Пораст во земја каде што цветало раното христијанство
Пораст во земја каде што цветало раното христијанство
ИТАЛИЈА, полуостров во облик на чизма што се протега во Средоземното Море, е земја во која се одиграле религиозни и културни настани што имале силно влијание врз светската историја. Таа е магнет за милиони туристи што се привлечени од убавината на нејзиниот разнолик пејзаж, од делата на славните уметници и од неодоливата италијанска кујна. Но, Италија е и земја во која цвета библиското образование.
Најверојатно вистинското христијанство за првпат стигнало во Рим — престолнина на тогашната најголема светска сила — кога Евреите и прозелитите што станале христијани на Пентекост 33 н.е. се вратиле дома од Ерусалим. Кога апостол Павле за првпат дошол во Италија во 59 н.е., ‚нашол браќа‘ во верата во крајбрежниот град Путеоли (Дела 2:5-11; 28:11-16).
Како што прорекле Исус и апостолите, пред крајот на првиот век н.е. некои почнале постепено да отпаѓаат од вистинското христијанство. Сепак, пред да заврши овој зол систем на работи, вистинските ученици на Исус смело ја проповедаат добрата вест насекаде во светот, па и во Италија (Матеј 13:36-43; Дела 20:29, 30; 2. Солуњаните 2:3-8; 2. Петрово 2:1-3).
Почетокот не ветува многу
Во 1891 година, Чарлс Тејз Расел, кој предводел во светското проповедничко дело на Истражувачите на Библијата (како што тогаш се нарекувале Јеховините сведоци), за првпат дошол во посета на некои италијански градови. Морал да признае дека резултатите од неговата служба таму не ветувале баш многу: „Нема ништо што би нѐ навело да се надеваме на каква и да било жетва во Италија“. Во пролетта 1910 година, брат Расел повторно дошол во Италија и одржал предавање во една спортска сала во центарот на Рим. Каков бил резултатот? „Општо земено“, изјавил тој, „состанокот беше доста разочарувачки.“
Всушност, во тие први неколку децении проповедањето на добрата вест во Италија напредувало бавно, делумно и затоа што Јеховините сведоци биле прогонувани од фашистичкиот режим. Во тој период, во земјата имало само околу 150 Сведоци на Јехова, од кои повеќето дознале за библиските вистини од роднини и пријатели што живееле во странство.
Извонреден напредок
По Втората светска војна, во Италија беа испратени голем број мисионери. Меѓутоа, како што може да се види од документите кои се чуваат во владините архиви, лица што биле на високи положби во Ватикан побарале од владата да ги протера мисионерите. Со исклучок на неколку мисионери, сите други биле принудени да си заминат од земјата.
И покрај тешкотиите, мноштва луѓе во Италија почнаа да се слеваат кон „Гората“ на која се обожава Јехова (Исаија 2:2-4). Порастот на бројот на Сведоци е извонреден. Најголемиот број објавители на добрата вест во 2004 година достигна 233.527, што значи 1 Сведок на 248 жители, а 433.242 лица присуствувале на Меморијалот по повод Христовата смрт. Во земјата има 3.049 собранија на Јеховините сведоци кои одржуваат состаноци во удобни Сали на Царството. Од неодамна е забележан и приличен пораст меѓу специфични групи на луѓе.
Се проповеда на многу јазици
Многу имигранти од Азија, Африка и Источна Европа доаѓаат во Италија да најдат работа или подобар живот, а понекогаш и да избегнат некоја трагедија. Како може да им се помогне во духовна смисла на овие милиони луѓе?
Многу Сведоци во Италија се нафаќаат на тешката задача да учат странски јазици како, на пример, албански, амхарски, арапски, бенгалски, кинески, пенџапски, синхала и тагалог. Од 2001 година почнаа да се одржуваат курсеви на овие јазици за да можат спремните поединци да им сведочат на странците. Во изминативе три години, 3.711 Сведоци присуствуваа на 79 курсеви кои се одржаа на 17 јазици. Ова овозможи да се формираат и да се зајакнат 146 собранија и 274 групи во кои се зборува на 25 различни јазици. На ваков начин, многу искрени луѓе ја слушнаа добрата вест и почнаа да ја проучуваат Библијата. Во многу случаи резултатите се извонредни.
