Кога е оправдано да се навредиме?
Кога е оправдано да се навредиме?
ВО ПРОПОВЕДНИК 7:9 Библијата ни кажува: „Гневот почива во срцето на глупиот“. Овој стих покажува дека не треба да бидеме преосетливи и да се гневиме лесно кога некој ќе нѐ навреди, туку треба да простуваме.
Меѓутоа, дали стихот од Проповедник 7:9 сака да каже дека ништо или никој не треба никогаш да нѐ навреди или да нѐ налути, дека треба да ги простуваме сите навреди без оглед на тоа колку се тешки или колку се чести и дека не треба да сториме ништо во врска со тоа? Дали треба да ни е сеедно кога ние ќе ги навредиме другите со нашите зборови или постапки бидејќи знаеме дека оној што е навреден треба да прости? Не е можно стихот да има такво значење.
Јехова Бог е олицетворение на љубовта, милоста, простувањето и стрпливоста. Сепак, многу пати во Библијата се вели дека тој бил навреден и разгневен. Кога престапот, или навредата, бил многу голем, Бог презел нешто против виновниците. Да разгледаме неколку примери.
Престапи што го навредувале Јехова
Извештајот од 1. Цареви 15:30 ни кажува за гревовите што Јеровоам ‚ги направил и на кои го наведувал Израел, и за оскрбувањето со кое го разгневил Господа‘. Во 2. Летописи 28:25, Библијата го вели следново за царот Ахаз од Јуда: „Во секој одделен јудејски град подигна високи места за да им кади на туѓите богови, дразнејќи го Господа, Бога на татковците“. Друг пример наоѓаме во Судии 2:11-14: „Израелевите синови почнаа да прават што не Му е по волја на Господа, и им служеа на Ваалите . . . Го разгневија Господа . . . Затоа Господ го излеа Својот гнев на Израел; ги остави на ограбувачите да ги ограбуваат“.
Има и други работи што го навредувале и гневеле Јехова и што го терале да преземе нешто. На пример, во Излез 22:18-20 читаме: „Не дозволувај да живее вражалка! Секој што ќе легне со добиток, треба да биде казнет со смрт. Кој ќе принесе жртва на кој и да е идол — освен на единствениот Бог — нека биде предаден на проклетството, целосно уништен“.
Јехова не ги простувал секогаш тешките престапи и грешки на древните Израелци кога тие постојано го навредувале и го лутеле и не се каеле од срце. Кога не се каеле искрено и со ништо не покажувале дека се промениле и дека сакаат да го слушаат Јехова, Бог дозволувал престапниците на крајот да бидат уништени. Ова се случило со целиот Израелски народ во 607 пр.н.е., кога паднале во рацете на Вавилонците, и повторно во 70 од н.е., кога паднале во рацете на Римјаните.
Да, Јехова се гневи и е навреден од лошите работи што ги велат и што ги прават луѓето, па дури и ги погубува непокајничките престапници што прават тешки гревови. Но, дали поради тоа и тој спаѓа во истата група со оние за кои се зборува во Проповедник 7:9? Воопшто не. Тој има добра причина да се навреди и да се лути кога луѓето ќе направат тешки гревови и секогаш пресудува праведно. Библијата вели за Јехова: „Делото Му е совршено, зашто се прави сите Негови патишта. Тој е верен Бог и нема неправда, Тој е праведен и вистинит“ (Второзаконие 32:4).
Сериозни престапи против другите луѓе
Според Законот што Бог му го дал на древниот Израел, последиците биле многу сериозни кога некој сериозно ќе навредел или ќе му згрешел на некого. На пример, ако некој крадец дошол во некоја куќа ноќно време и газдата го убиел, домаќинот не бил виновен за крв. Тој бил невина жртва на тежок престап. Затоа, читаме: „Ако крадецот биде затекнат како го пробива ѕидот, па му биде зададен смртоносен удар, неговата крв не треба да биде одмаздувана“ (Излез 22:2).
