, го вовлекла човештвото во ропство на гревот. Божјата подготовка за ослободување на човештвото од стисокот на гревот е откупната жртва * (Матеј 20:28; Јован 3:16; 1. Јованово 2:1, 2). Кога се ослободени христијаните од законот на гревот? Обраќајќи им се на помазаните христијани, апостол Павле рекол: „Законот на тој дух кој дава живот во обединетост со Христос Исус, ве ослободи од законот на гревот и на смртта“ (Римјаните 8:2). Оние што имаат надеж за живот на небото ја добиваат оваа слобода кога се помазани со светиот дух. Иако нивните тела се човечки и несовршени, Бог ги прогласува за праведни и ги усвојува како свои духовни синови (Римјаните 3:24; 8:16, 17). За помазаниците како група, христијанскиот Јубилеј почнал на Пентекост 33 н.е.
на Исус ХристосШто е со другите овци, кои имаат изглед за вечен живот на земјата? (Јован 10:16). За другите овци, Илјадагодишното владеење на Христос ќе се покаже како време на обнова и ослободување. Во текот на илјадагодишниот Јубилеј Исус ќе ги примени користите од неговата откупна жртва врз верното човештво и ќе ги укине последиците од гревот (Откровение 21:3, 4). До крајот на Христовото илјадагодишно владеење, човештвото ќе достигне човечко совршенство и потполно ќе биде ослободено од наследениот грев и смртта (Римјаните 8:21). Кога тоа ќе се исполни, ќе заврши христијанскиот Јубилеј.
[Фуснота]
^ Всушност, Исус бил испратен ‚да им проповеда слобода на заробените‘ (Исаија 61:1—7; Лука 4:16—21). Тој објавувал духовно ослободување.
[Слика на страница 26]
Илјадагодишниот Јубилеј — време на обнова и ослободување за ‚другите овци‘