Вистински учења што му се угодни на Бог
Вистински учења што му се угодни на Бог
ЗА ДА МОЖАТ жителите на Земјата да знаат кои учења се вистински и му се угодни на Бог, тој мора да им ги открие своите мисли на луѓето. Исто така, мора тие мисли да ги направи достапни за сите. Како поинаку би можеле луѓето да знаат што одобрува Бог во врска со учењата, обожавањето и однесувањето? Дали Бог дал такви информации? Ако да, тогаш во кој облик?
Може ли еден човек, со животен век од само неколку децении, лично да ги достигне сите луѓе и да служи како канал за комуникација со Бог? Не. Меѓутоа, еден траен, пишан запис може. Затоа, зарем не би било соодветно тие објави од Бог да бидат достапни во облик на книга? Една од древните книги која тврди дека е инспирирана од Бог е Библијата. „Целото Писмо е инспирирано од Бог и корисно за поучување, за укорување, за исправање на работите, за дисциплина во праведност“, изјавува еден од нејзините писатели (2. Тимотеј 3:16). Да се запознаеме подобро со Библијата и да видиме дали таа е навистина извор на вистинските учења.
Колку е стара?
Меѓу поважните религиозни книги, Библијата е најстарата. Нејзините први делови се запишани пред околу 3.500 години. Оваа книга е завршена во 98 од н.е. И покрај тоа што ја пишувале околу 40 мажи во период од 1.600 години, Библијата е складно дело. Тоа е така затоа што нејзиниот вистински автор е Бог.
Библијата е најраспространетата и најпреведуваната книга во целата историја. Секоја година се дистрибуираат околу 60 милиони примероци од целата Библија или делови од неа, кои се преведени на повеќе од 2.300 јазици и дијалекти. Преку 90 проценти од луѓето можат да ја читаат Библијата, или барем делови од неа, на својот јазик. Оваа книга ги надминува
националните граници, расните разлики и етничките пречки.Како е уредена
Ако имаш Библија, зошто не ја отвориш и не погледнеш како е уредена? * Прво, сврти кај содржината. Во многу Библии таа е на почетокот, каде што се наведени името и страницата на секоја книга. Ќе забележиш дека Библијата е всушност една голема збирка од поединечни книги, а секоја си има свое име. Првата книга е Битие, а последната е Откровение или Апокалипса. Книгите се групирани во два дела. Првите 39 книги се наречени Хебрејски списи. Последните 27 се напишани на грчки јазик и ги сочинуваат Грчките списи. Некои ги нарекуваат овие два дела Стар завет и Нов завет.
Книгите од Библијата имаат поглавја и стихови за да можеш лесно да ги најдеш. Во ова списание стиховите се наведени на следниов начин: првиот број по името на библиската книга го означува поглавјето од книгата, а следниот го означува стихот. На пример, ознаката „2. Тимотеј 3:16“ ја означува книгата Второ Тимотеј, поглавје 3, стих 16. Пробај да го најдеш тој стих во Библијата.
Зарем не се согласуваш дека најдобар начин да се запознаеш со Библијата е редовно да ја читаш? На некои им е полесно прво да ги читаат Грчките списи, почнувајќи со книгата Матеј. Ако секој ден читаш три до пет поглавја, за една година можеш да ја прочиташ целата Библија. Но како можеш да бидеш сигурен дека она што е запишано во Библијата навистина е инспирирано од Бог?
Можеш ли да имаш доверба во Библијата?
Зарем не треба една книга, што Бог ја инспирирал за сите луѓе, да содржи совети за животот кои важат во секое време? Библијата покажува разбирање за човечката природа кое важи за секоја генерација, а нејзините начела се исто толку корисни денес колку што биле и кога прв пат биле запишани. Ова лесно може да се види од еден познат говор на Исус Христос, Основачот на христијанството. Тој е запишан во Матеј, поглавја 5 до 7. Овој говор, познат како Проповед на гората, не покажува само како да најдеме вистинска среќа туку и како да ги решаваме несогласувањата, како да се молиме, како да гледаме на материјалните потреби и уште многу друго. Во таа проповед и во целата Библија, јасно ни е кажано што да правиме, а што да не правиме за да му угодиме на Бог и да имаме подобар живот.
