Млади — дозволете родителите да ви помогнат да си го заштитите срцето!
Млади — дозволете родителите да ви помогнат да си го заштитите срцето!
ШТО мислиш, која е најтешката задача со која се соочува еден капетан на брод? Да го помине огромниот океан безбедно? Обично не. Најголемиот број бродоломи се случуваат близу до брегот, а не на отворено море. Всушност, да се смести еден брод во некое пристаниште може да биде дури поопасно и од тоа да се спушти авион. Зошто?
Пред безбедно да го закотви бродот, капетанот мора да ги избегне сите опасности што ги носи едно пристаниште. Треба да ги земе предвид подводните струи за да не се чукне со друг брод. Исто така, мора да ги заобиколи подводните песочни наноси, карпите или останките од потопени бродови што се кријат под водата. Што е уште полошо, можеби првпат доаѓа во тоа пристаниште.
Како помош за да ги совлада овие проблеми, еден мудар капетан можеби ќе ги побара услугите од кормилар што многу добро ги познава локалните води. Кормиларот стои на мостот до капетанот и дава стручни упатства. Заедно ги разгледуваат опасностите и го управуваат бродот низ сите тесни канали до пристаништето.
Скапоценото стручно мислење на кормиларот ја илустрира непроценливата помош што им е на располагање на христијанските младинци кои мораат да си зацртаат пат низ немирните води на животот. Каква е оваа помош? Зошто им е потребна на тинејџерите?
Да продолжиме со илустрацијата за бродот. Ако си адолесцент, ти си како еден капетан на брод зашто и ти мораш постепено да преземеш одговорност за твојот живот. А твоите родители имаат улога слична на улогата на бродскиот кормилар, зашто се обидуваат да те водат низ некои од најтешките ситуации со коишто ќе се соочиш во животот. Меѓутоа, во тинејџерските години, можеби ќе ти биде тешко да прифатиш совет од родителите. Зошто?
Проблемот честопати е поврзан со срцето. Можеби твоето фигуративно срце те тера да го посакуваш она што е забрането или да се буниш против сѐ што мислиш дека ти ја одзема слободата. „Помислите на срцето човечко“, вели Библијата, „се зли уште од младини“ (Битие 8:21, ПСП). Јехова отворено кажува дека те чека вистински испит. „Срцето е поизмамливо од сѐ друго и опасно тврдоглаво“, предупредува тој (Еремија 17:9, Rotherham). Освен што може да крие во себе погрешни желби, срцето може да го намами младиот човек да размислува дека знае повеќе од своите родители, иако тие имаат многу поголемо искуство. Меѓутоа, има добри причини да побараш помош од твоите родители додека пловиш низ тешките тинејџерски години.
Зошто да ги слушаш твоите родители?
Пред сѐ, Јехова, Оној што го основал семејството, ти кажува дека треба да ги слушаш упатствата од твоите родители (Ефешаните 3:15). Бидејќи Бог одредил твоите родители да се грижат за тебе, ти го дава овој совет: „Деца, правилно е да ги слушате своите родители зашто Господ ги поставил над вас“ (Ефешаните 6:1—3, Phillips; Псалм 78:5). Иако можеби сега си во тинејџерските години, твоите родители сѐ уште имаат одговорност да ти даваат водство, а ти имаш обврска да ги слушаш. Кога апостол Павле напишал дека децата треба да ги слушаат своите родители, употребил еден грчки збор што може да се однесува на деца од секоја возраст. На пример, како што е запишано во Матеј 23:37, Исус се осврнал на жителите на Ерусалим како на „деца“, иако повеќето биле возрасни.
Мнозина верни мажи од минатото продолжиле да ги слушаат своите родители долго откако станале возрасни. Јаков, иако бил возрасен човек, сфатил дека треба да ја послуша заповедта на татка си да не се ожени со жена што не е обожавател на Јехова (Битие 28:1, 2). Без сомнение, Јаков, исто така, забележал дека одлуката на брат му да се ожени со ханански жени кои биле паганки им нанела голема болка на неговите родители (Битие 27:46).
Освен што Бог им дал должност да ти даваат водство, твоите христијански родители веројатно се најквалификувани да ти бидат советници. Првенствено затоа што те познаваат толку добро и, без сомнение, во текот на сите овие години ти покажале дека несебично те сакаат. Како кормиларот на еден брод, тие зборуваат од искуство. И самите тие ги искусиле „желбите кои ѝ се својствени на младоста“. А како вистински христијани, лично увиделе колку е корисно да се следат библиските начела (2. Тимотеј 2:22).
Со такви искусни помошници покрај себе, имаш помош за успешно да се справиш дури и со најтешките ситуации. Да го земеме, на пример, твојот однос со спротивниот пол. Како можат христијанските родители да те водат во врска со ова осетливо прашање?
