Можеш ли да си го претставиш она што го читаш?
Можеш ли да си го претставиш она што го читаш?
ЗА ДА си ги претставиш настаните, од помош ќе ти биде ако ги знаеш местата за коишто читаш. На пример, разгледај ги мисионерските патувања на апостол Павле што се раскажани во библиската книга Дела. На своето прво мисионерско патување, Павле тргнал од Антиохија, каде што Исусовите следбеници за првпат биле наречени христијани. Од таму патувал до места како Саламис, Писидиска Антиохија, Иконија, Листра и Дерва. Можеш ли да си претставиш каде биле овие места?
Ако немаш карта, можеби и не можеш. Во новата брошура од 36 страници, „Види ја добрата земја“, има таква карта. Еден читател од Монтана (САД), со благодарност вели: „Можам да ги видам патувањата на Павле и се обидувам да си замислам на кој начин патувал и што направиле тој и другите рани христијани во ширењето на добрата вест. Ви благодарам многу за ова визуелно помагало“.
Картата со патувањата на Павле е само една од многуте карти во оваа брошура што ќе му помогнат на читателот да си го претстави она што е кажано во Библијата. Можеш да си нарачаш примерок од „Види ја добрата земја“ ако го пополниш овој купон и ако го испратиш на соодветната адреса наведена на 2. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од брошурата „Види ја добрата земја“. Наведи на кој јазик.
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.
[Извор на слика на страница 32]
Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.