Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Добра вест за луѓето од сите нации“

„Добра вест за луѓето од сите нации“

„Добра вест за луѓето од сите нации“

ГОРЕ се гледа една брошурка која беше издадена на Обласните конгреси на Јеховините сведоци „Оди со Бог“ во 2004 година. Едно издание од неа има 32 страници, и содржи кратка порака на 29 јазици, почнувајќи од албански па до шпански, а е наменета да помогне да им се пренесе добрата вест за Царството на колку што е можно повеќе луѓе (Матеј 24:14). Следниве искуства покажуваат какви се резултатите кога се користи оваа брошурка.

• Откако ја добило брошурката на конгресот, едно семејство Сведоци посетило три национални паркови. Таму сретнале луѓе од Индија, Пакистан, Филипините и Холандија. Сопругот забележал: „Иако сите овие луѓе зборуваа по малку англиски, беа воодушевени кога им ја покажавме пораката на нивниот јазик, затоа што беа илјадници километри далеку од дома. Тоа јасно им покажа дека нашето дело е од меѓународен карактер, како и дека сме обединети“.

• Една жена Сведок му ја покажала брошурката на еден колега од Индија. Тој бил воодушевен кога видел колку јазици се опфатени во брошурката и кога ја прочитал пораката на неговиот јазик. Ова водело до уште разговори за Библијата. Една колешка од Филипините била изненадена кога го видела нејзиниот мајчин јазик во брошурката и се заинтересирала да дознае нешто повеќе за Јеховините сведоци.

• Во Канада, една госпоѓа од Непал се согласила да ја проучува Библијата со една жена Сведок преку телефон, но се двоумела да ја покани да дојде кај неа дома. Меѓутоа, кога сестрата ѝ кажала на госпоѓата за брошурката што содржи порака на непалски јазик, таа возбудено ја поканила да дојде. Едноставно морала со свои очи да ја види пораката на мајчиниот јазик! Оттогаш таа госпоѓа ја проучува Библијата во својот дом.