Еден Јеховин сведок разговарал за Библијата со Џорџ, Индиец што зборува на јазикот малајалам. И покрај тоа што имал тешки проблеми со работата, Џорџ со радост прифатил да ја проучува Библијата. По неколку дена во Салата на Царството дошол Гил, пријател на Џорџ од Индија кој зборува пенџапски, па и тој почнал да ја проучува Библијата. Гил ги запознал Сведоците со Дејвид, Индиец што зборува на јазикот телугу. Наскоро и Дејвид почнал да ја проучува Библијата. Во истата куќа со Дејвид живееле други двајца Индијци, Сони и Шубаш. И двајцата му се придружиле во проучувањето на Библијата.
Неколку седмици потоа, Сведоците примиле телефонски повик од Далип, човек што зборува на јазикот марати. Тој рекол: „Јас сум му пријател на Џорџ. Ќе ме поучувате ли за Библијата?“ Потоа и Самит, човек што зборува на тамилски јазик, изразил желба да проучува. На крајот телефонирал уште еден пријател на Џорџ, па и тој побарал да ја проучува Библијата. Џорџ потоа го донел на состанок во Салата на Царството Макс, еден друг младич. И тој побарал да проучува. До денес, Библијата ја проучуваат шестмина од нив, а се прават подготовки да се проучува со уште четворица. Се проучува на англиски, но се користат и публикации на хинди, малајалам, марати, пенџапски, тамилски, телугу и урду.
Глувите „ја слушаат“ добрата вест
Во Италија има повеќе од 90.000 глуви лица. Кон средината на 1970-тите Сведоците го свртеа своето внимание и кон нив со цел да ги поучат за библиската вистина. Во почетокот, некои Сведоци што беа глуви помогнаа италијанскиот знаковен јазик да го научат други Сведоци кои беа спремни да им сведочат на ваквите лица. Потоа сѐ повеќе глуви лица почнаа да покажуваат интерес за Библијата. Денес, повеќе од 1.400 луѓе што користат италијански знаковен јазик доаѓаат на христијански состаноци. Петнаесет собранија и 52 групи одржуваат состаноци на овој јазик.
Во почетокот, проповедањето на глувите луѓе зависеше главно од чекорите што ги преземаа поединечни Сведоци. Но, во 1978 година, италијанската подружница на Јеховините сведоци почна да организира
конгреси за глувите. Во месец мај таа година беше објавено дека на претстојниот меѓународен конгрес во Милано некои делови од програмата ќе бидат изнесени и на знаковен јазик. Првиот покраински собир за глувите беше одржан во Конгресната сала во Милано во февруари 1979 година.Бетелската канцеларија од тогаш обрнува посебно внимание да бидат духовно нахранети глувите лица така што поттикнува сѐ поголем број на проповедници подобро да го научат знаковниот јазик. Од 1995 година, специјални пионери (лица што проповедаат полновремено) беа испратени во некои групи за да ги обучат глувите Сведоци за служба на проповедање и да им организираат христијански состаноци. Три Конгресни сали се опремени со најсовремена видео-опрема за подобро следење на програмата. Освен тоа, на располагање се и видеокасети од христијанските публикации за да им се обезбеди духовна храна на глувите лица.
Другите забележуваат дека Сведоците добро се грижат за духовните потреби на глувите. Во P@role & Segni, списание што го издава Италијанското здружение за глуви лица, било цитирано едно писмо што им било испратено од еден католички прелат: „Не е лесно човек да е глув. Тој има потреба постојано да му се обрнува внимание. На пример, тој пристигнува во црквата сам без проблеми, но му треба толкувач за да може да следи сѐ што ќе се прочита, што ќе се каже или што ќе се пее во текот на богослужбата“. Списанието продолжува: „Прелатот признава дека, за жал, црквата сѐ уште не е подготвена да се справи со ваквиот хендикеп, но посочува дека многу глуви лица се подобро згрижени во тој поглед во Салите на Царството на Јеховините сведоци отколку во парохиската црква“.
Добрата вест им се проповеда на затворениците
Може ли човек да е в затвор, а сепак да е слободен? Да, бидејќи Божјата реч има моќ Јован 8:32; Лука 4:16-19). Во Италија се постигнуваат извонредни резултати со тоа што им се проповеда на затворениците. Скоро 400 Јеховини сведоци имаат дозвола од властите да ги посетуваат затворениците со цел да им дадат духовна помош. Јеховините сведоци се првата не-католичка организација која побарала и добила ваква дозвола.
да ‚ги ослободи‘ оние што ја прифаќаат и ја применуваат во својот живот. Пораката што Исус им ја објавувал на „заробените“ била ослободување од гревот и од лажната религија (Библиската порака може да се рашири на непредвидливи начини. Затворениците разговараат меѓу себе за библиското образовно дело на Јеховините сведоци. Како резултат на тоа, некои од другите затвореници побарале да ги посети Сведок. Понекогаш некои членови од семејствата на затворениците кои почнале да ја проучуваат Библијата ги поттикнуваат своите во затворот да побараат да ги посетат Сведоци. Некои од затворениците кои одлежуваат казна доживотен затвор поради убиство или други тешки злосторства се покајале и драстично го промениле својот живот. Ова е услов за да му се предадат на Јехова Бог и да се крстат.
