Наскоро свет без сиромаштија
Наскоро свет без сиромаштија
СЛИКИ на кои е прикажан Рај, како што е онаа на насловната страница од ова списание, многу се привлечни за оние што живеат сиромашно. Првиот човечки пар, Адам и Ева, навистина живееле во рај. Нивни дом била градината Еден (Битие 2:7-23). Иако тој Рај бил изгубен, верувањето дека повторно ќе има рај — нов свет без сиромаштија — не е само сон. Ова верување цврсто се темели на ветувањата што се запишани во Библијата.
Размисли за ветувањето што Исус Христос го дал последниот ден од неговиот живот на Земјата. Еден од криминалците кој умрел со Исус поверувал дека Бог може да ги реши проблемите на човештвото. Тој рекол: „Исусе, сети се на мене кога ќе дојдеш во своето царство“. Од овие зборови се гледа дека криминалецот верувал дека Исус ќе владее како Цар и дека мртвите ќе бидат вратени во живот. Исус одговорил: „Навистина ти велам денес: Ќе бидеш со мене во Рајот“ (Лука 23:42, 43).
За оние што ќе живеат во Рајот, Библијата вели: „Ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе го уживаат нивниот плод“ (Исаија 65:21). Да, „секој ќе седи мирно под виновата лоза, и под својата смоква, и никој не ќе го плаши. Тоа го рече устата на Господ над Војските“ (Михеј 4:4).
Тогаш, зошто денес е дозволено да има сиромаштија? Како им помага Бог на сиромашните? Кога конечно ќе исчезне сиромаштијата?
Зошто било дозволено да има сиромаштија?
Рајот во кој биле сместени Адам и Ева бил изгубен поради бунтот што го подбуцнал еден злобен ангел, Сатана Ѓаволот. Користејќи змија како свој гласноговорник, Сатана ја намамил Ева да го прекрши Божјиот закон кој забранувал да се јаде плод од едно одредено дрво. Ја навел да поверува дека независноста од Бог ќе ѝ донесе подобар живот. Кога Ева му го понудила забранетиот плод на Адам, тој исто така јадел од него. Така, поради својата жена, тој му свртел грб на Бог (Битие 3:1-6; 1. Тимотеј 2:14).
Бунтовничката двојка со право била истерана од Рајот и од тогаш морала да се бори за да преживее. Оттогаш па до ден-денес, Јехова му дозволил на Сатана да владее над грешното човештво, со што станало очигледно какви се последиците ако некој не му е послушен на Бог. Човечката историја докажала дека луѓето не можат да направат Рај на Земјата (Еремија 10:23). Напротив, независноста од Бог довела до катастрофални проблеми, во кои спаѓа и сиромаштијата (Проповедник 8:9).
Меѓутоа, сиромашните не се оставени без помош во овој свет полн со проблеми. Божјата инспирирана реч, Библијата, содржи мудро водство за нив.
„Никогаш немојте тегобно да се грижите“
Во една прилика кога зборувал пред голем број слушатели, меѓу кои имало и многу сиромашни луѓе, Исус рекол: „Внимателно набљудувајте ги птиците небесни, бидејќи тие ниту сеат, ниту жнеат, ниту во амбари собираат; а сепак вашиот небесен Татко ги храни. Зарем вие не вредите повеќе од нив? . . Затоа, никогаш немојте тегобно да се грижите и не велете: ‚Што ќе јадеме?‘ или: ‚Што ќе пиеме?‘ или: ‚Што ќе облечеме?‘ Зашто по сето ова желно тежнеат нациите. Зашто вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето тоа. Така, продолжете да го барате најнапред царството и Неговата праведност, а сите овие други работи ќе ви се додадат“ (Матеј 6:26-33).
Тоа што некој е сиромашен не значи дека мора да краде (Пословици 6:30, 31). Доколку го стави Бог на прво место, ќе биде згрижен. Разгледај го случајот на Тукисо, еден човек од Лесото (јужна Африка). Во 1998 година, странски трупи влегле во Лесото за да го задушат востанието против владата. Како последица од војната, биле ограбени продавници, некои ја изгубиле работата и имало суров глад.
