Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Армагедон — крај на светот?

Армагедон — крај на светот?

Армагедон — крај на светот?

АРМАГЕДОН! Дали овој збор ти создава слика на масовно уништување или на огромен пожар што ќе го проголта универзумот? Малку библиски изрази станале толку вообичаени во секојдневниот говор како што е зборот „Армагедон“. Овој збор нашироко се користи за да се опише мрачната иднина што го очекува човештвото. Индустријата за забава ја потхранува фантазијата на луѓето со ужасни сцени од претстојниот „Армагедон“. Овој збор е обвиен со мистерија и погрешно се разбира. Иако постојат многу идеи за тоа што е „Армагедон“, повеќето од нив не се во склад со она што го кажува за него Библијата — изворот на тој израз.

Бидејќи Библијата го поврзува Армагедон со „крајот на светот“, зарем нема да се согласиш дека е многу важно јасно да разбереме што значи овој збор? (Матеј 24:3, Радосна Вест). И зарем не би било разумно да се обратиме до главниот извор на вистината, Божјата реч, за да ги добиеме одговорите за тоа што е Армагедон и што ќе значи тој за тебе и за твоето семејство?

Таквото истражување ќе покаже дека, наместо да донесе катастрофален крај, Армагедон ќе биде вовед во еден среќен почеток за луѓето кои сакаат да живеат и да бидат среќни во еден праведен нов свет. Додека во следната статија ја разгледуваш дискусијата за вистинското значење на Армагедон, јасно ќе ја разбереш оваа важна библиска вистина.

[Рамка/слика на страница 3]

ШТО МИСЛИШ, ШТО Е АРМАГЕДОН?

• Нуклеарно уништување

• Еколошка катастрофа

• Судир на некое небесно тело со Земјата

• Уништување на злобните од страна на Бог