Родители, грижете се за потребите на своето семејство
Родители, грижете се за потребите на своето семејство
„Ако некој не се грижи за своите . . . тој се одрекол од верата“ (1. ТИМОТЕЈ 5:8).
1, 2. а) Зошто сме охрабрени кога гледаме како семејствата присуствуваат на христијанските состаноци? б) Со кои пречки се соочуваат некои семејства за да пристигнат навреме на состаноците?
КОГА ќе погледнеш во христијанското собрание пред да започне состанокот, ќе видиш уредни и убаво облечени деца како си седат заедно со своите родители. Зар не е пријатно да се види љубовта што е толку очигледна во таквите семејства — љубовта кон Јехова и еден кон друг? Но, лесно е да се заборави колкав напор треба да се вложи за едно семејство да стигне навреме на состаноците.
2 Во повеќето случаи, родителите се зафатени по цел ден, а вечерите кога има состанок, сите во семејството се уште позафатени. Треба да се подготви јадење, да се завршат некои секојдневни работи низ дома, децата да ги напишат домашните задачи. Најголемиот товар паѓа врз родителите — тие се грижат сите да бидат чисти, најадени и подготвени на време. Се разбира, кога се во прашање децата, се случуваат најнеочекувани работи кога најмалку ни треба тоа. Најголемото дете си ги скинало панталоните додека си играло. На најмалото му се истурило јадењето. Децата почнуваат да се караат (Пословици 22:15). До што води сето тоа? Дури и најдобрите планови на родителите можат да тргнат наопаку. Сепак, семејството речиси секогаш е во Салата на Царството доволно време пред да започне состанокот. Навистина сме охрабрени кога ги гледаме како доаѓаат секоја седмица, од година на година, додека децата растат и му служат на Јехова!
3. Од каде знаеме дека во Јеховини очи семејствата имаат голема вредност?
3 Иако она што го правиш како родител понекогаш може да е напорно, дури и да те исцрпи, биди уверен дека Јехова многу го цени твојот труд. Јехова го основал семејството. Затоа, во неговата Реч стои дека секое семејство „му го должи своето име“ — своето постоење — на Јехова (Ефешаните 3:14, 15). Според тоа, кога вие, како родители, се трудите исправно да ја исполните својата улога во семејството, му оддавате чест на Севишниот Господар на универзумот (1. Коринќаните 10:31). Зарем тоа не е голема чест? Затоа, на место е да поразговараме за тоа каква задача им дал Јехова на родителите. Во оваа статија ќе зборуваме од аспект на грижа за потребите на семејството. Да разгледаме три начини на кои Бог очекува од родителите да се грижат за потребите на своето семејство.
Грижа за материјалните потреби
4. Какви улоги доделил Јехова во семејството за да се задоволат потребите на децата?
4 Апостол Павле напишал: „Навистина, ако некој не се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се одрекол од верата и полош е од оној без вера“ (1. Тимотеј ). Кога Павле зборувал за „некој“, на кого мислел? На семејниот поглавар, обично таткото. Бог ѝ дава и на жената достоинствена улога како помошник на својот сопруг ( 5:8Битие 2:18). Жените во библиските времиња честопати им помагале на своите мажи во грижата за материјалните потреби на семејството (Пословици 31:13, 14, 16). Денес, сѐ почеста појава се семејствата со еден родител. * Многу самохрани мајки што се христијанки одлично се грижат за својот дом. Се разбира, најдобро е кога во семејството има двајца родители, а предводи таткото.
5, 6. а) Наведи некои тешкотии на кои наидуваат оние што се грижат за материјалните потреби на своите домашни. б) Кое гледиште за световната работа ќе им помогне на христијанските родители да истраат?
5 На каква грижа мислел Павле во стихот од 1. Тимотеј 5:8? Контекстот покажува дека зборувал конкретно за материјалните потреби на семејството. Во денешниов свет, еден семеен поглавар наидува на многу пречки додека ги задоволува материјалните потреби на семејството. Во целиот свет не се ништо ново економските проблеми, отпуштањето од работа, високата стапка на невработеност и сѐ поголемите животни трошоци. Што може да му помогне на еден родител да истрае и покрај таквите тешкотии?