Некоја жена што била силувана има право да биде многу гневна, бидејќи тоа е тешко злосторство во Божји очи. Според Мојсеевиот Закон, оној маж што силувал жена требало да умре, „како кога некој ќе се нафрли врз својот ближен и ќе го убие“ (Второзаконие 22:25, 26). Иако ние повеќе не сме под овој Закон, тој ни помага да сфатиме како гледа Јехова на силувањето — како на ужасен грев.
И во денешно време, силувањето е голем престап за кој следува строга казна. Жртвата има потполно право да ја извести полицијата за тоа. На тој начин поставените власти можат да го казнат престапникот. А ако жртвата е малолетна, родителите можат да ја покренат таа постапка.
Помали престапи и навреди
Меѓутоа, нема потреба властите да преземат нешто за сите престапи и грешки. Матеј 18:21, 22).
На пример, не треба претерано да се навредуваме и да се лутиме за некои релативно мали грешки што ги прават другите, туку треба да простуваме. Колку често треба да простуваме? Апостол Петар го прашал Исус: „Господи, колкупати може брат ми да ми згреши, а јас да му простам? До седумпати?“ Исус одговорил: „Не ти велам до седумпати, туку: До седумдесет и седумпати“ (Од друга страна, пак, постојано треба да работиме на нашата христијанска личност за да се обидеме да ги намалиме приликите кога ги навредуваме и ги лутиме другите. На пример, дали понекогаш со другите си безобѕирен, нетактичен, груб? Најверојатно со тоа ќе навредиш некого. Наместо да ја обвинува жртвата дека лесно се навредува и да мисли дека нејзина должност е да прости, оној што ја нанел навредата треба да сфати дека тој е причината што другиот се навредил. Како прво, оној што ја нанел навредата треба да работи на тоа да ги контролира своите постапки и зборови за да не ги навредува другите. Така ќе се намалат приликите кога ги повредуваме чувствата на другите. Библијата нѐ потсетува: „Невнимателниот зборува како да прободува со меч, а јазикот на мудрите е исцелување“ (Пословици 12:18). Кога ги навредуваме и ги лутиме другите, дури и ако не сме имале таква намера, ситуацијата многу ќе се подобри ако се извиниме.
Божјата реч покажува дека треба „да се стремиме кон она што придонесува за мир и кон она што служи за заемно изградување“ (Римјаните 14:19). Кога сме тактични и љубезни, ја применуваме пословицата: „Зборови кажани во право време, се златни јаболки во сребрени садови“ (Пословици 25:11). Тоа сигурно остава многу убав впечаток! Благите, тактични зборови можат дури и да го променат крутиот став на другите: „Мекиот јазик крши и коски“ (Пословици 25:15).
Затоа, Божјата реч нѐ советува: „Вашиот збор секогаш нека биде љубезен, зачинет со сол, за да знаете како треба секому да одговорите“ (Колошаните 4:6). „Зачинет со сол“ значи нашите зборови да им бидат пријатни на другите, а со тоа ќе има помали шанси да ги навредиме. И со зборови и со дела, христијаните се трудат да ја применат библиската опомена: ‚Барајте мир и тежнејте кон него‘ (1. Петрово 3:11).
Според тоа, стихот од Проповедник 7:9 сигурно значи дека не треба брзо да се навредуваме ниту да се лутиме поради релативно малите грешки на другите. Тие можеби произлегуваат од човечката несовршеност, или можеби се дури и намерни, но не толку големи грешки. Но, кога станува збор за навреда поради некој голем грев, сосема е разбирливо жртвата да се навреди и да се налути и евентуално да одлучи да стори нешто во врска со тоа (Матеј 18:15-17).
[Слика на страница 14]
Јехова дозволил непокајничкиот Израел да биде уништен од Римјаните во 70 од н.е.
[Слика на страница 15]
„Зборови кажани во право време, се златни јаболки“