Доброто однесување ‚го украсува учењето на Бог‘
Доброто однесување ‚го украсува учењето на Бог‘
МЛАДАТА Марија од Краснојарск, Русија, пее толку убаво што нејзината наставничка ја ставила во училишниот хор. Наскоро потоа, Марија со почит ѝ пристапила на една од нејзините наставнички за да ѝ објасни дека не може да пее некои од песните. Зошто? Затоа што пеењето религиозни песни е во судир со нејзините убедувања што се темелат на Библијата. Изненадена, наставничката се зачудила ‚Што има лошо во тоа да се слави Бог во песна?‘
За да покаже зошто одбива да пее песна за троеден Бог, Марија ја отворила својата Библија и објаснила дека Бог и Исус Христос не се еден Бог и дека светиот дух е Божјата активна сила (Матеј 26:39; Јован 14:28; Дела на апостолите 4:31). Марија раскажува: „Мојот однос со наставничката не се наруши. Главно, имаме многу добри наставници во нашето училиште. Тие сакаат да бидеме тоа што сме“.
Во текот на училишната година, поради својот став Марија стекнала почитување како од наставниците така и од соучениците. Таа вели: „Библиските начела ми помагаат во животот. На крајот од училишната година, добив награда за чесност и уредност, додека моите родители добија официјално писмо на благодарност од училиштето, затоа што толку добро ја воспитале својата ќерка.“
Марија се крстила на 18 август 2001 година. Таа вели: Среќна сум што можам да му служам на еден толку прекрасен Бог, како што е Јехова! Младите сведоци на Јехова низ целиот свет ги исполнуваат зборовите од Тит 2:10, каде што читаме: „Го украсуваат учењето на нашиот Спасител, Бог, во сѐ“.
[Слика на страница 32]
Марија и нејзините родители по нејзиното крштавање
[Слика на страница 32]
Писмо на благодарност и пофалница