6 Ќе биде добро родителот да мисли на тоа дека извршува задача што ја добил од Јехова. Инспирираните зборови на Павле покажуваат дека човек што е способен да ја изврши таа заповед но сепак одбива да го направи тоа е ист како некој што „се одрекол од верата“. Еден христијанин ќе даде сѐ од себе за да не остави таква слика пред Бог. Но, за жал, многу луѓе во денешниов свет се „без природна наклоност“ (2. Тимотеј 3:1, 3). Факт е дека многу татковци бегаат од таа одговорност и го оставаат семејството на цедило. Сопрузите што се христијани немаат таков бездушен, несериозен став кон грижата за своите домашни. За разлика од нивните колеги на работа, за христијаните што се грижат за своето семејство дури и најниските работни задачи се достоинствени и важни, еден начин да му угодат на Јехова Бог, бидејќи тие им овозможуваат да се грижат за своите сакани.
7. Зошто е на место родителите да размислуваат за примерот на Исус?
7 Исто така, на семејните поглавари може да им користи да размислуваат за совршениот пример на Исус. Сети се, Библијата во пророштво го нарекува Исус „Вечен Татко“ (Исаија 9:6, 7). Како „последниот Адам“, Исус на најдобар начин го заменува „првиот човек Адам“ како татко на оние луѓе што покажуваат вера (1. Коринќаните 15:45). За разлика од Адам, кој испаднал себичен татко, Исус е идеален татко. За него Библијата вели: „По тоа сме ја спознале љубовта, бидејќи тој ја положи својата душа за нас“ (1. Јованово 3:16). Да, Исус спремно го дал својот живот за другите. Меѓутоа, и во помали работи секојдневно ги ставал интересите на другите пред своите. Ќе биде добро вие, родители, да го имате истиот тој самопожртвуван дух.
8, 9. а) Што можат родителите да научат од птиците во врска со несебичната грижа за своите малечки? б) Како покажуваат самопожртвуван дух многу христијански родители?
8 Родителите можат многу да научат што значи да се покажува несебична љубов ако размислат за зборовите што му ги кажал Исус на Божјиот тврдоглав народ: „Колкупати сакав да ги соберам твоите деца како што квачка ги собира своите пилиња под крилјата!“ (Матеј 23:37). Овде Исус живописно опишал квачка што ги штити своите пиленца со крилјата. Точно, родителите можат да научат многу од заштитничките инстинкти на птицата што има малечки, која веднаш ќе се изложи на опасност за да ги заштити од лошо своите пиленца. Но, извонредно е да се види и она што го прават птиците секојдневно. Непрекинато летаат наваму-натаму во потрага по храна. Дури и кога се многу исцрпени, ја ставаат храната во отворените клунчиња на своите пиленца, кои ја голтаат и обично цивкаат за да добијат уште. Многу суштества што ги создал Јехова се „инстинктивно мудри“ во начинот на кој се грижат за потребите на своите малечки (Пословици 30:24, NW).
9 Слично на тоа, христијанските родители во целиот свет покажуваат самопожртвуван дух што е за восхит. Вие попрво би оставиле да ви се случи нешто лошо вам отколку на вашите деца. Освен тоа, вие секојдневно спремно се жртвувате за да ги задоволите потребите на своите домашни. Мнозина од вас стануваат рано за да одат на работа што ги исцрпува и не ја сакаат. Напорно работите за да има леб на масата. Се борите за децата да имаат облека, кров над глава и образование. И тоа го правите од ден на ден, од година на година. Сигурно дека на Јехова му е угодна таквата самопожртвуваност и истрајност! (Евреите 13:16). Но, во исто време, не заборавате дека има уште поважни подрачја на кои треба да се грижите за потребите на своите домашни.
Грижа за духовните потреби
10, 11. Која човечка потреба е најважна, и што мораат најнапред да направат христијанските родители за да ја задоволат таа потреба на своите деца?
10 Уште поважна од грижата за материјалните потреби е грижата за духовните потреби. Исус рекол: „Нема да живее човек само од леб туку и од секоја изјава што излегува од Јеховината уста“ (Матеј 4:4; 5:3). Што можете да направите вие родители за да се грижите за духовните потреби на семејството?
11 Можеби најцитиран библиски стих на таа тема е Второзаконие 6:5-7. Те молиме, отвори ја Библијата и прочитај ги овие стихови. Забележи дека на родителите најнапред им е речено да ја изградат својата духовност, стекнувајќи љубов кон Јехова и ставајќи ги при срце неговите зборови. Да, вие треба сериозно да ја проучувате Божјата реч, редовно читајќи ја Библијата и длабоко размислувајќи за неа за да можете вистински да ги разберете и да ги засакате Јеховините патишта, начела и закони. Како резултат на тоа, вашето срце ќе биде исполнето со прекрасни библиски вистини што во вас ќе предизвикаат чувства на радост, почит и љубов кон Јехова. Тогаш, на своите деца ќе можете да им пренесете многу добри работи (Лука 6:45).
