Ќе бидеме заштитени ако ја бараме праведноста
Ќе бидеме заштитени ако ја бараме праведноста
‚Продолжете да ја барате најнапред Божјата праведност‘ (МАТЕЈ 6:33).
1, 2. Каква одлука донела една млада христијанка, и зошто?
ЕДНА млада христијанка од Азија работела како секретарка во една државна служба. Совесно си ги извршувала задачите, навреме доаѓала на работа и не безделничела на работното место. Меѓутоа, бидејќи била вработена само привремено, дошол момент нејзината молба повторно да биде разгледана. Шефот ѝ рекол на оваа млада жена дека ќе остане на работа, па дури и ќе биде унапредена, ако има неморална врска со него. Таа веднаш ја одбила понудата, иако тоа значело дека ќе ја изгуби работата.
2 Дали оваа млада христијанка била нереална? Не, туку внимателно ги следела Исусовите зборови: ‚Продолжете да ја барате најнапред Божјата праведност‘ (Матеј 6:33). Нејзе ѝ било многу поважно да се држи за праведните начела отколку да добие нешто впуштајќи се во сексуален неморал (1. Коринќаните 6:18).
Колку е важна праведноста
3. Што е праведноста?
3 ,Праведноста‘ значи состојба на морална непорочност и чесност. Во Библијата, грчкиот и хебрејскиот збор ја пренесуваат мислата за „исправност“ или „правичност“. Не станува збор за самоправедност, просудување на себеси според сопствените мерила (Лука 16:15). Станува збор за праведност според Јеховините мерила. Се работи за Божјата праведност (Римјаните 1:17; 3:21).
4. Зошто за еден христијанин е важна праведноста?
4 Зошто е важна праведноста? Затоа што на Јехова, кој е ‚Бог на правдата‘, му е мил неговиот народ кога постапува праведно (Псалм 4:1; Пословици 2:20-22; Хабакук 1:13). Секој што постапува неправедно не може да биде близок со него (Пословици 15:8). Затоа апостол Павле го поттикнал Тимотеј: „Бегај од желбите кои ѝ се својствени на младоста, а тежнеј кон праведност“, како и кон други многу важни особини (2. Тимотеј 2:22). Од таа причина Павле го вклучил и „градниот оклоп на праведноста“ кога ги набројувал различните делови од нашата духовна опрема (Ефешаните 6:14).
5. Како можат несовршените луѓе да ја бараат праведноста?
5 Се разбира, ниеден човек не е праведен во апсолутна смисла на зборот. Сите наследуваме несовршенство од Адам, и сите сме грешни и неправедни уште од раѓање. Сепак, Исус рекол дека треба да ја бараме праведноста. Како е можно тоа? Затоа што Исус го дал својот совршен живот како откуп за нас, и ако ние покажуваме вера во таа жртва, Јехова е спремен да ни ги прости гревовите (Матеј 20:28; Јован 3:16; Римјаните 5:8, 9, 12, 18). Врз таа основа, додека учиме кои се Јеховините праведни мерила и даваме сѐ од себе да се држиме за нив — молејќи се за помош да ги надминеме нашите слабости — Јехова го прифаќа нашето обожавање (Псалм 1:6; Римјаните 7:19-25; Откровение 7:9, 14). Колку е утешно тоа!
Праведност во еден неправеден свет
6. Зошто за раните христијани светот бил опасно место?
6 Кога учениците на Исус добиле налог да му бидат сведоци „до најоддалечениот дел од земјата“, се соочиле со една тешка ситуација (Дела 1:8). Целото подрачје што им било доделено ‚лежело во власта на злобниот‘, Сатана (1. Јованово 5:19). Светот бил заразен од злобниот дух што го шири тој, а христијаните ќе биле изложени на неговото заразно влијание (Ефешаните 2:2). За нив светот бил опасно место. Само ако најнапред ја барале Божјата праведност, можеле да истрајат и да останат верни и непорочни. Повеќето од нив истрајале, но некои отстапиле од „патеката на правдата“ (Пословици 12:28; 2. Тимотеј 4:10).
7. Заради кои одговорности што ги имаат христијаните треба да се спротивстават на расипаните влијанија?
