Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Научи да уживаш во длабокото размислување

Научи да уживаш во длабокото размислување

Научи да уживаш во длабокото размислување

ЗА НЕКОИ, мачна е и самата помисла длабоко да размислуваат. За нив тоа е само една напорна задача што бара силна концентрација. Тие може да чувствуваат и вина што пропуштаат длабоко да размислуваат, особено кога читаат колку е важно да се прави тоа (Филипјаните 4:8). Сепак, да се задлабочиме со мислите во она што сме го научиле за Јехова, неговите прекрасни особини, неверојатните работи што ги направил, неговите барања и во неговата величествена намера може, а и треба да е нешто во што ќе уживаме. Зошто?

Јехова Бог е Врховен Владетел на универзумот и е постојано зафатен околу исполнувањето на неговата прекрасна намера (Јован 5:17). Но, и покрај тоа, тој се грижи за неизговорените мисли на секој негов обожавател. Псалмистот Давид го знаел ова и, инспириран од Бог, напишал: „Господи, ме согледуваш целиот и ме познаваш, ти знаеш кога седнувам и кога станувам, веќе оддалеку ги знаеш моите мисли“ (Псалм 139:1, 2).

Овие зборови на псалмистот отпрвин може некому да му звучат обесхрабрувачки. Може да си помисли: ‚Значи, иако Бог нѐ гледа „оддалеку“, тој ја забележува секоја лоша мисла што ми доаѓа на ум‘. Се разбира, добро е да сме свесни за ова. Тоа може да ни помогне да се бориме против погрешните мисли и, кога навистина имаме такви мисли, да си ја признаеме грешката пред Бог, уверени дека ќе ни прости на темел на нашата вера во откупната жртва на Исус (1. Јованово 1:8, 9; 2:1, 2). Но, истовремено треба да сме свесни дека Јехова нѐ испитува во позитивна смисла. Тој обрнува внимание кога со ценење размислуваме за него.

Можеби ќе прашаш: „Дали Јехова навистина ги забележува сите добри мисли на милионите свои обожаватели?“ Без сомнение. Исус покажал колку е заинтересиран Јехова за нас кога рекол дека Јехова ги забележува дури и малите врапчиња, и потоа додал: „Не плашете се; вие вредите повеќе од многу врапчиња“ (Лука 12:6, 7). Врапчињата не можат да размислуваат за Јехова. Значи, ако тој се грижи за нив, колку повеќе мора да се грижи за нас и колкаво задоволство мора да му причинува кога, секој од нас, размислува за него! Да, како Давид, и ние можеме со доверба да молиме: ‚Зборовите на мојата уста и размислувањата на моето срце, нека бидат угодни пред Тебе, Господи, Тврдино моја и Избавителу мој‘ (Псалм 19:14).

Уште еден доказ дека Јехова навистина се интересира за она за што размислуваат неговите верни обожаватели се наоѓа во инспирираните зборови на пророкот Малахија. Зборувајќи за нашево време, тој прорекол: „Но кога разговараат оние, кои се плашат од Бога, Господ внимава, ги слуша и тоа се запишува пред Него во Спомен книгата во полза на оние, кои се бојат од Господа и кои го почитуваат [размислуваат за, NW ] Неговото име“ (Малахија 3:16). Тоа што ќе бидеме свесни дека Јехова постојано „внимава“ кога размислуваме за него може да ни го направи размислувањето за Бог вистинско уживање. Затоа, и ние да кажеме како и псалмистот: „Ќе размислувам за сите Твои дела, ќе ги разгледувам сите твои силни подвизи“ (Псалм 77:12, Радосна Вест).