Толкувањето на знаците е сериозна работа!
Толкувањето на знаците е сериозна работа!
„Прво си помислив дека нашиот син Андреас има обична главоболка. Но, тој го загуби апетитот и му се покачи температурата. Главоболката стануваше сѐ посилна, и тоа ме загрижи. Кога мојот сопруг се врати дома, го однесовме Андреас на лекар. Тој го прегледа и го прати право во болница. Проблемот беше многу посериозен од главоболка. Андреас имаше менингитис. Беше на лекување и наскоро пак се чувствуваше добро“ (Гертруд, мајка од Германија).
ПОВЕЌЕТО родители веројатно минале низ нешто слично. Тие ги забележуваат знаците што укажуваат дека нивното дете можеби е болно. Иако не е сериозна секоја болест, родителите не можат да си дозволат да ги игнорираат симптомите што покажуваат дека нешто не е во ред со здравјето на нивните деца. Ако се забележат знаците и ако се стори она што треба, работите може да течат многу поинаку. Да, знаците треба да се сфатат сериозно.
Освен за здравјето, ова важи и за други работи. Да го земеме примерот со катастрофата што, во декември 2004, ја предизвикаа цунамијата во подрачјата околу Индискиот Океан. Владините организации од Австралија и Хаваи забележале огромен земјотрес во северна Суматра и предвиделе дека последиците можат да бидат многу опасни. Сепак, во загрозените подрачја немало кој да прими предупредување за да ги извести луѓето, ниту, пак, соодветно да реагира на него. Како последица на тоа, повеќе од 220.000 животи беа загубени.
Знаци од многу поголемо значење
Кога бил на Земјата, Исус Христос ги поучил луѓето да ги забележуваат знаците и да постапуваат во склад со тоа. Тој зборувал за нешто од многу поголемо значење. Библијата вели: „Му пријдоа фарисеите и садукеите и, за да го искушаат, бараа од него да им покаже знак од небото. Одговарајќи, тој им рече: ‚Кога ќе се спушти вечерта, имате обичај да кажете: „Ќе биде убаво времето, зашто небото е Матеј 16:1-3).
пламеноцрвено“; и наутро: „Денес ќе биде зимно, дождливо време, зашто небото е пламеноцрвено, но темничаво“. Знаете да го толкувате изгледот на небото, но знаците на времињата не можете да ги толкувате‘“ (Со тоа што ги спомнал „знаците на времињата“, Исус дал до знаење дека еврејските слушатели од првиот век требало да бидат свесни за итноста на времињата во кои живееле. Еврејскиот систем бил пред катастрофа во која ќе биде погоден секој еден од нив. Неколку дена пред својата смрт, Исус им зборувал на своите ученици за уште еден знак — знакот на неговата присутност. Она што го кажал во таа прилика е многу важно за секој од нас денес.