Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Во што е Вашата тајна?“

„Во што е Вашата тајна?“

„Во што е Вашата тајна?“

ОВА прашање, што ѝ го поставил еден постар непознат човек во еден ресторан за брза храна, многу ја изненадило Мјуриел, мајка на три деца. Мјуриел била зафатена затоа што имала закажано кај лекар за децата и веќе доцнела. Немало доволно време да одат до дома и да јадат пред да одат на својот христијански состанок. Решила да ги однесе децата во еден ресторан во близина за да можат да каснат нешто.

Кога биле при крај со оброкот, еден човек ѝ пришол на Мјуриел и ѝ рекол: „Ве набљудувам уште откако влеговте. Забележав огромна разлика помеѓу Вашите деца и децата што обично ги среќавам. Човек да не верува што прават децата со масите и столчињата. Ги ставаат нозете на масата. Ги буткаат столчињата. Но, Вашите деца се толку мирни и воспитани. Во што е Вашата тајна?“

Мјуриел одговорила: „Јас и маж ми редовно ја проучуваме Библијата со нашите деца и се обидуваме да го примениме во нашиот живот она што го учиме. Ние сме Јеховини сведоци“. На ова, човекот рекол: „Јас сум Евреин и го преживеав холокаустот. Се сеќавам дека во Германија видов како ги прогонуваат Јеховините сведоци. Дури и тогаш тие беа поинакви од другите. Однесувањето на Вашите деца навистина ме воодушеви. Морам да ја испитам Вашата религија“.

Библијата е извонреден прирачник за воспитување на децата. Јеховините сведоци се вистински заинтересирани да им помогнат на другите да извлечат корист од водството што се наоѓа во неа. Срдечно те покануваме да ја прифатиш следнава покана.