7 Дали за христијаните денес светот е побезбедно место? Никако! Тој е уште порасипан отколку што бил во првиот век. Освен тоа, Сатана е исфрлен на Земјата и води жестока војна против помазаните христијани, „преостанатите од нејзиното [на жената] семе, кои ги држат заповедите Божји и го имаат делото на сведочење за Исус“ (Откровение 12:12, 17). Сатана го напаѓа и секој оној што е на страната на тоа „семе“. Сепак, христијаните не можат да избегаат од светот. Иако не се дел од него, тие мораат да живеат во него (Јован 17:15, 16). Освен тоа, тие треба да проповедаат во него за да ги пронајдат оние што ја сакаат вистината и да ги поучат за да станат ученици на Христос (Матеј 24:14; 28:19, 20). Затоа, бидејќи христијаните не можат сосема да ги избегнат расипаните влијанија на овој свет, мораат да им се спротивстават. Да разгледаме четири такви влијанија.
Замката на неморалот
8. Зошто Израелците почнале да ги обожават боговите на Моавците?
8 Кон крајот на 40-годишното патување низ пустината, многу Израелци отстапиле од патеката на правдата. Во многу прилики со свои очи виделе како Јехова ги избавил, и наскоро требало да влезат во Ветената земја. Сепак, во тој критичен момент почнале да ги обожаваат боговите на Моавците. Зошто? Затоа што ѝ подлегнале на „желбата на телото“ (1. Јованово 2:16). Во извештајот пишува: „Народот почна да блудствува со Моавските ќерки“ (Броеви 25:1).
9, 10. Поради која ситуација денес е неопходно секогаш да имаме на ум колку можат да наштетат неисправните телесни желби?
9 Овој настан покажува дека неисправните телесни желби можат да им наштетат на невнимателните. Треба да учиме од тоа, особено затоа што неморалот насекаде се смета за нормален начин на живот (1. Коринќаните 10:6, 8). Во еден извештај од Соединетите Држави се вели: „Сѐ до отприлика 1970 година, во сите американски држави беше нелегално да се живее невенчано. Сега тоа е нормална работа. Повеќе од половина од сите први бракови започнале така“. Ваквиот и други слични навики што се показател на лабав морал не се ограничени само на една земја. Раширени се низ целиот свет, а за жал, и некои христијани се повеле по тој тренд — па дури и по цена на тоа да не бидат повеќе дел од христијанското собрание (1. Коринќаните 5:11).
10 Освен тоа, изгледа дека на секој чекор е присутна пропагандата што го поттикнува неморалот. Филмовите и телевизиските
емисии наведуваат на заклучокот дека е сосема во ред младите да имаат сексуални односи пред бракот. Хомосексуалните односи се прикажани како нешто сосема нормално. И во многу емисии се прикажуваат сѐ поотворени неморални сцени. Слики на живописно прикажан секс лесно можат да се најдат и на Интернет. На пример, еден новинар во својата редовна рубрика известил дека неговиот седумгодишен син си дошол дома од училиште и воодушевено му кажал на татка си дека некое другарче од училиштето нашло интернет-страница на која била прикажана гола жена што извршува сексуални актови. Таткото го обзел ужас, но колку ли деца нашле некоја таква страница без да им кажат на своите родители? Освен тоа, колку родители знаат какви се видеоигрите на нивните деца? Во многу популарни игри се прикажува гнасен неморал, како и демонизам и насилство.11. Како може едно семејство да се заштити од неморалот во светот?
11 Како може едно семејство да се спротивстави на таквата расипана „забава“? Ако најнапред ја бара Божјата праведност и не дозволи да се вплетка во што и да е неморално (2. Коринќаните 6:14; Ефешаните 5:3). Родителите што на исправен начин будно внимаваат што прават нивните деца, всадуваат во нив љубов кон Јехова, а неговите праведни закони ги зајакнуваат да не подлегнат на порнографијата, порнографските видеоигри, неморалните филмови и други искушенија да постапат неправедно (Второзаконие 6:4-9). *
Опасниот притисок од околината
12. Кој проблем се појавил во првиот век?