Тукисо живеел во најсиромашниот дел од главниот град. Многу негови соседи ограбувале продавници за да преживеат. Кога Тукисо се вратил во сопчето во кое што живеел, видел дека Масеисо, жената со која живеел, донела многу работи што ги украла. „Тргни ги овие работи одовде“, ѝ рекол Тукисо, објаснувајќи ѝ дека крадењето е против Божјиот закон. Масеисо го послушала. Соседите им се потсмевале и слободно си се послужиле од украдената храна.
Тукисо постапил вака поради она што го научил од проучувањето на Библијата со Јеховините сведоци. Дали гладувал поради тоа што бил послушен на Божјите закони? Не. Малку подоцна старешините во собранието на Јеховините сведоци во кое доаѓал контактирале со Тукисо и му донеле нешто храна. Всушност, Јеховините сведоци од соседната Јужноафриканска Република пратиле повеќе од два тона хуманитарна помош за своите христијански браќа и сестри во Лесото. Масеисо била трогната од тоа што Тукисо му бил послушен на Бог и од љубезната помош од собранието. И таа почнала да ја проучува Библијата. Со текот на времето законски се венчале и ги исполниле условите да се крстат како Јеховини сведоци. Тие сѐ уште верно му служат на Бог.
Јехова Бог се грижи за сиромашните. (Види ја рамката со наслов „Како Бог гледа на сиромашните?“) Со љубов се погрижил да им помогне и на други како Тукисо и Масеисо да научат повеќе за него. И, во својата Реч, обезбедил практични совети за секојдневната живеачка.
Една корисна подготовка
Јеховините сведоци секогаш се трудат да ја имитираат Божјата грижа за сиромашните (Галатите 2:10). Кога во некоја земја ќе се случи несреќа во која се погодени вистинските христијани, честопати се прават подготовки за да се даде неопходната помош. Што е уште поважно, Сведоците покажуваат грижа за духовните потреби на сите, вклучувајќи ги и сиромашните (Матеј 9:36-38). Во текот на последните 60 години, илјадници обучени слуги се пријавиле доброволно да служат како мисионери во странски земји. На пример, еден брачен пар мисионери од Финска научиле да зборуваат на сесото јазикот и биле во можност да ги поучат Тукисо и Масеисо да станат ученици на Исус (Матеј 28:19, 20). Да се биде мисионер честопати вклучува да се жртвува удобниот живот во некоја богата земја и да се живее во сиромашна земја.
За христијаните крадењето не е решение за да преживеат. Наместо тоа, тие имаат вера дека Јехова може да се грижи за нив (Евреите 13:5, 6). Еден начин на кој Јехова се грижи за својот народ е преку меѓународната организација од негови обожаватели, кои се грижат еден за друг.
Друг начин на кој Јехова им помага на сиромашните е со тоа што им дава практични совети за секојдневниот живот. Ефешаните 4:28). Мнозина невработени можеле самите да си создадат прилики за работа, затоа што биле спремни да работат напорно, на пример да работат земјоделие. Библијата исто така им помага на сиромашните да заштедат пари со тоа што ги поучува да немаат штетни навики, како што е прекумерното пиење (Ефешаните 5:18).
На пример, Библијата заповеда: „Кој крадел повеќе да не краде, туку нека работи напорно, вршејќи со своите раце добра работа, за да има да му даде нешто на оној кој има потреба“ (Свет без сиромаштија—кога?
Библијата ни покажува дека живееме во „последните денови“ од владеењето на Сатана (2. Тимотеј 3:1). Наскоро, Јехова Бог ќе го испрати Исус Христос да му суди на човештвото. Што ќе се случи тогаш? Исус го дал одговорот во една негова илустрација. Тој рекол: „Кога Синот човечки ќе пристигне во својата слава, и сите ангели со него, тогаш ќе седне на својот славен престол. И сите нации ќе се соберат пред него, и тој ќе ги одвои луѓето едни од други, како што пастирот ги одвојува овците од козите“ (Матеј 25:31-33).