Привлечени од спротивниот пол
Кормиларот го советува капетанот на бродот да ги заобиколат песочните наноси што се протегаат под водата од што подалеку. Песочните наноси се меки, но и измамливи, зашто постојано ја менуваат положбата. И твоите родители ќе сакаат да се држиш понастрана од ситуации што би можеле емоционално да те фатат во стапица. На пример, родителите знаат дека чувствата кон спротивниот пол се силни и дека може да биде тешко да се дефинираат. Но, кога еднаш ќе бидат разбудени, овие чувства можат да те наведат да заринкаш.
Примерот на Дина покажува колку е ризично да се оди преблизу до опасноста. Можеби љубопитноста и желбата да се забавува ја поттикнале Дина да посака да се дружи со ханаанските девојки, коишто несомнено имале лабав морал. Она што во почетокот изгледало како невина забава, наскоро довело до трагично искуство — била силувана од „најпочитуваниот“ млад човек во градот (Битие 34:1, 2, 19).
Таквите опасности се уште поголеми затоа што живееме во време кога сексот постојано се нагласува (Осија 5:4). Повеќето млади можеби оддаваат впечаток дека да се забавауваш со спротивниот пол е највозбудливото нешто. Можеби срцето почнува забрзано да ти чука при помислата да бидеш сам со некој што физички ти е привлечен. Но, родителите кои те сакаат, ќе се обидат да те заштитат од друштвото на млади што не ги почитуваат Божјите мерила.
Лора признава дека љубопитноста може ги направи тинејџерите слепи за опасноста. „Кога девојките од мојот клас ми кажуваат дека цела ноќ танцувале со некои згодни дечки, прават тоа да звучи како нешто незаборавно. Јасно ми е дека честопати преувеличуваат, но сепак сум љубопитна и мислам дека пропуштам голема забава. Иако знам дека моите родители се во право кога не ме пуштаат да одам на такви места, сепак тоа е искушение за мене.“
Бродот нема кочници и затоа му треба подолго време за да запре. Родителите знаат дека и страста е слична. Книгата Пословици споредува еден човек што е воден од необуздана страст со вол што го водат на колење (Пословици 7:21—23). Ти не сакаш да дозволиш нешто такво да ти се случи тебе, нешто што ќе те доведе до емоционален и духовен бродолом. Твоите родители можат да увидат кога, во поглед на ова, срцето ќе почне да те води во погрешен правец и можеби затоа ќе ти дадат совет. Ќе бидеш ли мудар да ги послушаш и со тоа да спречиш катастрофа? (Пословици 1:8; 27:12).
Поддршката од родителите ти е потребна за да се справиш и со притисокот од врсниците. Како можат да ти помогнат?
Силата на убедување на твоите врсници
Некоја силна плима или струја може да го исфрли бродот од курсот. За да се спротивстави на оваа сила, бродот мора да биде управуван во друг правец. На сличен начин, силата на убедување на другите млади може во духовна смисла да те исфрли од курсот доколку не преземеш противмерки.
Како што покажува искуството на Дина, „ако се дружиш со глупави луѓе, ќе бидеш уништен“ (Пословици 13:20, Today’s English Version). Не заборавај дека кога се користи во Библијата, „глупав“ е оној што не го познава Јехова или што избира да не оди по неговите патишта.
Меѓутоа, можеби нема да биде лесно да ги отфрлиш гледиштата или постапките на твоите соученици. Марија Хозе објаснува: „Сакав другите млади да ме прифатат. Бидејќи не сакав да мислат дека сум поинаква, ги имитирав најдобро што можев“. Без да бидеш свесен, твоите врсници можат да влијаат врз тебе — во изборот на музика, во начинот на кој сакаш да се облекуваш или дури и во тоа како зборуваш. Можеби ти е убаво со млади што се на твоја возраст. Тоа е нормално, но и те изложува на нивното силно влијание кое може да биде штетно (Каролин раскажува со каков проблем се соочила пред неколку години: „Уште на 13 години, повеќето девојки околу мене имаа дечковци и неколку години бев под постојан притисок да го следам нивниот пример. Меѓутоа, мајка ми ме водеше низ ова тешко време. Поминуваше часови слушајќи ме, резонирајќи со мене, и ми помогна да увидам дека треба да ги оставам таквите врски за тогаш кога ќе бидам позрела“.