12. Како можат родителите да го следат примерот на Исус кога станува збор за всадувањето на библиските вистини во нивните деца?
12 Духовно јаките родители се опремени да го применат советот од Второзаконие 6:7, во секоја прилика да ги напомнуваат, односно да ги всадуваат Јеховините зборови во своите деца. Да се всади значи да се поучува некого и да му се вреже нешто во умот со постојано повторување. Јехова добро знае дека на сите нас — особено на децата — ни е потребно да ни се повторува нешто за да го научиме. Затоа, Исус повторувал некои работи додека ја извршувал својата служба. На пример, кога ги поучил своите ученици да бидат понизни наместо горди и со натпреварувачки став, нашол различни начини да повтори едно исто начело. Тој поучувал со логично објаснување, со споредби, дури и со својот личен пример (Матеј 18:1-4; 20:25-27; Јован 13:12-15). Сепак, значајно е тоа што Исус никогаш не бил нестрплив. Слично на тоа, родителите треба да најдат начини да ги поучат своите деца за основните библиски вистини, стрпливо повторувајќи им ги Јеховините начела сѐ додека децата не ги сфатат и не ги применат.
13, 14. Во кои прилики родителите можат да ги всадат библиските вистини во своите деца, и кој материјал може да им помогне во тоа?
13 Термините кога целото семејство проучува заедно се идеална прилика за такво воспитување на децата. Редовното, изградувачко проучување на Библијата како среќно семејство е клучен фактор за да се изгради духовноста на семејството. Христијанските семејства во целиот свет уживаат кога проучуваат заедно, користејќи ја литературата што ни ја обезбедува Јеховината организација и приспособувајќи ја дискусијата на потребите на децата. Книгата Учи од Големиот Учител е особено корисна за таа намена, како и книгата Младите прашуваат — делотворни одговори. * Меѓутоа, термините кога семејството проучува не се единствени прилики кога треба да се поучуваат децата.
14 Како што покажува стихот од Второзаконие 6:7, има многу прилики кога вие, родители, можете да разговарате со своите деца за духовни работи. Сеедно дали тогаш кога одите некаде заедно, работите нешто заедно или се одморате заедно, можете да искористите прилика да ги задоволите духовните потреби на своите деца. Се разбира, не треба нон-стоп да им „држите лекции“ за библиските вистини. Наместо тоа, трудете се да водите изградувачки, духовни разговори во семејството. На пример, списанието Разбудете се! содржи многу статии на најразлични теми. На темел на тие статии можат да се започнат разговори за животните како созданија на Јехова, за местата со природни убавини во светот, како и за најразличните култури и начини на живот на луѓето. Таквите разговори можат да ги мотивираат младите повеќе да ја читаат литературата што ја обезбедува класата на верниот и разборит роб (Матеј 24:45-47).
15. Како можат родителите да им помогнат на децата службата да им биде интересна и радосна?
15 Духовните разговори со вашите деца ќе ви помогнат да задоволите уште една духовна потреба. Христијанските деца треба да научат делотворно да разговараат со другите за својата вера. Додека разговарате за Дела 20:35).
некоја интересна мисла во Стражарска кула или Разбудете се!, барајте прилики да го поврзете тој материјал со службата. На пример, би можеле да прашате: „Зар не би било убаво уште повеќе луѓе да го знаат ова за Јехова? Како да заинтересираме некого за оваа тема?“ Таквите дискусии можат да им помогнат на младите да имаат поголема желба да зборуваат со другите за она што го учат. Потоа, кога децата ќе појдат со вас во служба, ќе видат на дело како се водат такви разговори. Исто така, ќе научат дека службата е интересна и усреќува, причинува големо задоволство и радост (16. Што можат да научат децата додека ги слушаат молитвите на своите родители?
16 Родителите се грижат за духовните потреби на своите деца и кога се молат. Исус ги поучил своите ученици да се молат, и во многу прилики се молел со нив (Лука 11:1-13). Помисли колку научиле од тоа што се молеле заедно со Јеховиниот Син! Слично, вашите деца можат да научат многу од вашите молитви. На пример, можат да научат дека Јехова сака слободно да му зборуваме од срце, да му кажеме за секој проблем што нѐ мачи. Да, твоите молитви можат да им помогнат на децата да научат една многу важна работа: Тие можат да имаат близок однос со својот небесен Татко (1. Петрово 5:7).
Грижа за емоционалните потреби
17, 18. а) Како открива Библијата колку е важно да им се пружи љубов на децата? б) Како треба татковците да бидат како Јехова со тоа што ќе ги опсипат со љубов своите деца?
