Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Семејства што биле зајакнати од спознанието за Бог

Семејства што биле зајакнати од спознанието за Бог

„Мојата помош е од Јехова“

Семејства што биле зајакнати од спознанието за Бог

„БЕРЛИНСКИ ЅИД.“ Така една брачна двојка од Аргентина го нарекувала дословниот ѕид што го изградила за да ја подели куќата на два дела! Тие двајца никако не успевале да се сложат; едноставно не можеле да се поднесат.

За жал, ова не е случај само со нив. Во многу семејства постои раздор, неверство и отворено непријателство. Ова е навистина жалосно кога ќе се земе предвид дека семејството, како уредување, го основал самиот Бог (Битие 1:27, 28; 2:23, 24). Во семејството, како Божји дар, имаме идеална прилика да покажеме длабока љубов (Рута 1:9). Ако ги исполнуваат обврските што им ги дава Бог, членовите на семејството ќе го слават Јехова и ќе си причинуваат радост еден на друг. *

Бидејќи Бог е тој што го основал семејното уредување, треба да дозволиме неговото гледиште да влијае врз нашето разбирање за тоа како треба да функционира семејството. Во неговата Реч има многу практични совети кои се наменети да им помогнат на семејствата да бидат успешни, особено кога ќе се појават проблеми. Во врска со улогата на сопрузите, Библијата вели: „Мажите треба да ги љубат своите жени како своите сопствени тела“. Кога сопругот го исполнува ова барање, на неговата жена ѝ е задоволство да покажува „длабока почит кон својот маж“ (Ефешаните 5:25-29, 33).

Во врска со односот помеѓу родителите и децата, апостол Павле напишал: „Татковци, не раздразнувајте ги своите деца, туку подигајте ги во дисциплина и во Јеховино умствено насочување“ (Ефешаните 6:4). Доколку родителите прават така, во семејството ќе владее срдечна атмосфера, а децата ќе можат полесно да им бидат послушни (Ефешаните 6:1).

Сѐ што наведовме досега покажува колку се добри советите што ги дава Библијата во врска со семејниот живот. Применувањето на Божјите начела им помогнало на мнозина да се чувствуваат среќни дома. Да ја земеме за пример брачната двојка од Аргентина што беше спомната во почетокот. Откако три месеци ја проучувале Библијата со Јеховините сведоци, и двајцата почнале да ги применуваат нејзините мудри совети во врска со бракот. Многу се труделе да си ја подобрат меѓусебната комуникација, да имаат разбирање за потребите на другиот и да си простуваат (Пословици 15:22; 1. Петрово 3:7; 4:8). Научиле да си ја контролираат лутината и да бараат помош од Бог кога се чинело дека работите излегуваат од контрола (Колошаните 3:19). Наскоро, „Берлинскиот ѕид“ бил срушен!

Бог може да го зајакне семејството

Ако едно семејство ги знае и ги применува Божјите мерила, тоа може да им даде сила на неговите членови да им одолеат на притисоците. Ова е многу важно, затоа што било проречено дека семејното уредување во нашево време ќе биде изложено на жесток напад. Павле го прорекол денешниов распад на моралот и на човечкото општество. Тој рекол дека во „последните денови“ луѓето, вклучувајќи ги и оние што „имаат облик на побожна оддаденост“, ќе бидат нелојални, „без природна наклоност“ и непослушни на родителите (2. Тимотеј 3:1-5).

Тоа што ќе се трудиме да му угодиме на Бог може да ни помогне да им се спротивставиме на ваквите штетни влијанија врз семејството. Многу семејства сфатиле дека им е потребна помош од Бог за да можат успешно да излезат на крај со многуте проблеми кои ги погаѓаат. Ако членовите на едно семејство сакаат да останат во добар однос со Бог, пред сѐ мораат да ги применуваат Божјите начела и да сфатат дека „ако Господ не го гради домот, напразно се трудат ѕидарите“ (Псалм 127:1). Семејството ќе доживее најголема среќа доколку го стави Бог на прво место во својот живот (Ефешаните 3:14, 15).

Еден човек по име Денис, кој живее на Хаваите, ја сфатил вистинитоста на оваа изјава. Иако се сметал за христијанин, пцуењето и тепачките биле составен дел од неговиот живот. Откако го отслужил воениот рок, станал уште поагресивен и полош. „Постојано се расправав со некого“, вели тој. „Воопшто не ми беше гајле што ќе ми се случи и не се плашев од смртта. Продолжив да пцујам и да се тепам. Жена ми, која е Јеховин сведок, ме поттикнуваше да ја проучувам Библијата“.

Но, Денис не сакал да ја послуша. Сепак, нејзиното христијанско однесување го омекнало неговиот негативен став. Еден ден решил да отиде на еден христијански состанок заедно со неа и со децата. Потоа почнал да ја проучува Библијата и добро напредувал. Ги оставил цигарите, иако пушел 28 години, и престанал да се дружи со пријателите што ги правеле сите оние работи кои тој сега се трудел да не ги прави. Денис му е многу благодарен на Јехова. Тој вели: „Односите во семејството се подобрија. Сите заедно одевме на состаноци и во служба. Моите две деца повеќе не се плашеа од мене затоа што научив да се контролирам и престанав да пцујам. Можевме да зборуваме и да уживаме во разговорите за Библијата. Ако не беше библиската вистина, денес ќе ме немаше. Бев многу избувлив тип“.

Семејствата можат да бидат среќни ако од сѐ срце се трудат да ја вршат Јеховината волја. Праксата покажува дека, кога макар и само еден член од семејството ги применува библиските начела, работите се подобри отколку кога никој не ги применува. Потребно е да се вложи голем труд за да се изгради едно христијанско домаќинство, а потребни се и умешност и време. Но, членовите на таквите семејства можат да бидат сигурни дека Јехова ќе ги круниса нивните напори со успех. Ќе можат во потполност да се сложат со зборовите на псалмистот: „Мојата помош е од Јехова“ (Псалм 121:2NW).

[Фуснота]

^ Види го Календарот на Јеховините сведоци, мај/јуни за 2005.

[Истакната мисла на страница 9]

„Секое семејство на небото и на земјата му го должи своето име“ на Бог (ЕФЕШАНИТЕ 3:15).

[Рамка на страница 8]

СЕМЕЈСТВОТО Е СКАПОЦЕНО ЗА ЈЕХОВА

„Бог ги благослови и им рече Бог: ‚Плодете се и множете се и наполнете ја земјата‘“ (Битие 1:28).

„Среќен е секој што се бои од Јехова . . . Твојата жена ќе биде како плодна лоза во одаите на твојата куќа“ (Псалм 128:1, 3, NW).