„Готово е“
„Готово е“
ВО 2002 година, Јеховините сведоци одржаа обласен конгрес во градот Мбандака во северозападниот дел од Демократска Република Конго. Кога излезе Преводот Нов свет на Христијанските грчки списи на јазикот лингала, сите во публиката буквално скокнаа од радост, а на некои им потекоа и солзи. Подоцна, луѓето побрзаа кон бината за да ја видат одблизу новата Библија, извикувајќи: „Basuki, Basambwe“ што значи: „Готово е! Посрамени се!“
Зошто присутните беа толку возбудени и што сакаа да кажат со тие зборови? Во некои делови на Мбандака, Јеховините сведоци не можеа да добијат Библии на лингала јазикот. Зошто? Затоа што црквите одбиваа да им ги продаваат на Јеховините сведоци. Сведоците мораа да бараат примероци преку други канали. Сега тие беа пресреќни затоа што црквите не можеа повеќе да ги спречат да добијат Библии.
Новиот превод нема да им користи само на Јеховините сведоци туку и на јавноста воопшто. Еден човек, кој ја слушал програмата во својот дом преку звучниците од конгресното место, го напишал следново до подружницата на Јеховините сведоци: „Многу сум среќен затоа што излезе оваа Библија. Ќе нѐ просветли за многу работи. Не сум Јеховин сведок, но со нетрпение ја очекувам оваа Библија што сега ја издадовте“.
Преводот Нов свет на Светото писмо сега е достапен во целост на 33 јазици, а Христијанските грчки списи на 19 други јазици, меѓу кои и лингала. Ако сакаш примерок од овој извонреден превод, те молиме побарај од некој Јеховин сведок.