12 Кога Павле бил во Листра, во Мала Азија, со чудо излекувал еден човек. Извештајот ни кажува: „Мноштвото, кога виде што направи Павле, го подигна својот глас, зборувајќи на ликаонски јазик: ‚Боговите станаа како луѓе и слегоа при нас!‘ И Варнава почнаа да го викаат Зевс, а Павле Хермес, зашто тој ја водеше речта“ (Дела 14:11, 12). Подоцна, истите тие мноштва сакале да ги убијат Павле и Варнава (Дела 14:19). Очигледно, тие луѓе лесно подлегнувале на притисокот од околината. Изгледа дека, кога некои од тој крај станале христијани, не ја изгубиле склоноста кон суеверие. Во своето писмо до христијаните во Колоси, Павле ги опоменал да не почнат со „обожавање ангели“ (Колошаните 2:18).
13. Со кои обичаи треба да расчистат христијаните, и како можеме да најдеме сили да го направиме тоа?
13 И денес вистинските христијани треба да расчистат со општо прифатените обичаи кои се темелат на лажни религиозни идеи што ги прекршуваат христијанските начела. На пример, во некои земји, многу обичаи и обреди поврзани со раѓањето и смртта се темелат на лагата дека во себе имаме некаков дух што продолжува да живее по смртта (Проповедник 9:5, 10). Има земји во кои е обичај малите девојчиња да се обрежуваат. Тоа е суров, непотребен обичај што не е во склад со љубовта и грижата што христијанските родители се должни да им ја посветат на своите деца (Второзаконие 6:6, 7; Ефешаните 6:4). Како можат христијаните да одолеат на притисокот од околината и да престанат со таквите обичаи? Така што ќе имаат целосна доверба во Јехова (Псалм 31:6). Праведниот Бог ќе ги зајакне и ќе се грижи за оние што од сѐ срце му велат: „Прибежиште мое! Тврдино моја! Боже мој, на Кого се надевам!“ (Псалм 91:2; Пословици 29:25).
Не заборавај го Јехова
14. На што ги опоменал Јехова Израелците кратко пред да влезат во Ветената земја?
14 Кратко време пред Израелците да влезат во Ветената земја, Јехова ги опоменал да не го заборават. Тој рекол: „Внимавај да не Го заборавиш Господа, својот Бог, занемарувајќи ги Неговите заповеди, неговите одредби и неговите закони што ти ги давам денес. И откако ќе се најадеш до ситост, откако ќе изградиш убави куќи и ќе се населиш во нив; кога крупниот и ситниот добиток ќе ти се намножи; кога ќе насобереш сребро и злато, и кога сѐ твое ќе напредува, тогаш немој да се воздигне твоето срце и да Го заборавиш Господа, својот Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството“ (Второзаконие 8:11-14).
15. Како можеме да се увериме дека не го забораваме Јехова?
15 Би можело ли и денес да се случи нешто слично? Да, ако на прво место во животот не ги ставиме исправните работи. Меѓутоа, ако најнапред ја бараме Божјата праведност, чистото обожавање ќе ни биде најважно во животот. Како што нѐ охрабрил Павле, ќе ‚си го откупуваме поволното време‘ и службата ќе ја извршуваме со чувство на итност (Колошаните 4:5; 2. Тимотеј 4:2). Но, ако присуството на состаноците и службата на проповедање не ни се толку важни како одморот или забавата, би можеле да го заборавиме Јехова во таа смисла што ќе ни биде на второ место во животот. Павле рекол дека во последните денови луѓето ќе бидат „љубители на уживања наместо љубители на Бог“ (2. Тимотеј 3:4). Вистинските христијани постојано се преиспитуваат за да се уверат дека врз нив не влијае таквото размислување (2. Коринќаните 13:5).
Чувај се од духот на независност
16. Каков неисправен дух покажале Ева и некои христијани што живееле во времето на Павле?
