Ненаситно око
Ненаситно око
„Ако нашите желби се ненаситни, никогаш нема да знаеме за доста“ (извештај на Worldwatch Institute).
„ШТО сакаме? Сѐ. Кога сакаме да го имаме? Веднаш.“ Овој слоган беше популарен меѓу некои студенти во текот на 1960-тите. Денес можеби не ги слушаме баш истите зборови, но основниот принцип сѐ уште важи. Навистина, се чини дека трката по материјални работи е најистакнато обележје на нашата ера.
Мнозина го ставаат стекнувањето на богатство и материјални добра на прво место во животот. Поранешниот претседател на Соединетите Држави, Џими Картер, во една прилика изјави: „Кој е и што е еден човек денес, се гледа по она што тој го има, а не по она што го прави“. Постои ли нешто што има поголема вредност од материјалните добра? Ако да, што е тоа, и каква корист можеме да имаме од него?