Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали Ѓаволот е вистинска личност?

Дали Ѓаволот е вистинска личност?

Дали Ѓаволот е вистинска личност?

ШТО мислиш за Ѓаволот? Дали го замислуваш како вистинска личност која ги искушува луѓето да прават лоши работи или, пак, мислиш дека само го претставува злото? Дали треба да се плашиме од Ѓаволот или, пак, треба да го отфрлиме како едно суеверие или како еден митолошки, измислен лик? Дали зборот „ѓавол“ се однесува на некоја апстрактна, злобна сила во универзумот? Можно ли е тој израз да е само симбол на лошото во луѓето, како што тврдат многу денешни теолози?

Не изненадува тоа што луѓето имаат различни мислења за тоа кој е Ѓаволот. Замисли колку тешко може да биде да се открие вистинскиот идентитет на некој што многу вешто знае да се маскира! Тоа е особено случај ако е одлучен да остане скриен зад маската. Библијата го опишува Ѓаволот како таква личност. Нарекувајќи ја оваа личност Сатана, таа вели: „Самиот Сатана постојано се преобразува во ангел на светлината“ (2. Коринќаните 11:14). Иако е злобен, Ѓаволот се претставува како добар за да ги заведе другите. А ако ги наведе луѓето да поверуваат дека тој едноставно не постои, тоа уште повеќе оди во прилог на неговата намера.

Тогаш, кој е всушност Ѓаволот? Кога и како почнал да постои? Како влијае денес врз луѓето? Можеме ли да сториме нешто за да се спротивставиме на неговото влијание? Библијата ја содржи точната историја на Ѓаволот од самиот негов почеток и ни дава точни одговори на овие прашања.

[Слика на страница 3]

Колку може да биде тешко да препознаеме некој што е одлучен да остане скриен зад маска!