Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Помош во врска со чувствата

Помош во врска со чувствата

Помош во врска со чувствата

ДАЛИ негативните чувства од време на време управуваат со твојот живот? Дали лесно се вознемируваш, се лутиш или си незадоволен? Дали животните грижи лесно те совладуваат? Што може да ти помогне?

Емоционалните реакции се нераздвоен дел од човечкиот живот. Кога исправно се контролираат, тие му додаваат зачин на животот. Сепак, Библијата признава дека „угнетувањето ги прави мудрите — безумни“ (Проповедник 7:7). Во овој свет каде што насилството и несреќите се многу вообичаени, зарем има некој што не е емоционално погоден од она што се случува околу него? Меѓутоа, Библијата исто така вели: „Нема друга среќа за човекот освен радоста во своето дело“ (Проповедник 3:22). Затоа, за да ни биде животот поубав, треба да научиме да му се радуваме така што ќе развиваме позитивни емоции. Како можеме да развиваме позитивни емоции и да ги контролираме штетните?

Преземањето некои практични чекори честопати ја намалува силата на негативните емоции. На пример, кога сме тегобно загрижени за некои работи врз кои немаме контрола, зарем не е подобро да ги смениме рутината или амбиентот, наместо да го оптоваруваме умот со грижи? Мала прошетка, слушање смирувачка музика, малку поенергично вежбање или некое љубезно дело кон некого што има потреба, можат да ни донесат олеснување и одредена мерка среќа (Дела 20:35).

Меѓутоа, најдобар начин да ги растераме негативните мисли е да се потпреме на Творецот. Кога подолго време нѐ држат негативни мисли, треба ‚сета своја тегобна грижа да ја фрлиме на Бог‘ преку молитва (1. Петрово 5:6, 7). Библијата нѐ уверува: „Господ е близу до оние што се со скрушени срца . . . Праведникот има многу неволји, но Господ го избавува од сите“ (Псалм 34:18, 19). Како можеме да бидеме сигурни дека Бог може да биде наша ‚помош и наш спасител‘? (Псалм 40:17). Ќе се увериме во тоа ако ја проучуваме Библијата и ако размислуваме за реалните примери во неа, кои ни покажуваат дека Бог е лично заинтересиран за доброто на своите слуги.