Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Качување до дното на Саба

Качување до дното на Саба

Качување до дното на Саба

ХОЛАНДСКИОТ остров Саба некогаш служел како прибежиште за гусарите кои, во потрага по плен, пловеле по водите на Карипското Море. Денес, овој малечок остров што се наоѓа 240 километри источно од Порторико, е дом на околу 1.600 жители од кои петмина се Јеховини сведоци. Меѓутоа, овие бестрашни објавители се во потрага по нешто далеку повредно од плен. Тие марливо бараат луѓе што се „исправно наклонети кон вечниот живот“ (Дела 13:48).

Добрата вест за Божјето Царство првпат стигнала на островот на 22 јуни 1952 година, кога 18 метри долгата скуна Сибија, со која управувале Јеховини сведоци, се укотвила близу до брегот на Саба (Матеј 24:14). Мисионерите Густ Маки и Стенли Картер се искачиле по Ледер (на англиски, Скала), патека со повеќе од 500 камени скали сѐ до Ботом (на англиски, Дно), главниот град на Саба. a Оваа тесна патека со векови била единствениот начин да се дојде до жителите на островот.

Првиот извештај за христијанското сведочење во Саба бил објавен во Годишникот на Јеховините сведоци за 1966. Според тој извештај, на островот имало само еден активен Сведок. Подоцна, едно семејство од Канада проповедало таму неколку години. Неодамна, Расел и Кети, еден брачен пар во пензија од Соединетите Држави, отишол на Саба и учествувал во делото на проповедање таму. Слушни ја нивната приказна.

Посета на Саба

Јас и мојата сопруга пристигнуваме со авион како гости на Роналд, кој во поголемиот дел на 1990⁠-те беше единствениот Сведок на островот. Нашиот домаќин нѐ чека на аеродромот. Многу е радосен поради малата кутија со зеленчук што му ја донесовме како подарок, зашто на островот нема никакво комерцијално земјоделство. Се качуваме во мал камион и полека се искачуваме по кривулестиот пат по планината Синери до врвот на овој изгаснат вулкан.

Застануваме во селото Хелс Гејт (на англиски, Порта на пеколот) додека Роналд проверува на јавната огласна табла дали сѐ уште стои поканата за предавањето во недела. Мило ни е што сѐ уште е таму. Тој скокнува пак во камионот и продолжуваме да се искачуваме до најголемото село на островот, Виндвардсајд (на англиски, Ветровита страна). Како што покажува неговото име, ова живописно село е сместено на ветровитата страна на островот, на околу 400 метри надморска височина. Додека се паркираме на патеката пред куќата на Рон, гледаме еден разнобоен знак на предниот трем што ја означува куќата како Сала на Царството на Јеховините сведоци.

Додека ручаме, го потегнувам прашањето што ја објаснува причината за нашето доаѓање: „Како дојде до тоа да бидеш објавител на Царството на Саба?“

„Кога во 1993 година заврши изградбата на подружницата на Јеховините сведоци во Порторико“, вели Рон, „јас и мојата сопруга бевме заинтересирани да останеме на странска доделба. Претходно, со еден друг брачен пар пионери ја имавме посетено Саба и дознавме дека има 1.400 жители, но ниту еден Сведок. Затоа разговаравме со Одборот на подружницата во Порторико дека би сакале да се преселиме таму.

Една работа водеше кон друга и на крајот добивме одобрување да се преселиме. За жал, две години подоцна мојата сопруга тешко се разболе и се вративме во Калифорнија. По нејзината смрт, јас се вратив на Саба. Знаете, јас не сакам да започнам нешто а да не го довршам.“

Сведочење од куќа до куќа на Саба

Дневната соба во сто години старата куќа на Рон служи и како Сала на Царството. b Додека појадуваме и се подготвуваме за служба, дождецот од еден облак ја натопува кујната под отворено небо. По појадокот заминуваме за Ботом за да сведочиме од врата до врата, а на небото над нас се расфрлани облаци. Во секој дом, Рон го поздравува домаќинот по име. Нашиот разговор се сосредоточува на еден неодамнешен локален настан. Повеќето луѓе го познаваат Рон и се запознати со неговата служба, и мнозина радо земаат библиска литература.

Ако не ги познаваш селаните, може да биде навистина тешко да водиш белешки за оние што се заинтересирани за пораката за Царството. Зошто? Затоа што „законот налага сите куќи да бидат исфарбани со иста боја“, вели Рон. И точно, се свртувам и гледам дека сите куќи на Саба се бели со црвени покриви.

Откако ќе завршиме со библискиот разговор, го покануваме станарот да дојде на јавното библиско предавање што ќе се одржи во недела во Салата на Царството. Кога е на островот, Рон секоја седмица одржува јавно предавање. Моментално на Саба се водат 17 библиски студии. На Меморијалот на Христовата смрт во 2004 година присуствуваа 20 лица. И иако овој број можеби изгледа мал, тоа е 1 процент од целото население на Саба!

Навистина, Јеховините сведоци ни најмалку не се штедат за да им ја кажат Божјата порака за спасение на што е можно повеќе луѓе. Сеедно дали на некое мало островче како Саба или на цел континент, Јеховините сведоци верно го извршуваат налогот да ‚прават ученици од луѓето од сите нации‘ (Матеј 28:19).

За жал, нашата посета заврши. Додека се качуваме во авионот, мавтаме за збогум. Секогаш ќе се сеќаваме на нашата посета на Саба и на времето што го поминавме додека се качувавме до Ботом!

[Фусноти]

a Изгледа дека пиратите го нарекле овој град Ботом затоа што мислеле дека се наоѓа на дното на вулкански кратер.

b На 28 септември 2003, доброволци од Флорида (САД) отидоа на Саба и преуредија една градба во близина, која сега служи како Сала на Царството.

[Карти на страница 10]

(Види во публикацијата)

ПОРТОРИКО

[Извор на слика на страница 10]

Позадина: www.sabatourism.com