Во голем број затвори, беа направени подготовки да се одржат јавни предавања на библиски теми, да се одбележи Меморијалот на Исусовата смрт и да се прикажат видеокасети со библиска програма што се издадени од Јеховините сведоци. Честопати на ваквите состаноци присуствуваат голем број затвореници.
За да можат на практичен начин да им помогнат на затворениците, Сведоците нашироко дистрибуираат списанија во кои се зборува за теми што им се од особена помош на оние што одлежуваат затворски казни. Едно такво списание беше изданието на Разбудете се! од 8 мај 2001, кое зборуваше за темата „Можат ли затворениците да се променат?“ Изданието од 8 април 2003 ја обработи темата „Дрога — како може да помогне семејството?“ На затворениците им беа дадени илјадници примероци од овие списанија. Како резултат на ова, моментално Библијата ја проучуваат стотици затвореници. Некои од чуварите на затворите исто така покажуваат интерес за библиската порака.
Откако добил посебна дозвола од властите, еден затвореник по име Костантино бил крстен во една Сала на Царството во Сан Ремо, во присуство на 138 локални Сведоци. „Се чувствував како да сум заплиснат од љубов“, изјавил Костантино, кој бил видливо трогнат по своето крштавање. Еден локален весник ги пренел зборовите на управникот на тој затвор: „Со голема радост . . . ја дадовме оваа дозвола. Треба да му се посвети внимание на сето она што може да помогне затвореникот да се промени во друштвен, индивидуален и духовен поглед“. Жена му и ќерка му на Костантино се импресионирани од тоа како точното спознание за Библијата влијаело на животот на Костантино: „Се гордееме со него поради промените што ги направи. Стана мирољубив и сѐ подобро се грижи за нас. Ни се вратија довербата и почитта кон него“. И тие почнале да ја проучуваат Библијата и да одат на христијански состаноци.
Серџо, кој бил осуден за кражба, вооружен грабеж, криумчарење дрога и убиство, треба да ја одлежува својата казна до 2024 година. Откако три години ја проучувал Библијата и потполно го променил својот живот, Серџо решил да се крсти. Тој е петнаесеттиот затвореник што
се крстил како Јеховин сведок во затворот Порто Аѕуро, кој се наоѓа на островот Елба. Во присуство на неколку други затвореници, неговото крштавање било извршено во монтажен базен што бил поставен на спортското игралиште во затворот.Леонардо, кој одлежува 20-годишна затворска казна, добил посебна дозвола да се крсти во една Сала на Царството во Парма. Во интервјуто што го дал за еден локален весник, Леонардо изјавил дека сака „јасно да стави до знаење дека не решил да стане Јеховин сведок за да се спаси од темнината на затворот, туку за да задоволи една длабока духовна потреба“. Леонардо рекол: „Мојот живот беше полн со грешки, но тоа сега е минато. Се променив, иако тие промени не дојдоа преку ноќ. Морам да продолжам да бидам чесен“.
Салваторе, кој бил осуден за убиство, ја одлежува својата казна во Сполето, затвор со максимално обезбедување. Неговото крштавање, што се извршило во затворот, оставило силен впечаток врз мнозина. Тамошниот управник на затворот изјавил: „Треба да се нагласи колку е важно за средината да се донесе одлука која води до подобро однесување — од неа има корист и самиот затвор но и целото општество“. Како резултат на промените што ги направил Салваторе, неговата жена и ќерка сега одат на состаноци кај Јеховините сведоци. Еден затвореник на кого му сведочел Салваторе, исто така се крстил и му служи на Јехова.
Раното христијанство се раширило и напредувало во Италија (Дела 2:10; Римјаните 1:7). Во ова време на жетва, духовниот раст и напредок продолжува на истите подрачја каде што Павле и неговите сохристијани се напрегале да ја проповедаат добрата вест (Дела 23:11; 28:14-16).
[Карта на страница 13]
(Види во публикацијата)
ИТАЛИЈА
Рим
[Слики на страница 15]
Конгресната сала Битонто и собрание на италијански знаковен јазик во Рим
[Слика на страница 16]
Библиската вистина ‚ги ослободува‘ затворениците
[Слики на страница 17]
Духовниот раст продолжува таму каде што порано цветало раното христијанство