Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Прашања од читателите

Прашања од читателите

Прашања од читателите

Дали тоа што Давид и неговите луѓе јаделе од лебовите на претставување значи дека, во тешки околности, Божјиот закон може да се прекрши неказнето? (1. Самоил 21:1–6).

Според Левит 24:5–9, лебовите на претставување што се менувале секој сабат можеле да ги јадат само свештениците. Начелото што стоело зад ова било дека лебовите се свети и дека служат како храна за луѓето кои биле вклучени во Божјата служба — свештениците. Би било сосема погрешно да се даваат на обични работници или да се јадат од задоволство. Меѓутоа, свештеникот Ахимелех не направил никаков грев со тоа што им ги дал лебовите на претставување на Давид и на неговите луѓе.

Давид веројатно бил пратен на специјална задача од цар Саул. Тој и неговите луѓе биле гладни. Ахимелех проценил дека тие се церемонијално чисти. Иако тоа што јаделе од лебовите на претставување, технички гледано, било незаконски, сепак тоа било во склад со основната намена на тие лебови. Поради тоа Ахимелех можел да направи исклучок. Дури и Исус Христос го користел овој случај за да покаже дека е погрешно претерано круто да се применува законот за сабат, како што го толкувале фарисеите (Матеј 12:1–8).

Меѓутоа, ова не значи дека Божјиот закон може да се прекршува кога околностите ќе се влошат. На пример, кога израелските војници се бореле со Филистејците дошло до една навидум сериозна ситуација. Цар Саул рекол: „Проклет да биде човекот, кој ќе вкуси храна пред вечерта, пред да им се одмаздам на своите непријатели!“ Библијата вели: „Во оној ден ги поразија Филистејците.“ Војниците биле уморни и гладни, ‚и народот почнал да коле животни на гола земја и да го јаде месото со крвта‘ (1. Самоил 14:24, 31– 33). Тие згрешиле против Јехова со тоа што го прекршиле законот за крв. Нивните постапки не биле во склад со единствениот начин на којшто Бог дозволува да се користи крвта, а тоа е „за покривање“ на гревови (Левит 17:10– 12; Битие 9:3, 4). Јехова милостиво ги прифатил посебните жртви во корист на оние коишто направиле грев (1. Самоил 14:34, 35).

Да, Јехова очекува да бидеме послушни на неговите закони под секакви околности. „Зашто љубовта кон Бог значи ова,“ вели апостол Павле, „да ги држиме неговите заповеди“ (1. Јованово 5:3).

[Слика на страница 30]

Нови лебови на претставување биле оставани во шаторот секој Сабат