Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Кој ќе го нахрани светот?

Кој ќе го нахрани светот?

Кој ќе го нахрани светот?

СПОРЕД проценките на Светската програма за исхрана, организација при Обединетите Нации за борба против гладот, 800 милиони луѓе — од кои голем број се деца — се на работ на изгладнетост. Неодамна, оваа организација рече дека средствата и вниманието што голем број развиени земји ги дале за да се реши оваа ситуација, биле искористени за да се решат други проблеми, како што е тероризмот. Ширењето на заразните болести го зголеми проблемот. Извештајот на организацијата (Global School Feeding Report — Глобален извештај за исхраната во училиштата) за африканските земји во коишто беснее СИДА, вели: „Збришана е една цела генерација родители. Децата што ги оставаат зад себе честопати се оставени сами на себе, а повеќето од нив немаат основно познавање од земјоделието и секојдневниот живот што обично се пренесува од една генерација на друга“.

Светската програма за исхрана потпомага една иницијатива која има за цел да обезбеди барем еден оброк дневно во училиштата. Замислата не е само да се намали гладот туку и, преку редовно образование, да се активираат други програми наменети да ја спречат појавата на ХИВ/СИДА кај младите.

Онаму каде што оваа иницијатива е спроведена, децата добиваат храна, обука како да одржуваат лична хигиена и друга помош. Исто така, забележано е дека онаму каде што дошло до промена во однесувањето, има опаѓање во стапката на заразеност со ХИВ/СИДА.

За жал, резултатите од човечките напори честопати се само делумни или не менуваат многу. Но, Библијата дава едно утешително ветување за трајно решение на проблемот со гладот. ‚Ќе има изобилство на жито во земјата‘, вели Псалм 72:16. Под Божјето Царство луѓето ќе можат да речат за Јехова Бог: „Ти ја посетуваш земјата и Ти ја напојуваш [ѝ даваш изобилство, NW] . . . Ти им обезбедуваш жито на луѓето. Вака ја подготви земјата“ (Псалм 65:9).

[Извор на слика на страница 32]

WFP/Y. Yuge