Како доброто ќе го победи злото
Како доброто ќе го победи злото
Цар Давид бил добар човек. Чувствувал длабока љубов кон Бог, ја сакал правдата, и љубезно се грижел за понижените. Сепак, истиот тој добар цар извршил прељуба со жената на еден од неговите доверливи луѓе. Откако дознал дека жената, Витсавеа, е бремена од него, го организирал убиството на нејзиниот сопруг. Потоа се оженил со Витсавеа за да го скрие своето злосторство (2. Самоилова 11:1-27).
ЈАСНО е дека луѓето можат да прават многу добри дела. Тогаш зошто се одговорни и за толку многу зло? Библијата открива неколку основни причини. Исто така открива како Бог, преку Исус Христос, ќе го уништи злото еднаш засекогаш.
Склоност кон зло
Самиот цар Давид кажал една причина поради која луѓето прават лоши работи. Откако биле разоткриени неговите престапи, тој ја прифатил целата одговорност за своите постапки. Потоа покајнички напишал: „Еве, грешен сум веќе роден, во грев ме зачна мојата мајка“ (Псалм 51:5). Бог никогаш немал намера мајките да раѓаат деца кои ќе грешат. Меѓутоа, кога Ева, а потоа и Адам, избрале да се побунат против Бог, ја изгубиле способноста да раѓаат безгрешни деца (Римјаните 5:12). Како што се зголемувал бројот на несовршеното човештво, станувало сѐ поочигледно дека луѓето се склони да постапуваат лошо, затоа што во Битие 8:21 пишува: „Човечките мисли се лоши од неговиот почеток“.
Ако не се контролира, оваа склоност да се прави лошо води до „блуд . . . непријателства, кавги, љубомора, изливи на Галатите 5:19-21). Цар Давид попуштил на телесна слабост и извршил блуд, а тоа му донело проблеми и насилство (2. Самоилова 12:1-12). Тој можел да ѝ се спротивстави на својата склоност кон неморал. Наместо тоа, Давид продолжил да размислува за Витсавеа и да ја посакува, па затоа му се случило она што подоцна го опишал ученикот Јаков: „Секој е искушуван со тоа што неговата сопствена желба го одвлекува и мами. Тогаш желбата, кога станува плодна, раѓа грев; а гревот, пак, кога е извршен, донесува смрт“ (Јаков 1:14, 15).
гнев, препирки, поделби, секти, зависти“ и друго штетно однесување кое Библијата го опишува како „дела на телото“ (Масовните убиства, силувањата и ограбувањата спомнати во претходната статија, се екстремни примери за тоа што се случува кога луѓето дозволуваат погрешните желби да управуваат со нивните постапки.
Незнаењето — причина за зло
Искуството на апостол Павле ја истакнува втората причина зошто луѓето прават зли работи. Кон крајот на својот живот, Павле бил познат како љубезен, срдечен човек. Несебично се давал себе си во службата за своите христијански браќа и сестри (1. Солуњаните 2:7-9). Но порано, кога бил познат по името Савле, тој ‚дишел со закана и убиство‘ против истите овие луѓе (Дела 9:1, 2). Зошто Павле ги поддржувал и учествувал во злите дела извршени против раните христијани? „Бев во незнаење“ вели тој (1. Тимотеј 1:13). Да, порано Павле имал „ревност за Бог; но не според точно спознание“ (Римјаните 10:2).
Слично како Павле, многу добри луѓе правеле злобни работи затоа што не ја знаеле Божјата волја. На пример, Исус ги предупредил своите следбеници: „Доаѓа часот кога секој кој ве убива ќе мисли дека му врши света служба на Бог“ (Јован 16:2). Денешните Сведоци на Јехова ја искусуваат вистинитоста на Исусовите зборови. Во многу земји тие биле прогонувани, па дури и убивани од луѓе кои тврделе дека му служат на Бог. Очигледно, таквата погрешно упатена ревност не му е угодна на вистинскиот Бог (1. Солуњаните 1:6).
Зачетникот на злото
Исус ја открил основната причина поради која постои злото. Обраќајќи им се на религиозните водачи кои сакале да го убијат, тој рекол: „Вие сте од вашиот татко, Ѓаволот, и сакате да ги вршите желбите на вашиот татко. Тој беше човекоубиец кога почна“ (Јован 8:44). Сатана од себични причини ги навел Адам и Ева да се побунат против Бог. Од таа побуна произлегол гревот — а со тоа и смртта — за сето човештво.
Склоноста на Сатана да убива станала очигледна во начинот на кој постапил со Јов. Кога Јехова му дозволил да ги испита верата и беспрекорноста на Јов, Сатана не се задоволил само со тоа да му го одземе имотот. Ја предизвикал и смртта на неговите десет деца (Јов 1:9-19). Во минатиот век човештвото доживеало наплив од злоба, поради човечката несовршеност и незнаење и како резултат на тоа што Сатана сѐ повеќе се меша во човечките работи. Библијата открива дека Ѓаволот бил ‚исфрлен долу на земјата, и неговите ангели биле исфрлени со него‘. Истото пророштво точно претскажало дека ќе ѝ биде „тешко на земјата“ како никогаш порано, затоа што влијанието на Сатана ќе биде ограничено. Иако Сатана не може да ги присили луѓето да прават лоши работи, тој мајсторски „ја заведува целата населена земја“ (Откровение 12:9, 12).
Да се искорени склоноста кон злоба
За да го снема злото од човечкото општество еднаш засекогаш, мора да се искоренат вродената склоност на човекот кон зло, незнаењето и влијанието на Сатана. Прво, како може да се искорени вродената склоност кон грев од срцето на човекот?
