„Би сакале да речеме ‚Да!‘“
„Би сакале да речеме ‚Да!‘ “
КАНЦЕЛАРИЈАТА на подружницата на Јеховините сведоци во Нигерија неодамна доби писмо во кое делумно се вели:
„Нашиот син Андерсон почина кога имаше 14 години. Пред да умре, одгледуваше две кокошки. Сакаше да ги продаде и потоа да ги прати парите до канцеларијата на подружницата како доброволен прилог за делото на проповедање низ светот. Но, почина пред да може да ги продаде кокошките.
Знаејќи ја неговата желба, ние, неговите родители, ги одгледавме кокошките и ги продадовме. Ви ги праќаме парите како доброволен прилог од Андерсон. Како што ветил Јехова, уверени сме дека наскоро — многу скоро — повторно ќе го видиме Андерсон. Кога ќе нѐ праша дали сме му ја исполниле желбата, би сакале да речеме ‚Да!‘. Навистина, со нетрпение очекуваме да го видиме не само Андерсон туку и еден „голем облак со сведоци“ што ќе бидат воскреснати“ (Евреите 12:1; Јован 5:28, 29).
Како што се гледа јасно од ова писмо, верувањето во воскресение е надеж што ги поткрепува вистинските христијани. Колку само ќе се радуваат милиони семејства кога, како и семејството на Андерсон, ќе ги пречекаат своите сакани што ги изгубиле поради непријателот — смртта! (1. Коринќаните 15:24—26).
Божјата реч ја дава оваа утешна надеж за воскресение како една од многуте прекрасни работи што наскоро ќе се случат во праведниот нов свет под Божјето Царство (2. Петрово 3:13). Зборувајќи за тоа што ќе направи Бог за луѓето во тоа време, Библијата вели: „Тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ниту ќе има веќе тага ни пискот ни болка. Поранешните работи поминаа“ (Откровение 21:4).