Како мајка ѝ на Каролин, и твоите родители можеби чувствуваат обврска да те предупредат за опасноста од притисокот од врсниците или дури и да ти забранат извесни активности или пријателства. Нејтан се сеќава на неколку расправии со неговите родители околу ова прашање. „Другарите честопати ме канеа да излезам со нив“, објаснува тој, „но моите родители не сакаа да одам таму каде што се собираат големи групи или на големи забави што не се надгледувани. Во тоа време не можев да сфатам зошто другите родители беа попопустливи од моите.“
Меѓутоа, подоцна сфатил. „Знам дека во мојот случај ‚глупоста се прилепи до срцето на детето‘ “, признава Нејтан. „Изгледа дека оваа глупост лесно избива на површина кога момчињата се собираат во групи. Еден ќе започне нешто лошо, друг оди малку подалеку, а трет, пак, уште подалеку. Набрзо сите други се наговорени да се придружат. Дури и младите што тврдат дека му служат на Јехова можат да паднат во оваа замка“ (Пословици 22:15).
И Нејтан и Марија Хозе воделе бој против своето срце кога родителите не им дозволиле да го прават она што им го предложиле врсниците. Меѓутоа, тие послушале и подоцна биле радосни што го сториле тоа. Пословицата вели: „Беседи на мудреците: наведни го увото и чуј го моето слово и земи го при срце моето знаење“ (Пословици 22:17).
Достојни за чест
Тешко е да се управува со брод што се навалува настрана, а ако се навалува премногу, може лесно да се преврти. Поради нашата несовршена природа, сите ние се навалуваме, или застрануваме, кон себичното и забранетото. И покрај овие склоности, младите сепак можат да стигнат до пристаништето, така да се каже, доколку внимателно го следат водството од своите родители.
Матеј 7:13, 14). Нереалистично е да мислиш дека можеш само малку да уживаш во она што е погрешно, а да не мора да одиш до крај, дека можеш да „гризнеш“ а да не голтнеш. Оние што се обидуваат да одат по таков пат ‚криват на двете страни‘ — му служат на Јехова до одреден степен, но го сакаат и светот и работите што се во светот — и можат лесно бидат потопени во духовна смисла (1. Цареви 18:21; 1. Јованово 2:15). Зошто се случува тоа? Поради нашите грешни склоности.
На пример, родителите можат да ти помогнат да ја отфрлиш помислата дека освен тесниот пат кон живот и широкиот пат кон уништување има и еден среден пат (Нашите несовршени желби стануваат посилни ако им се препуштиме. На нашето ‚измамливо срце‘ нема да му биде доволно да проба само едно залче. Ќе бара уште (Еремија 17:9). Кога ќе почнеме духовно да отпловуваме, светот ќе врши сѐ поголемо влијание врз нас (Евреите 2:1). Можеби ти нема да забележиш дека духовно застрануваш, но твоите христијански родители веројатно ќе забележат. Точно, можеби тие не можат да научат некоја компјутерска програма толку лесно како тебе, но за бунтовното срце знаат многу повеќе од тебе. Тие сакаат да ти помогнат ‚да го водиш твоето срце по пат‘ што може да ти донесе живот (Пословици 23:19).
Се разбира, не очекувај твоите родители совршено да ги проценат работите кога треба да ти дадат упатства за некои проблематични полиња, како што се музика, забава и дотерување. Твоите родители можеби ја немаат мудроста на Соломон или стрпливоста на Јов. Како кормиларот на еден брод, можеби понекогаш ќе бидат претерано претпазливи. Но, нивното водство ќе биде од непроценлива вредност доколку обрнеш внимание на ‚поуката на својот татко и не го отфрлиш учењето на својата мајка‘ (Пословици 1:8, 9).
Другите млади можеби зборуваат за своите родители со потценување. Сепак, ако твоите родители се трудат да ја следат Библијата, тие стојат покрај тебе, на секакви временски услови, во секое време и наспроти сите неприлики. Како еден капетан на брод кој е советуван од некој искусен кормилар, тебе ти требаат твоите родители за да те водат, да те упатуваат по патот на мудроста. Наградите можат да бидат неизмерни.
„Мудроста ќе влезе во твоето срце и знаењето ќе ја зарадува твојата душа. Расудувањето ќе те пази тебе и разумноста ќе те чува: За да те избави од лош пат, од измамлив човек, од оние што ги оставаат патеките на чесноста, па одат по мрачни патишта . . . Зашто само праведните ќе ја наследат земјата и непорочните ќе останат на неа“ (Пословици 2:10—13, 21).
[Слика на страница 22]
Влијанието од другите млади во духовна смисла може да те исфрли од курсот
[Слика на страница 23]
Не заборавај го искуството на Дина
[Слика на страница 24]
Како што еден капетан на брод бара совет од искусен кормилар, младите треба да бараат водство од своите родители
[Извор на слика на страница 24]
Фотографија: www.comstock.com