Потрага по внатрешен мир
Потрага по внатрешен мир
АЛБЕРТ бил среќно оженет човек и имал две прекрасни деца. Но, чувствувал дека нешто му недостига во животот. Во еден период кога се мачел да најде работа, се вмешал во политика и станал социјалист. Дури станал и активен член на локалната Комунистичка партија.
Меѓутоа, не поминало многу време и Алберт се разочарал од комунизмот. Ги раскинал врските со политиката и целосно се посветил на семејството. Смислата на животот му била среќата на семејството. Сепак, Алберт сѐ уште чувствувал дека нешто му недостига; сѐ уште не можел да најде внатрешен мир.
Случајот на Алберт не е единствен. Со цел да најдат смисла во животот, милиони луѓе денес испробуваат разни идеологии, филозофии и религии. Во западниот свет, хипи-движењето од 1960-тите години претставуваше побуна против традиционалните и општествените морални вредности. Особено младите ја бараа смислата на животот преку халуциногени дроги и филозофиите на т.н. гуруа и духовните водачи на движењето. Сепак, хипи-движењето не успеа да донесе вистинска среќа. Наместо тоа, создаде зависници од дрога и промискуитетна младина, сѐ побрзо туркајќи го општеството во морална збрка.
Веќе со векови, многу луѓе ја бараат среќата во богатството, моќта или високото образование. Но тоа на крајот им носи само разочарување. „Дури и кога Лука 12:15). Наместо тоа, упорното тежнеење по богатство го прави човек несреќен. Библијата вели: „Оние кои се решени да се збогатат, паѓаат во искушение и замка и во бројни безумни и штетни желби, кои ги туркаат луѓето во уништување и пропаст. Зашто љубовта кон парите е корен на секакви штетни работи, и тежнеејќи по оваа љубов некои . . . се испроболе со многу болки“ (1. Тимотеј 6:9, 10).
некој има изобилство“, рекол Исус, „неговиот живот не произлегува од она што го поседува“ (Тогаш, како може да се најде внатрешен мир и среќа во животот? Дали после многу обиди и грешки, слично како да сакаме да погодиме подвижна мета со врзани очи? За среќа, не. Како што ќе видиме во следната статија, решението лежи во задоволувањето на една многу важна потреба, што е својствена само за луѓето.
[Слика на страница 3]
Дали тежнеењето по богатство, моќ или високо образование ќе ти помогне да најдеш внатрешен мир?