Друга причина зошто можеме да имаме доверба во Библијата е тоа што таа е секогаш точна кога станува збор за научните работи. На пример, во времето кога повеќето луѓе верувале дека Земјата е рамна плоча, Библијата зборувала за ‚земен круг [или сфера]‘ * (Исаија 40:22). И дури 3.000 години пред познатиот научник Исак Њутн да објасни дека планетите висат во празен простор со помош на гравитацијата, во Библијата поетски се вели дека Бог „ја закачил земјата на ништо“ (Јов 26:7, ПСП). Разгледај го исто така и поетскиот опис на водниот циклус на Земјата, кој е запишан пред околу 3.000 години: „Сите реки течат во морето, но морето не се преполнува: тие одново се враќаат кон она место, од каде што потекуваат, за да течат пак“ (Проповедник 1:7, ПСП). Да, Творецот на универзумот е и Автор на Библијата.
Лука 3:1, на темел на точни податоци, се зборува за ‚петнаесеттата година од владеењето на цезарот Тибериј, кога Понтиј Пилат бил управител на Јудеја, и Ирод обласен владетел на Галилеја‘.
Историската точност на Библијата е уште еден доказ дека таа е инспирирана од Бог. Настаните што се запишани во Библијата не се само обични митови. Тие се поврзани со конкретни датуми, луѓе и места. На пример, воИако историчарите од минатото скоро секогаш известуваат само за успесите и добрите страни на владетелите, писателите на Библијата биле чесни, отворено признавајќи ги дури и сопствените грешки. На пример, израелскиот цар Давид признал: „Многу згрешив дека го направив тоа! . . постапив крајно неразумно“. Таа изјава е искрено запишана во Библијата (2. Самоил 24:10). И библискиот писател Мојсеј го запишал настанот кога самиот тој покажал недоверба во вистинскиот Бог (Броеви 20:12).
Библијата има и друго обележје кое покажува дека е инспирирана од Бог. Тоа се исполнетите пророштва — однапред запишана историја. Некои од овие пророштва се поврзани со Исус Христос. На пример, повеќе од 700 години пред раѓањето на Исус, во Хебрејските списи точно е проречено дека Ветениот ќе се роди ‚во Витлеем Јудејски‘ (Матеј 2:1-6; Михеј 5:2).
Разгледај и друг пример. Во 2. Тимотеј 3:1-5 Библијата изјавува: „А ова знај го дека во последните денови ќе настанат критични времиња со кои тешко ќе се излегува на крај. Зашто луѓето ќе бидат себељубиви, љубители на пари, вообразени, надуени, хулители, непослушни на родителите, неблагодарни, нелојални, без природна наклоност, непристапни за каков и да е договор, клеветници, без самосовладување, свирепи, без љубов кон доброта, предавници, своеглави, надуени од гордост, љубители на уживања наместо љубители на Бог, кои имаат облик на побожна оддаденост, но се покажале лажни во поглед на нејзината сила; од таквите одвратувај се“. Зарем овие зборови не го опишуваат ставот на повеќето луѓе денес? Тие биле запишани во 65 година од н.е., пред повеќе од 1.900 години!
Што учиме од Библијата?
Додека ја читаш нејзината порака, ќе можеш да видиш дека Библијата е извор на повозвишена мудрост. Таа ни дава задоволувачки одговори на прашања како што се: Кој е Бог? Дали постои Ѓавол? Кој е Исус Христос? Зошто има страдање? Што ни се случува кога ќе умреме? Одговорите што ќе ги слушнеш од другите луѓе се исто толку различни колку и нивните верувања и обичаи. Но Библијата ни ја открива вистината за овие и за многу други теми. Освен тоа, водството што го дава таа во врска со однесувањето и ставот кон другите луѓе и кон вишите власти е најдоброто што може да се најде. *
Што ни открива Библијата за тоа која е Божјата намера со Земјата и човештвото? Таа ветува: „Уште малку и ќе го снема безбожникот . . . Кротките ќе ја наследат земјата, тие ќе уживаат во изобилен мир“ (Псалм 37:10, 11). „Самиот Бог ќе биде со нив [со луѓето]. И тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ниту ќе има веќе тага ни пискот ни болка. Поранешните работи поминаа“ (Откровение 21:3, 4). „Праведните ќе ја наследат земјата и ќе живеат довека на неа“ (Псалм 37:29).