16 Во Еден, Сатана успешно ја искористил себичната желба на Ева да биде независна. Ева сакала сама да донесува одлуки во врска со тоа што е добро а што е лошо (Битие 3:1-6). Во првиот век, некои од собранието во Коринт покажале сличен дух на независност. Тие мислеле дека знаат многу повеќе од Павле, и тој саркастично ги нарекол супер апостоли (2. Коринќаните 11:3-5; 1. Тимотеј 6:3-5).
17. Како можеме да спречиме во нас да се роди дух на независност?
17 Во денешниов свет, многу луѓе се „своеглави, надуени од гордост“, па таквиот начин на размислување влијаел и врз 2. Тимотеј 3:4; Филипјаните 3:18). Кога станува збор за чистото обожавање, многу е битно да бараме водство од Јехова и да соработуваме со „верниот и разборит роб“ и со собраниските старешини. Тоа е еден начин на кој ја бараме праведноста, и нѐ штити од тоа во нас да се роди дух на независност (Матеј 24:45-47; Псалм 25:9, 10; Исаија 30:21). Собранието од помазаниците е „столб и потпора на вистината“. Јехова ни го дал за да нѐ штити и да нѐ води (1. Тимотеј 3:15). Тоа што ќе ја сфатиме неговата многу важна улога ќе ни помогне ‚да не правиме ништо од егоизам‘ додека понизно се подложуваме на Јеховината праведна волја (Филипјаните 2:2-4; Пословици 3:4-6).
некои христијани. Некои станале дури и противници на вистината (Бидете како Исус
18. Во кои работи сме охрабрени да бидеме како Исус?
18 Во едно пророштво за Исус, Библијата вели: „Ти ја љубиш правдата, а го мразиш беззаконието“ (Псалм 45:7; Евреите 1:9). Колку убав став што треба да го имаме и ние! (1. Коринќаните 11:1). Исус не само што ги знаел Јеховините праведни мерила, туку и ги сакал. Затоа, кога Сатана го искушувал во пустината, Исус одлучно и цврсто одбил да застрани од „патот на правдата“ (Пословици 8:20; Матеј 4:3-11).
19, 20. Какво добро произлегува кога ја бараме праведноста?
19 Точно е дека неисправните желби на телото можат да бидат силни (Римјаните 7:19, 20). Сепак, ако ни е скапоцена праведноста, ќе бидеме зајакнати да не направиме нешто лошо (Псалм 119:165). Длабоката љубов кон праведноста ќе нѐ заштити кога ќе се најдеме во искушение да направиме нешто погрешно (Пословици 4:4-6). Не заборавај, секогаш кога ќе подлегнеме на некое искушение, Сатана е победник. Многу е подобро да му се спротивставиме и тогаш победата ќе му припаѓа на Јехова! (Пословици 27:11; Јаков 4:7, 8).
20 Бидејќи ја бараат праведноста, вистинските христијани се „исполнети со праведен плод кој доаѓа преку Исус Христос, на Божја слава и фалба“ (Филипјаните 1:10, 11). Ја облекуваат „новата личност која е создадена по Божја волја во вистинска праведност и лојалност“ (Ефешаните 4:24). Тие му припаѓаат на Јехова и живеат за да му служат нему, а не за да си угодуваат себеси (Римјаните 14:8; 1. Петрово 4:2). По тоа се водат нивните мисли и постапки. Колку ли го радуваат срцето на својот небесен Татко! (Пословици 23:24).
[Фуснота]
^ пас. 11 Корисни предлози за тоа како родителите да го заштитат семејството од неморалните влијанија има во книгата Тајната на семејната среќа, издадена од Јеховините сведоци.
Можеш ли да објасниш?
• Зошто е многу важно да ја бараме праведноста?
• Како може еден несовршен христијанин да ја бара праведноста?
• Со кои работи во светот мора да расчисти еден христијанин?
• Како нѐ штити тоа што ја бараме праведноста?
[Прашања]
[Слика на страница 26]
За Исусовите следбеници светот бил опасно место
[Слика на страница 27]
Децата што се поучени да го сакаат Јехова ќе бидат зајакнати да не подлегнат на неморалот
[Слика на страница 28]
Некои Израелци го заборавиле Јехова откако убаво им тргнало во Ветената земја
[Слика на страница 29]
Исто како Исус, христијаните ја мразат неправедноста