17 Се разбира, децата имаат и важни емоционални потреби. Божјата реч им вели на родителите дека е многу битно да ги задоволат тие потреби. На пример, помладите жени се советувани „да ги љубат своите деца“. Тоа е поврзано со советот што им е даден на младите мајки да се вразумат (Тит 2:4). Впрочем, сосема е разумно да му се пружи љубов на детето. Така тоа учи да сака и позитивно му се одразува во текот на целиот живот. Од друга страна, пак, неразумно е да не му се пружи љубов на детето. Тоа му нанесува голема болка и ако правиме така, пропуштаме да бидеме како Јехова, кој нѐ опсипува со огромна љубов и покрај нашите маани (Псалм 103:8-14).
18 Освен тоа, Јехова прв направил чекор да покаже љубов кон своите деца на Земјата. Како што стои во 1. Јованово 4:19, „тој првин нѐ љубеше нас“. Особено вие, татковци, треба да го следите примерот на Јехова, со тоа што први ќе создадете нежна врска на љубов со своите деца. Библијата ги поттикнува татковците да не ги раздразнуваат своите деца „за да не станат малодушни“ (Колошаните 3:21). Малку други работи толку ги раздразнуваат децата како впечатокот дека родителот не ги сака или не му се мили. Татковците што не се склони да ги искажуваат своите чувства треба да размислат за примерот на Јехова. Тој зборувал дури од небото за да каже дека е задоволен од својот Син и дека го сака (Матеј 3:17; 17:5). Тоа сигурно многу го охрабрило Исус! Слично, децата многу се зајакнуваат и се охрабруваат кога родителите искрено им кажуваат дека ги сакаат и дека се задоволни од нив.
19. Зошто е многу важно да се дисциплинираат децата, и каква рамнотежа треба да настојуваат да постигнат христијанските родители?
19 Се разбира, родителите не покажуваат љубов само со зборови. Љубовта се покажува првенствено со дела. Грижата за материјалните и за духовните потреби може да биде израз на љубов од страна на родителите, особено кога е јасно дека главен мотив им е љубовта. Освен тоа, воспитувањето Евреите 12:6). Од друга страна, пак, пропустот да се воспита и дисциплинира детето покажува дека родителот го мрази своето дете! (Пословици 13:24). Јехова секогаш ја постигнува исправната рамнотежа, дисциплинирајќи „по мерка“ (Еремија 46:28, ПСП). Не е секогаш лесно несовршените родители да најдат таква рамнотежа. Сепак, вреди да се потрудите да постигнете таква рамнотежа. Кога ги воспитувате децата строго и со љубов, ќе имаат среќен, исполнет живот (Пословици 22:6). Зарем секој христијанин не му го посакува тоа на своето дете?
и дисциплинирањето се многу битен израз на родителска љубов. Всушност, „кого Јехова го љуби, него и го дисциплинира“ (20. Како можат родителите да им дадат на своите деца најдобра можна прилика ‚да изберат живот‘?
20 Ако вие, родители, ја извршувате важната задача што ви ја дал Јехова — да се грижите за материјалните, духовните и емоционалните потреби на своите деца — ќе имате големи награди. Така им давате на своите деца најдобра можност ‚да изберат живот‘ и потоа ‚да живеат‘ (Второзаконие 30:19, 20). Оние деца што ќе изберат да му служат на Јехова и да останат на патот на животот додека растат се извор на огромна радост на своите родители (Псалм 127:3-5). Таквата радост ќе трае вечно! Но, како можат младите да го фалат Јехова денес? Во следната статија ќе ја разгледаме таа тема.
[Фусноти]
^ пас. 4 Во оваа дискусија, оној што се грижи за потребите на семејството ќе се спомнува во машки род. Меѓутоа, начелата што се изнесени важат и за христијанките што се во улога на лице што се грижи за тие потреби.
^ пас. 13 Издадени од Јеховините сведоци.
Како би одговорил?
Што можат да сторат родителите за да се грижат за
• материјалните потреби на своите деца?
• духовните потреби на своите деца?
• емоционалните потреби на своите деца?
[Прашања]
[Слика на страница 18]
Многу птици неуморно се грижат за своите пиленца
[Слика на страница 20]
Родителите мораат најнапред да ја изградат својата духовност
[Слики на страници 20 и 21]
Родителите можат да најдат многу прилики да ги поучат своите деца за Творецот
[Слика на страница 22]
Децата се зајакнуваат и се охрабруваат кога родителите ги пофалуваат и им кажуваат дека се задоволни од нив