Библијата исто така прорекува дека наскоро ќе им дојде крај на војните, криминалот, насилството и злобата. Повеќе нема да има болести, старост и смрт. Вечниот живот на рајска Земја ќе стане реалност. Каква прекрасна надеж! Ова навистина ја покажува љубовта што Бог ја има кон луѓето!
Што ќе направиш ти?
Библијата е прекрасен подарок од Творецот. Како треба да реагираш на оваа книга? * Еден универзитетски професор од Соединетите Држави исто така сфатил дека треба да ја прочита оваа најраспространета книга во светот пред да оформи мислење за неа.
Еден хиндус верувал дека за да бидат корисни за сите луѓе, објавите од Бог мора да потекнуваат уште од почетокот на цивилизацијата. Откако сфатил дека некои делови од Библијата се постари од најстарите хиндуистички записи, Ведите, тој одлучил да ја прочита Библијата и да ја испита нејзината содржина.Ако ја читаш Библијата и го применуваш она што го учиш од неа, ќе имаш богати благослови. Во неа пишува: „Блажен е човекот . . . [кому] волјата му е во Господовиот [Јеховиниот] Закон и за Неговиот закон размислува дење и ноќе. Тој е како дрво засадено покрај водни потоци што донесува плод во свое време; неговите лисја никогаш не венат; сѐ што прави во сѐ успева“ * (Псалм 1:1-3). Ако ја проучуваш Библијата и размислуваш за нејзината порака, ќе бидеш среќен затоа што ќе бидат задоволени твоите духовни потреби (Матеј 5:3). Библијата ќе ти покаже како да живееш исполнет живот и како да се справиш успешно со проблемите. Да, „кој ги чува [Божјите закони запишани во Библијата] има голема награда“ (Псалм 19:11). Исто така, ако имаш доверба во Божјите ветувања, ќе имаш благослови уште сега и ќе имаш светла надеж за иднината.
Библијата нѐ поттикнува: „Како новороденчиња, развијте копнеж по неизвалканото млеко кое ѝ припаѓа на речта за преку него да пораснете до спасение“ (1. Петрово 2:2). Едно новороденче зависи од храната и упорно бара да ја задоволи таа потреба. Слично на тоа, и ние зависиме од спознанието за Бог. Затоа ‚развиј копнеж‘, или силна желба, за неговата Реч. Библијата е книга со вистински учења од Бог. Постави си цел редовно да ја проучуваш. Јеховините сведоци во твојата околина со задоволство ќе ти помогнат да извлечеш најголема корист од проучувањето. Срдечно те покануваме да контактираш со нив, или можеш да им пишеш на издавачите на ова списание.
[Фусноти]
^ пас. 8 Ако немаш своја Библија, Јеховините сведоци со задоволство ќе ти помогнат да добиеш еден примерок.
^ пас. 13 Зборот што од оригиналниот јазик е преведен како „круг“ во Исаија 40:22, може исто така да се преведе и како „сфера“. Некои преводи на Библијата гласат: „Земјината топка“ (Douay Version) и „кружната Земја“ (Moffatt).
^ пас. 19 За овие теми се зборува во книгата Спознание кое води до вечен живот, издадена од Јеховините сведоци.
^ пас. 23 Се верува дека најстарите химни на Ведите се создадени пред околу 3.000 години и биле пренесувани усно. Во својата книга A History of India (Историја на Индија) П.К. Сараткумар напишал: „Ведите биле запишани дури во четиринаесеттиот век од н.е.“.
^ пас. 24 Јехова е името на Богот од Библијата. Тоа може да се прочита во Излез 34:5, 6.
[Слика на страница 7]
‚Развиј копнеж‘ за Божјата Реч. Редовно проучувај ја Библијата
[Извор на слика на страница 5]
NASA photo