Не постои хирург, ниту, пак, човекот измислил лек што би можел да го постигне тоа. Сепак, Јехова Бог обезбедил лек за наследениот грев и несовршеноста за сите оние што се спремни да го земат. Апостол Јован напишал: „Крвта на Исус, . . . нѐ исчистува од секаков грев“ (1. Јованово 1:7). Кога совршениот човек Исус доброволно го дал својот живот, тој ‚ги понел на столбот нашите гревови, за да прекинеме со гревовите и да живееме за праведноста‘ (1. Петрово 2:24). Исусовата жртвена смрт би го отстранила влијанието на сето зло што ни го донел Адам. Павле рекол дека Христос Исус станал „соодветна откупнина за сите“ (1. Тимотеј 2:6). Да, Христовата смрт му дала можност на сето човештво повторно да ја добие совршеноста што ја изгубил Адам.
Сепак, можеби ќе помислиш: „Но, Исус умрел пред околу 2000 години. Ако со тоа му овозможил на човештвото повторно да ја добие совршеноста, тогаш зошто сѐ уште постојат злото и смртта?“ Доколку најдеме одговор на тоа прашање, ќе можеме да ја отстраниме и втората причина за злото — човекот не ги знае намерите на Бог.
Знаењето дава сила за добри дела
Ако еден чесен човек дознае што прават сега Јехова и Исус за да го искоренат злото, тоа може да го спречи несвесно да одобрува зли дела, или да прави нешто уште полошо — да стане борец „против самиот Бог“ (Дела 5:38, 39). Јехова Бог спремно ги простува грешките од минатото кои сме ги направиле од незнаење. Во говорот што го одржал во Атина, апостол Павле рекол: „Бог не гледаше на времињата на таквото незнаење, но сега му кажува на човештвото, сите насекаде да се покаат. Зашто определил ден во кој има намера да ѝ суди на целата населена земја во праведност преку човек кого го одредил, и им даде гаранција на сите луѓе со тоа што го воскресна од мртвите“ (Дела 17:30, 31).
Павле од лично искуство знаел дека Исус бил воскреснат од мртвите, затоа што лично Исус, откако воскреснал, му зборувал и го спречил да не ги прогонува раните христијани (Дела 9:3-7). Веднаш штом ја дознал вистината за Божјите намери, Павле се променил и станал вистински добра личност која го следи примерот на Христос (1. Коринќаните 11:1; Колошаните 3:9, 10). Освен тоа, Павле ревносно ја проповедал „оваа добра вест за царството“ (Матеј 24:14). Во текот на овие речиси 2.000 години откако умрел и воскреснал, Исус ги избрал од луѓето оние кои, како и Павле, ќе владеат со него во неговото Царство (Откровени 5:9, 10).
Во текот на минатиот век па сѐ до денес, Јеховините сведоци ревносно ја извршуваат Исусовата заповед: „Одете и правете ученици од луѓето од сите нации, крштавајќи ги во името на Таткото и на Синот и на светиот дух, учејќи ги да држат сѐ што ви заповедав“ (Матеј 28:19, 20). Оние што реагираат на оваа порака имаат изглед да живеат засекогаш на Земјата под небесната влада на чело со Исус Христос. Исус рекол: „Ова значи вечен живот, да примаат спознание за тебе, единствениот вистински Бог, и за оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3). Да помогнеме некому да го дознае ова е најголемото добро што можеме да му го направиме.
Оние што ја прифаќаат оваа добра вест за Царството покажуваат особини како што се „љубов, радост, мир, долготрпеливост, љубезност, доброта, вера, благост, самосовладување“ и покрај сето зло што е околу нив (Галатите 5:22, 23). По примерот на Исус, тие никому ‚не враќаат зло за зло‘ (Римјаните 12:17). Секој од нив се труди да го ‚надвладее злото со добро‘ (Римјаните 12:21; Матеј 5:44).
Конечната победа над злото
Луѓето никогаш нема да бидат способни самите да го победат главниот зачетник на злото, Сатана Ѓаволот. Но, наскоро Јехова ќе го употреби Исус да му ја сотре главата на Сатана (Битие 3:15; Римјаните 16:20). Јехова исто така ќе му нареди на Христос Исус за да ги „разбие и уништи“ сите политички системи, од кои многу извршиле толку големо зло низ историјата (Даниел 2:44; Проповедник 8:9). Во текот на овој претстоен ден на суд, сите оние што „не се послушни на добрата вест за нашиот Господ Исус . . . ќе претрпат судска казна на вечно уништување“ (2. Солуњаните 1:8, 9; Софонија 1:14-18).
Штом ќе бидат отстранети Сатана и оние што го поддржуваат, Исус од небото ќе им помогне на преживеаните да ја обноват Земјата во нејзината првобитна состојба. Христос исто така ќе ги воскресне сите оние што се достојни за можноста да живеат на обновената Земја (Лука 23:32, 39-43; Јован 5:26-29). Со тоа ќе отстрани некои од последиците од злото што ги трпело човештвото.
Јехова нема да ги присилува луѓето да ѝ бидат послушни на добрата вест за Исус. Меѓутоа, тој им дава можност на луѓето да ја дознаат вистината за него и со тоа да добијат живот. Многу е важно сега да ја искористиш оваа можност! (Софонија 2:2, 3). Ако го направиш тоа, ќе научиш како да се справиш со сите лоши работи што ти го отежнуваат животот. Исто така, ќе видиш како Христос ќе ја извојува конечната победа над злото (Откровение 19:11-16; 20:1-3, 10; 21:3, 4).
[Слика на страница 5]
Злосторствата на Савле биле простени затоа што ги направил во незнаење
[Слика на страница 7]
Да помогнеме некому да ја дознае вистината за Бог е најголемото добро што можеме да му го направиме