‚Како скапоцен камен со црвена боја‘
‚Како скапоцен камен со црвена боја‘
АПОСТОЛОТ Јован имал визија за еден величествен престол на небото. Оној што седел на престолот изгледал „како камен јаспис.“ Тој, исто така, бил како „скапоцен камен со црвена боја“ (Откровение 4:2, 3). Какви камења биле овие?
Тие не биле непроѕирни камења со сјајна површина. Во древни времиња, грчкиот збор преведен со „јаспис“ се користел за да означи камења со различни бои, вклучувајќи и скапоцени камења што биле проѕирни. „Каменот јаспис“ од Откровение 4:3 „сигурно не бил ефтиниот јаспис од нашево време“, изјавува А. Т. Робертсон во Word Pictures in the New Testament (Илустрациите во Новиот завет). Освен тоа, подоцна во книгата Откровение, Јован го опишува небесниот град, Ерусалим, велејќи: „Неговиот блескот беше како многу скапоцен камен, како камен јаспис што сјае кристално јасно“ (Откровение 21:10, 11). Каменот за кој зборува Јован очигледно бил полупровиден, овозможувајќи светлината да минува низ него.
Оној што е претставен како седи на престолот во визијата на Јован е најславната Личност во универзумот, Јехова Бог. Тој е најчист и најсвет во целиот универзум. Во склад со тоа, апостол Јован напишал: „Бог е светлина и . . . во обединетост со него нема никаква темнина“ (1. Јованово 1:5). Значи, Јован ги поттикнал своите соверници да ‚се очистат себеси како што и Јехова е чист‘ (1. Јованово 3:3).
Што мораме да правиме за Бог да нѐ смета чисти? Апсолутно е неопходно да имаме вера во крвта што Христос ја пролеал за да бидат простени нашите гревови. Исто така, мораме да продолжиме да „одиме во светлината“ со тоа што редовно ќе ја проучуваме Библијата и ќе живееме во склад со нејзините учења (1. Јованово 1:7).