Како да одредиш што е исправно а што погрешно?
Како да одредиш што е исправно а што погрешно?
КОЈ е надлежен да ги поставува мерилата за тоа што е исправно а што погрешно? Ова прашање било покренато уште во самиот почеток на човечката историја. Според библиската книга Битие, Бог одредил едно дрво што растело во градината Еден да биде ‚дрво за познавање на доброто и злото‘ (Битие 2:9). Тој им дал упатство на првиот маж и на првата жена да не јадат од плодот на тоа дрво. Но, Божјиот непријател, Сатана Ѓаволот, ги навел да мислат дека, ако јадат од ова дрво, ‚ќе им се отворат‘ очите и тие ‚ќе бидат како Бог, распознавајќи го доброто и злото‘ (Битие 2:16, 17; 3:1, 5; Откровение 12:9).
Адам и Ева се нашле пред одлука — дали ќе ги прифатат Божјите мерила за добро и лошо или, пак, ќе изберат да живеат според свои сопствени мерила? (Битие 3:6). Тие избрале да не го послушаат Бог и да јадат од дрвото. Што значела оваа едноставна постапка? Со тоа што одбиле да ги почитуваат границите што им ги поставил Бог, тие јасно ставиле до знаење дека ним и на нивните потомци ќе им биде подобро ако самите си постават свои мерила за исправно и погрешно. Колкав успех постигнале луѓето во својот обид да бидат како Бог со тоа што си поставувале свои мерила?
Различни мислења
Откако дава еден преглед на учењата на некои истакнати мислители низ вековите, Encyclopædia Britannica вели дека од времето на грчкиот филозоф Сократ па сѐ до 20-тиот век, „постојано се дебатирало во врска со тоа што е добротата и кои би можеле да бидат мерилата за исправно и погрешно“.
На пример, софистите биле една угледна група на грчки учители од петтиот век пр.н.е. Тие поучувале дека мерилата за исправно и погрешно ги одредува јавното мнение. Еден од тие учители рекол: „Сето она што му се чини исправно и добро на еден град, е исправно и добро за тој град — сѐ додека луѓето во него мислат така“. Според ова мерило, Џоди, кој беше спомнат во претходната статија, требало да си ги задржи парите, бидејќи повеќето од луѓето во неговото место, или град, веројатно би направиле така.
Имануел Кант, познат филозоф од 18 век, имал поинакво гледиште. Списанието Issues in Ethics (Етички прашања) вели: „За Имануел Кант и другите како него . . . главно било правото на поединецот да донесе лична одлука“. Според филозофијата на Кант, ако Џоди не ги крши правата на другите, она што ќе го направи е само негова работа. Тој не би требало да дозволи мислењето на мнозинството да одреди какви ќе бидат неговите мерила.
Па, како се справил Џоди со дилемата во која се нашол? Тој избрал трета опција. Го применил учењето на Исус Христос, чии морални мерила ги величаат и христијаните и нехристијаните. Исус поучил: „Според тоа, сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, истото правете им го и вие“ (Матеј 7:12). На изненадување на својата клиентка, Џоди ѝ ги предал парите — сите 82.000 долари. Кога бил запрашан зошто не ги зел, Џоди објаснил дека е Јеховин сведок, и рекол: „Парите не беа мои“. Џоди ги сфатил сериозно зборовите на Исус, кои се запишани во Библијата во Матеј 19:18: „Не кради“.
Дали јавното мнение е доверлив водич?
Веројатно некои луѓе ќе речат дека Џоди бил глупав што бил толку чесен. Но, јавното мнение не е доверлив водич. На пример, ако си живеел во општество каде што мнозинството сметало дека е прифатливо да се принесуваат деца за жртви, како што и било случај во некои општества во минатото, дали тој обичај сепак би бил во ред? (2. Цареви 16:3). Што ако си се родел во општество каде што човекојадството би се сметало за доблесен чин? Дали тоа би значело дека навистина не е погрешно да се јаде човечко месо? Ако нешто е општоприфатено не значи и дека е исправно. Многу одамна, Библијата предупредила на таа замка, велејќи: „Не се поведувај по мноштвото, за да правиш зло“ (Излез 23:2).
Јован 14:30; Лука 4:6). Сатана ја користи својата положба за да ја заведува „целата населена земја“ (Откровение 12:9). Затоа, ако твоите мерила за исправно и погрешно ги темелиш само на тоа што е општоприфатено, можеби го усвојуваш Сатановото гледиште во врска со моралноста, и јасно е дека тоа ќе биде катастрофално.
Исус Христос укажал и на една друга причина зошто да се внимава дали ќе се прифати јавното мнение како водич за исправно и погрешно. Тој го разоткрил Сатана како ‚владетел на светот‘ (Можеш ли да се потпреш на твоето лично просудување?
Тогаш, дали треба секој поединец сам да си одлучува што е исправно а што погрешно? Библијата вели: „Не се потпирај врз сопствениот разум“ (Пословици 3:5). Зошто? Затоа што сите луѓе имаат наследено една суштинска маана што може да го искриви нивното просудување. Кога Адам и Ева се побуниле против Бог, тие ги прифатиле мерилата на себичниот предавник, Сатана, и го избрале него за свој духовен татко. Потоа, на своите потомци им пренеле една семејна црта — предавничко срце кое е способно да препознае што е исправно, но е склоно да го прави она што е погрешно (Битие 6:5; Римјаните 5:12; 7:21—24).