Овците од оваа илустрација се оние што се подложуваат на царувањето на Исус. Тој ги споредил со овци затоа што го следат него како нивни Пастир (Јован 10:16). Овие лица слични на овци ќе добијат живот под совршеното владеење на Исус. Тоа ќе биде среќен живот во еден нов свет без сиромаштија. Луѓето слични на кози, кои го отфрлаат владеењето на Исус, ќе бидат уништени засекогаш (Матеј 25:46).
Божјето Царство ќе ја уништи злобата. Тогаш сиромаштијата ќе биде само минато. Наместо тоа, на земјата ќе живеат луѓе кои се сакаат и се грижат еден за друг. Од меѓународното братство на Јеховините сведоци во кое владее љубов се гледа дека е можен еден таков нов свет, зашто Исус рекол: „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе“ (Јован 13:35).
[Рамка/слики на страници 6 и 7]
КАКО ГЛЕДА БОГ НА СИРОМАШНИТЕ?
Библијата го опишува Творецот на човештвото како оној што „на гладните им дава леб“ (Псалм 146:7). Таа содржи повеќе од сто стихови кои ја истакнуваат грижата на Бог за сиромашните.
На пример, кога Јехова ѝ го дал Законот на древната нација Израел, тој им заповедал на израелските земјоделци да не ги дожниваат нивите до крај. Не требало да се враќаат уште еднаш по бербата за да ги дособерат преостанатите плодови од маслиновите дрвја или лозјата. Овие закони биле љубезна подготовка за странците, сирачињата, вдовиците и другите измачени луѓе (Левит 19:9, 10; Второзаконие 24:19-21).
Освен тоа, Бог им заповедал на Израелците: „Не ги расплачувајте вдовиците и сираците! Ако ги расцвилиш и тие, извикаат кон Мене, задолжително ќе го послушам нивниот вик. Ќе се распали Мојот гнев, и ќе ве погубам со меч, така вашите жени ќе останат вдовици, а децата сирачиња“ (Излез 22:22-24). За жал, многу богати Израелци ги игнорирале овие зборови. За овие и другите престапи, Јехова Бог им дал различни предупредувања преку неговите пророци (Исаија 10:1, 2; Еремија 5:28; Амос 4:1-3). На крај, Бог предизвикал Асирците, а подоцна и Вавилонците, да ги освојат израелските територии. Многу Израелци биле убиени, а преживеаните биле одведени како заробеници во туѓи земји.
Божјиот сакан Син, Исус Христос, ја покажувал истата љубезна грижа што ја имал неговиот Татко за сиромашните. Објаснувајќи ја целта на својата служба, Исус рекол: „Јеховиниот дух е врз мене, зашто ме помаза да им објавувам добра вест на сиромасите “ (Лука 4:18). Ова не значи дека Исус ја ограничил својата служба само на сиромашните. Тој со љубов им помагал и на богатите луѓе. Меѓутоа, кога го правел тоа, Исус честопати ја изразувал својата загриженост за сиромашните. На пример, тој му го дал овој совет на еден богат владетел: „Продај сѐ што имаш и раздели го на сиромасите, и ќе имаш благо на небесата; па дојди и биди мој следбеник“ (Лука 14:1, 12-14; 18:18, 22; 19:1-10).
Јехова Бог и неговиот Син вистински се заинтересирани за сиромашните (Марко 12:41-44; Јаков 2:1-6). Својата грижа за нив Јехова ја покажува со тоа што во своето сеќавање чува милиони сиромашни луѓе што умреле. Сите тие ќе бидат воскреснати во еден нов свет во кој нема да има сиромаштија (Дела 24:15).
[Слики]
Меѓународното братство на Јеховините сведоци покажува дека новиот свет е нешто возможно
[Слика на страница 5]
Тукисо и Масеисо со мисионерот со чијашто помош Тукисо ја проучувал Библијата
[Слика на страница 5]
Масеисо пред својот дом со мисионерката со чија помош ја проучувала Библијата