„Верни под испити“
„Верни под испити“
ВО ПОЧЕТОКОТ на април 1951 година, моќната влада на Советскиот сојуз неочекувано ја нападна безопасната група Христијани во западниот дел од земјата — Јеховините сведоци. Илјадници семејства — вклучувајќи и мали деца, бремени жени и постари лица — беа натоварени во товарни вагони и испратени на 20-дневно исцрпувачко патување до Сибир. Тие беа осудени на доживотно прогонство во сурови, примитивни услови.
Во април 2001 година, во Москва беше одбележана 50 годишнината од овој историски настан со прикажување на филмот кој го документираше 50-годишното угнетување на Јеховините сведоци во поранешниот Советски сојуз. Во овој документарен филм, историчари и очевидци раскажуваат како Сведоците преживеале и дури напредувале и покрај огромниот притисок.
Овој документарен филм, Faithful Under Trials — Jehovah’s Witnesses in the Soviet Union (Верни под испити — Јеховините сведоци во Советскиот сојуз), досега го гледале милиони во Русија и на други места и добил многу пофалби од публиката и од историчарите. Следуваат изјави на двајца Руски историчари кои живееле во областа во која биле прогонети повеќето семејства на Сведоците:
„Многу уживав во овој филм. Отсекогаш сум ги сакал припадниците на вашата религија, но откако го гледав филмот, моите позитивни впечатоци за вас се уште посилни. Филмот беше многу професионално направен! Особено ми се допаѓаше начинот на којшто секој поединец беше претставен како личност. Иако сум Православен и немам намера да ја менувам религијата, воодушевен сум од Сведоците. Би сакал нашиот факултет да има примерок од овој филм. Моите колеги и јас одлучивме да им го покажеме на нашите студенти и да го вклучиме во наставната програма.“ — Професор Сергеј Николаевич Рубсов, декан на факултетот по историја во Државниот Педагошки Универзитет, Иркутск, Русија.
„Го поздравувам појавувањето на овој филм. Кога некој прави филм за угнетување, секогаш е многу тешко да се развие приказната на логичен начин. Но, вие успеавте во тоа. Ве молам слободно донесете ми и други ваши филмови.“ — Професор Сергеј Илич Кузнецов, декан на факултетот по историја од Државниот Универзитет во Иркутск, Русија.
Јеховините сведоци што живеат во Сибир исто така беа многу благодарни за филмот. Следуваат делови од нивните реакции:
„Во времето кога се случуваа настаните кои се прикажани на овој филм, многумина во Русија беа лажно информирани за активностите на Јеховините сведоци. Но откако го изгледаа овој филм, сфаќаат дека
нашата организација не е само некоја секта, како што претходно мислеле. Други, пак, кои неодамна станале Сведоци, велат: ‚Не сме можеле ни да замислиме дека сме живееле и работеле заедно со Христијански браќа кои издржале толку многу!‘ Откако го гледал филмот, еден Сведок изразил желба да служи полновремено како пионер.“ — Ана Вовчук, која била прогонета во Сибир.„Кога на филмот видов како тајната полиција тропа на вратата на домот на еден Сведок, затреперив. Беше исто како кога тропнаа на нашата врата, и се сеќавам дека мајка ми рече: ‚Можеби има пожар некаде.‘ Но, филмот исто така ме потсети дека многу Сведоци страдаа повеќе од мене. Сите овие информации ни даваат поголема сила и ни помагаат со воодушевеност да продолжиме да му служиме на Јехова.“ — Степан Вовчук, кој бил прогонет во Сибир.
„Јас сум син на прогонет Сведок. Затоа, си мислев дека веќе многу сум слушнал за овие времиња. Но, откако го гледав овој филм сфатив дека, всушност, ништо не сум знаел. Додека ги слушав интервјуата, очите ми се наполнија со солзи. Сега искуствата за мене не се веќе само приказни туку нешто што вистински се случило. Филмот ја зајакна мојата врска со Бог и ми помогна да се подготвам за да ги издржам сите тешкотии на кои ќе наидам во иднина.“ — Владимир Коваш, Иркутск.
„Овој филм за мене имаше посилно влијание од некој запишан извештај. Кога ги гледав и слушав интервјуата со браќата, се чувствував како и јас да ги доживувам истите работи заедно со нив. Примерот со братот кој цртал разгледници за своите мали ќеркички додека бил во затвор ме мотивираше со библиските вистини да допрам до срцата на моите деца. Ви благодарам! Овој филм овозможи повеќе од било кога порано Јеховините сведоци во Русија да се чувствуваат како дел од Јеховината светска организација.“ — Татјана Калина, Иркутск.
„Изреката ‚Подобро е еднаш да се види отколку илјадапати да се слушне‘ сигурно се применува на овој филм. Тој е толку жив, толку реален, толку поврзан со нас! Откако го гледав, ми требаше многу време за да размислувам. Филмот ми овозможи да се задлабочам во животите на тие прогонети Сведоци. Сега, кога ќе ги споредам моите околности со нивните, можам поинаку да гледам на денешните проблеми.“ — Лидија Беда, Иркутск.
Верни под испити досега е прикажан на 25 јазици и топло е примен низ целиот свет. * Целиот филм бил прикажан од телевизиските станици во Санкт Петерсбург, Омск и во други градови во Русија, како и во Украинските градови Винетсија, Керч, Мелитопол и во регионот на Л‘вов. Исто така доби признанија од меѓународни комисии за филмска критика.
Моќта на пораката од овој документарен филм лежи во примерите на илјадници обични луѓе кои покажале извонредна храброст и духовна сила низ долгогодишно прогонство. Јеховините сведоци во Советскиот сојуз навистина се покажале верни под испит. Ако сакате да го гледате овој филм, Јеховините сведоци со задоволство ќе ви го дадат. Ве молиме контактирајте со некој од нив во вашата околина.
[Фуснота]
^ пас. 13 Филмот е достапен на англиски, бугарски, германски, грчки, дански, индонезиски, италијански, јапонски, кантонски, корејски, литвански, мандарински, норвешки, полски, романски, руски, словачки, словенечки, унгарски, фински, француски, холандски, чешки, шведски и шпански.
[Извор на слика на страница 8]
Сталин: U.S. Army photo
[Извор на слика на страница 9]
Сталин: U.S. Army photo