Во својата дискусија за етиката, Encyclopædia Britannica забележува: „Се чини дека е нормално луѓето честопати да знаат што треба да прават од морална гледна точка, а потоа да го прават она што ним им оди во прилог. Главен проблем со кој се занимава етиката на Запад е како да им се објасни на таквите луѓе од кои причини треба да го прават она што е исправно“. Библијата точно кажува за што се работи: „Срцето е поизмамливо од сѐ друго и е готово на сѐ. Кој може да проникне во него?“ (Еремија 17:9, NW). Дали би имал доверба во човек кој е познат и како измамник и како таков што е готов на сѐ, односно очаен?
Мора да се признае, дури и оние што не веруваат во Бог се способни да се однесуваат исправно во морален поглед и да си постават практични и чесни правила на однесување. Сепак, честопати, благородните начела што се вградени во нивните правила едноставно се само одраз на библиските морални мерила. Иако таквите лица можеби одрекуваат дека постои Бог, нивното размислување покажува дека имаат вроден потенцијал да ја одразуваат Божјата личност. Како што ни открива и Библијата, ова е доказ дека во почетокот луѓето биле создадени ‚во Божјиот лик‘ (Битие 1:27; Дела 17:26—28). Апостол Павле вели: „Токму тие покажуваат дека суштината на законот е запишана во нивните срца“ (Римјаните 2:15).
Се разбира, едно е да знаеш што е исправно, а сосема друго е да имаш морална сила да го правиш исправното. Како може некој да ја стекне потребната морална сила? Па, делата се мотивирани од срцето. Затоа, ако некој го засака Авторот на Библијата, Јехова Бог, тоа може да му помогне да ја стекне таа сила (Псалм 25:4, 5).
Да се собере сила да се прави добро
За да научиме да го сакаме Бог, прв чекор е да откриеме колку се разумни и практични неговите заповеди. Апостол Јован вели: „Љубовта кон Бог значи ова: да ги држиме неговите заповеди; а неговите заповеди не се тешки“ (1. Јованово 5:3). На пример, Библијата содржи практични совети што можат да им помогнат на младите да разликуваат исправно од погрешно кога одлучуваат дали да пијат алкохол, дали да земаат дрога или, пак, дали да имаат интимни односи пред брак. Библијата може да им помогне на брачните двојки да увидат како да ги решаваат несогласувањата, а на родителите може да им даде упатства како да ги воспитуваат децата. * И младите и старите — без оглед на нивното општествено, образовно или културно потекло — имаат корист кога ќе ги применат библиските морални мерила.
Како што здравата храна ти дава сила за да работиш, така и читањето на Божјата реч ќе ти даде сила да живееш според нејзините мерила. Исус ги споредил Божјите изјави со животоважниот леб (Матеј 4:4). Тој исто така рекол: „Мојата храна е да ја вршам волјата на оној кој ме испрати“ (Јован 4:34). Тоа што се хранел од Божјата реч му помогнало на Исус да им се спротивстави на искушенијата и да донесе мудри одлуки (Лука 4:1—13).
Во почетокот, можеби ќе ти биде тешко да го храниш својот ум со Божјата реч и да ги прифатиш Божјите мерила. Но, сети се дека кога си бил мал можеби не ти се допаѓал вкусот на некоја храна што била добра за тебе. За да бидеш силен, си морал да научиш да уживаш во таквата здрава храна. На ист начин, можеби ќе ти треба време за да ти се допаднат Божјите мерила. Ако истраеш, постепено ќе ги засакаш и ќе станеш духовно силен (Псалм 34:8; 2. Тимотеј 3:15—17). Ќе научиш да имаш доверба во Јехова и ќе бидеш мотивиран да ‚правиш добро‘ (Псалм 37:3).
Можеби никогаш нема да се најдеш во ситуацијата во која се нашол Џоди. Сепак, секој ден донесуваш морални одлуки, и мали и големи. Затоа, Библијата те поттикнува: „Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум. Мисли на Него на сите свои патишта и Тој ќе ги исправи твоите патеки“ (Пословици 3:5, 6). Ако научиш да имаш доверба во Јехова, не само што ќе извлечеш корист сега туку ќе имаш и можност да живееш засекогаш, бидејќи патот на послушност кон Јехова Бог води во живот (Матеј 7:13, 14).
[Фуснота]
^ пас. 18 Практични совети од Библијата во врска со овие и други важни теми има во книгите Младите прашуваат — делотворни одговори и Тајната на семејната среќа, издадени од Јеховините сведоци.
[Истакната мисла на страница 6]
Врз јавното мнение можат да влијаат невидливи сили
[Слики на страница 5]
Низ вековите, мислителите дебатирале за тоа што е исправно а што погрешно
СОКРАТ
КАНТ
КОНФУЧИЕ
[Извори на слики]
Кант: од книгата The Historian’s History of the World; Сократ: од книгата A General History for Colleges and High Schools; Конфучие: Sung Kyun Kwan University, Seoul, Korea
[Слики на страница 7]
Библијата не само што ни помага да увидиме што е исправно а што погрешно туку и нѐ мотивира да го правиме она што е исправно